Во ред, во ред грешка, не сме се разбрале. Инаку општо целиот еструс (период) им трае 3 недели, е сега јас колку што знам крварењето е со различно некогаш повеќе некогаш помалку во тој цел период. Женско кученце чував само едно и тоа во двор, доста краток период, а беше и мало така да поточно ќе ти одговори некој што има дома кученце. Инаку по 100 пати предлагам ако не планираш да ја париш тогаш однеси ја на стерилизација, и јас бев ептен скептик ама од кога ја однесов мојата мачка сфатив дека апсолутно е за нив подобро, доколку нели ти претставува проблем да ги чуваш нејзините кученца или ако немаш каде да ги подариш/продадеш.
Дефинитивно стерилизацијата/кастрацијата е добра за мачињата и кучињата, јас планирам сега мојот мачор да го кастрирам пошо го чувам во двор..., па кога ќе дојде периодот за парење ќе си бара женка и ќе ми избега (знам од искуство), така да одлична варијанта е да се стерилизира доколку немаме можност да чуваме повеќе кучиња или мачиња или пак сакаме само едно животинче
Болно домашно милениче Моето кученце е болно има жлезда го мачкаме со една маст и се молам да му помине а ако не му помине ќе мора операција да го прават
Имам едно прашање за вас...чувам маче кое е старо веќе 5 месеци, но еве 2 дена го нема. Ми кажаа дека мачките така прават кога им е периодот за парење и потоа се враќаат дома, може да помине и 1 недела, па тогаш да се вратат...дали е навистина така? Го барав, никаде го нема...
Не грижи се, ќе се врати. И јас имам мачор кој го снемува и по цели недели но се враќа дома ослабнат и не може да се изнаспие.
Па вистина е тоа, ама можно е и да не се вратат...за жал Не знам дали имаш мачка или мачор, но јас до сега што сум чувала, мачорите ми бегале, а мачките не, седеле многу подолго. Сум имала многу машки мачиња и сите ми бегале, не сум исчувала мачор повеќе од 1 год. Сега чувам мачор и е стар година ипол, а го чувам скоро година дена, планирам што поскоро да го кастрирам, за негово добро е тоа. Би ти препорачала и ти да почнеш ваков потег, имам наведено на претходниот пост за кастрацијата, да не се повторувам...Ама не се секирај, може ќе се врати, имај надеж
Значи станува збор за мачка. Кога ја најдов во двор кај мене имаше околу месец отприлика. Од тогаш постојано е кај мене, не одеше на улица за да може некој да ја прегази, единствено одеше во двор и сакаше да спие на првиот спрат (од куќата, живеам во куќа) каде што имаше еден душек, и постојано беше горе било за јадење, играње... Тоа со парењето ми го кажа братучетка која цел живот чува мачки, ми кажа пред некое време одлучиле две од мачките да однесат во нивната викендица која е 20 км далеку од кај нив и за 10 дена се вратиле,па малку се смирив...се надевам дека ќе се врати. Дома незнаат што да прават со мене...вчера цело време сум плачела, а цела ноќ око немам склопено...стварно се приврзав за мачето и многу ми недостига
Сфаќам како ти е, исто и јас цел живот чувам мачки и сигурна сум во тоа што ти го кажувам, исто и јас лесно се приврзувам за животни, така да не се секирај, ако дојде дојде, така требало да биде, ако не тогаш вдоми си ново маченце
Имам голем проблем Имав пет малечки маченца (чија мајка ја прегазија ) и еден голем мачор, една година стар, кој е нивен брат Од петте ми останаа уште две, другите ги подарив, но сега овие две кои се речиси три месеца стари, останаа кај мене. Проблемот е тоа што не се согласуваат со мојот Мишко (големиот мачор ) воопшто! Тие се обидуваат да му се доближат но тој бега од нив како преплашен! понекогаш кога ќе му се доближат им грчи, ги удира со предната шепа го главче (буквално) но малку, како да сака да ги уплаши. Многу се плашам да не дојде до ситуација да ги повреди, иако не верувам, тоа е многу паметен мачор. Подеднакво ги сакам и Мишко и Сем и Куки. Aко имате некаков совет, како можам да ги зближам, да не се како непријатели Дали некоја феминка имала сличен случај???
И повторно јас со советиве Мелоди јас сум немала ваков случај, туку сум имала кога на мојот мачор му се доближиле маченца од недела дена (што не се негови братчиња/сестричиња), а тој не реагира. т.е. ги мириснал па си се повлекол. Е сега, тоа што твојот мачор не ги сака малечките, сметам дека на него тоа му пречи поради тоа што тој е поголем и е голема разлика во години со нив и дека тој веќе си ја има својата територија, негова си е па не прифаќа други. Не се плаши, нема да дојде до поголем конфликт помеѓу нив, чим Мишко е паметен. Мојот совет е доколку сакаш да ги вдомиш некаде мачињата слободно вдоми ги (за нивно добро), во спротивно не ги спријателувај со сила, може Мишко ќе се сожали и ќе ги прифати Сем и Куки, се со текот на времето Не се секирај...
Да, и мачките и мачорите кога ќе им дојде период на парење бегаат од домовите во потрага по партнер. Мачките поретко бегаат, али мачорите обавезно бегаат за парење. До кај 5-6 месеци нема проблем, али после 6 месеци почнуваат да им работат хормоните и да им се појавува нагон за парење на мачорите, па затоа е речиси невозможно мачорот да го задржиш дома. Добри совети ти дадоа феминките, најдобра опција доколку сакаш да не ти бега мачето е да го кастрираш/стерилизираш. Бидејќи со самата кастрација/стерилизација доаѓа до промена во организмот и мачорот/мачката повеќе не чувствува потреба за парење, па со тоа и ќе се спречи бегањето од дома во потрага по партнер. Да, обично се враќаат по неколку дена (понекогаш се случува да ги снема и по 3-4 недели) но воглавном секогаш се враќаат дома. Но за жал се случува и да доживеат несреќа, на пример да ги згази кола и сл. и за жал повеќе никогаш не се враќаат. Дајбоже да се врати твоето маченце живо и здраво, и после одма другиот ден однеси го на кастрација/стерилизација.
