1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Krofnicka678

    Krofnicka678 Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ke moze da mi kazes kakvi vitamini koristis i kakva hrana ? Moeto ne saka nikako granuli da jade ... nikako ne mozam da go naviknam , po 2 dena nisto ne mu davam drugo i ne jade od granulite .. Help
     
  2. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Пробајте за почеток кучешката храна да му ја мешате со мевце или потопете му ја во течноста од пример варено месо за да почне да ги јаде и зрнцата. Или сварете коски и со течноста потопете ги зрнцата. Или ќе му ги помешате со некое негово омилено јадење додека се научи да ги јаде. Мора да го храните и со кучешка храна, не само за миризбата него и за неговото здравје бидејќи преку кучешката храна ги прима и потребните витамини и минерали што им се потребни. Јас немам големо куче и неможам да ви препорачам која храна да ја земете, но консултирајте ветеринар нека ви посочи за возраста која храна да ја внесува. Поздрав:)
     
    На Krofnicka678 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Krofnicka678

    Krofnicka678 Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Vo red , ke probam taka. Fala mnogu

    Pozdrav
     
  4. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Какво големо куче имаш?
     
    На Krofnicka678 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Krofnicka678

    Krofnicka678 Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Zlaten retriver
     
  6. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Зависи колку е стар, пробај со некоја од храните на Еукануба, Ројал канин, јас сум задоволна и од Sam’s Field, Josera…зависи колку си спремна месечно да одвојуваш. Поефтина варијанта ти е Darling на Пурина, ја има по маркетиве околу 1300 ден е вреќата. Витамини Кафортан особено ако е младо и друго што му треба по препорака на ветеринар.
    За да ја јаде храната ете ти даде насоки членката погоре. Кучето мириса зашто јаде готвено. Одвикни го од тоа, нека јаде само кучешка храна ќе видиш разлика. Крзното ќе му сјае, преубаво ќе биде. Башка и здраво.
     
    На Krofnicka678 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Krofnicka678

    Krofnicka678 Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Фала многу за секој совет и препорака, ќе применам се што ми кажавте и се надевам ќе биде во ред. Ќе се консултирам и со ветеринарот околу витамините. Ви благодарам уште еднаш.
    Поздрав
     
    На Сара Лав и СуперДевојка им се допаѓа ова.
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ние сме исто со златен ретривер во стан, никогаш не мирисало сите ги прашував јас ова на почетокот кога ни доаѓаа на гости. За храна, од Јосера сме презадоволни, на почетокот пробувавме други ама нас они најмногу ни се погодија. Плус ти доставуваат вреќа до дома, нема галје. За витамини, ние и даваме комплекс посебен зашто има дисплазија на колкови а иначе во храната и ставаме маслиново масло (секој ден по една лажица) плус и правиме по дома награди замрзнат желатин со јогурт, нешто овошје и сл. и тоа го зема дневно. Крзното и е премеко, миризба никаква. Ветеринарот од почеток ни рече немојте со готвена зашто ако се навикне на тоа, нема да јаде после грицки. И плус далеку поедноставно е со грицки и раат сме дека зема се што треба. Ако сака јогурт можете да пробате во малку јогурт да ги потопите.

    За нејадење, нашата малку драматизирала кога и почна циклусот. Кај златен ретривер, кај размазена, излезе дека не сакала сама да јаде во кујна каде што и е тањирот :|:|:|. Ако има некој до неа или надвор уз шетање и се даваат грицките нема галје. Обрнете внимание исто садот да биде чист и околината каде што стои.

    И немојте никако пречесто туширање. Не знам каков шампон користите ама обично се доста концентрирани, ние разредуваме малку во друго шише и со разреден ја бањаме.
     
    На Krofnicka678 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dark Chocolate

    Dark Chocolate Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски

    Зависно каква храна конзумира, најчесто миризбата е од исхраната. Честото бањање на кучиња не е баш препорачливо, наместо со шампон јас моите кучиња ги пребришувам со пешкир натопен во вода и јаболков оцет, или пак во шише со пумпица ставам вода и јаболков оцет, ги прскам и ги пребришувам.
     