Потполно те разбирам, зошто истото ова ми се случи со мојот мачор. Имаше 7 месеци и околу Нова година го однема, абе никаде не можевме да го најдеме. После недела ипол дојде целиот испогребан, прљав и ослабен. Се најаде и пак отиде во поход по мачки. Не можеш да го задржиш, нон стоп вика за надвор. Се врати после 2 дена, и од тогаш секоја година го нема во сезона за парење, кога по 2-3 дена кога недела до две и така
Порано чував маченца и едно беше околу 3-4 месеци кога исчезна, помисливме дека некој го отрул или го згазил, ама се врати после 2-3 недели, се најаде и после 2-3 дена пак исчезна, ама за пократок рок.
А зошто мачорот не го однесеш на кастрација? Откога ќе се кастрира, многу ќе се смири и ќе престане да бега од дома. Јас мојот мачор го чувам дома во стан (на 4_ти спрат) и никогаш досега нема искочено надвор, дури и страв му е да искочи надвор, неколку пати сум ја оставила влезната врата од станот ширум отворена за да видам дали ќе искочи во влез, али неќе да чуе да искочи надвор од станот. А кога би живеела во куќа и кога во дворот би чувала мачиња, обавезно би ги однела на кастрација бидејќи нејќам да доживувам стресови и да неспијам со ноќи мислејќи дали ќе ми се врати мачето и што му се случува додека не е дома.
Mене мачорот ми го немаше 8 месеци, мислевме дека е умрен, вчера се врати, во несвест ќе падневме, не ни се веруваше, многу е изменет, здебелен, ама денес глеам пак го нема, дојде да не види, влезе дома легна на тепихот, малце се погали со татко ми, и го снема пак, појма немам кај иде и шо праи
8 месеци Секоја чест за мачорот штом се вратил по 8 месеци Јас досега сум чула највише по 2/3 месеци да ги нема и после да се вратат, али 8 месеци првпат слушам.
да бре толку долго го немаше некаде од лани февруари-март, до сега, јас го видов пред 1 месец тука се врткаше ама не го познав... многу е изменет, ама вчера дојде кај мене во двор, влезе на кратко во ходник, кучкава моја ко луда беше кога го виде, сигурно го препозна, нема кој да е друг, тој е 99.9% сум сигурна само не знам многу ми е поправен на фаца Kако така не знам A инаку има 6 години мачоров, имам и друг мачор тој е некаде 10тина години, ама цел живот е тука, никогаш не го снемало на подолго од 3 дена да речеме ... A најмалото мате ми е неколку месеци, и си го сакам највеќе
Леле знаеш колку се мислев да го носам да го кастрирам, ама на крај ме разубедија и не го однесов. И жал ми беше. А за потресување не ми збори Јас сум многу поврзана со мачорот мој, ептен маза ми е, како бебе го третирам, кога го нема се потресувам, паничам, све ми проаѓа низ главата. Една Нова година едвај ја пројдов, тогаш баш знам првпат го однема. Сега малку навикнав и обично кога му е сезона го нема по неколку дена, некогаш и недела дена. Ама пак онака пусто ми е, абе се навикнав нон стоп околу мене да е. Па незнам ќе видам, може и да одлучам да го кастрирам иако и од тоа ме фаќа паника. Само ќе треба да го носам во Скопје, зошто во овие ветеринари овде немам поверење ич
Они те разубедиле, ама сега јас тебе ќе те убедам да го однесеш на кастрација Значи еве мојот одговор ќе го поткрепам со факти: Кога ќе се изврши кастрација (кај мажјак) односно стерилизација (кај женка) се случува промена во организмот, со тоа што хормоните за парење повеќе не постојат и мачките повеќе не чувствуваат потреба за парење. Со самото тоа што мачката повеќе не чувствува потреба за парење, тоа значи дека и нема потреба да бара партнер за парење. А нели на сите ни е јасно зошто мачките бегаат од домовите (причината е барање на партнер за парење). Е сега кога веќе мачката ќе нема потреба за парење и барање партнер, тогаш ќе нема ни потреба да бега од дома во потрага по партнер. Значи со самото извршување на кастрацијата, никогаш повеќе мачката нема да избега од дома. Плус тоа кастрацијата е безболна бидејќи се врши под анастезија и нема никаков ризик по животот на мачата, кастрацијата не е тешка операција, туку кастрацијата е лесен и безболен зафат. Мислам дека многу подобро е кастриран мачор кој што никогаш нема да бега од дома, отколку некастриран мачор кој што постојано ќе бега од дома во потрага по мачки. И плус тоа со самата кастрација со тоа што повеќе нема да бега од дома го заштитуваш од можна смрт, како на пример да го згази кола, да го удави некое куче и сл. Исто така кастрацијата спречува многу болести, како на пример тумор и сл.
Добар совет ти дала и Доберман, ќе ти го кажам и јас истиот: однеси го на ветеринар да ти го кастрираат мачорот! За негово добро е. И мене ми беше жал, али веќе не ми е, така да остави ја твојата жал позади тебе и стори го тоа, те уверувам дека нема да зажалиш...