    На Krofnicka678 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.770
    Допаѓања:
    18.280
    Пол:
    Женски
    Јас сум тотално разочарана од сите ветеринари во Скопје, ама од сите!

    Ниеден не може да дојде да ми го земе кучето од дома пошто не оди, не знаеме што му е.

    Ниту еден не се нафаќа на цело Скопје вртев.
    Агресивен е маска не можеме да му ставиме, а нашиве ветеринари се тотално неспоспбни.

    Лушено алигатори и тигри фаќаат, кај нас со куче не можат да се справат!
     
  11. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.395
    Допаѓања:
    16.936
    Пол:
    Женски
    Извини неврзано за твојот пост ама што во случај кога кучето е агресивно и напаѓа?Чаре?
     
  12. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Однесете го на дресура, јавете се на луѓе кои дресираат кучиња и консултирајте се со нив. Они ќе дојдат ќе го видат и ќе ви кажат дали може да се работи со кучето и како понатаму. Можете да пробате и сами, има многу емисии за дресура на агресивни кучиња, треба само желба и многу работа со кучето. Но сепак мислам дека треба да го дадете на дресура. Побарајте на Фб Киско Дресура Пансион и исконтактирајте ги за консултација. Секое добро:)
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  13. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.395
    Допаѓања:
    16.936
    Пол:
    Женски
    Кучето не е наше,ама гризна наше дете.Вкупно три пати има гризнато,од кое нашето дете најлошо помина.Се јавија газдите на дресер ама им кажа дека е 350 е месечно,со тоа што не гарантира дека кучето нема да напаѓа повеќе,а луѓето не се во шанса да одвојат толку пари месечно за дресура.
     
  14. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Дали се обидовте со Марин ветеринарот? Човекот е прекрасен и сигурна сум дека ако немате можност да го однесете нема да го остави така и ќе организирате некако да се прегледа кучето. Побарајте го.
     
  15. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Баш ми е жал з ова што го читам. Точно не е ефтино, но газдите мораат да најдат решение, односно ако немаат финансии да го однесат да пробаат сами дома да го дресираат. Има еден куп емисии и видеа како да дресираш агресивно куче. И само не ми е јасно ако кучето има историја на агресија зошто е прво пуштено и зошто не носи маска? Незнам како поинаку да го решите проблемот чим кучето не е Ваше сопственикот треба нешто да превземе
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.770
    Допаѓања:
    18.280
    Пол:
    Женски
    Па моето напаѓа, ама проблемот е што ние немаме како да го дигнеме, не е поентата да го развлечкаме со раце да му искршиме нешто.
    Треба да имаат некоја носилка да се земе кучето.
    Катастрофа жива сме, а башка што скоро секое куче што е во болка можа да нападне, па макар било и најмирно
    Јас на сите им реков ќе си платам колку трњба само да се пренесе, сите ми викаат донесете го вие па ќе средиме.
    Јас да можев да го однесам немаше да молам
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  17. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.770
    Допаѓања:
    18.280
    Пол:
    Женски
    Кој е Марин иво која ветеринарна работи?
    За жал само во автокоманда има ехо и рентген,а они не доаѓаат ама барем некој да ми се нафати да го пренесеме, нерви искинав
     
  18. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.395
    Допаѓања:
    16.936
    Пол:
    Женски
    Хаха што да ти кажам.Првиот пат кога гризна беше муабетот дека можеби детето е виновно можеби го згазнало ненамерно или незнам што.Вториот пат беше врзано син ми само стоеше до него и го гризна за уста.Од тогаш наводно е со маска.Ама дошло некое девојче и не сакало кучето да седи со маска жал и било и од нигде никаде истото девојче го каснува за рака.Луѓето бараа да го земе некое прифатилиште или да се успие кучето ама никој не се нафаќа,ниту Вардариште ниту лајка.За дресер вистина немаат можност,знам дека со финансии се никако.Да работат со него,и тоа не верувам,газдата е инвалид со слаб вид,неподвижен,жената е на работа,малата на училиште.Како и да е фала на совет.
     
  19. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Сега ми текна освен как Марин ако веќе не сте се јавиле, д п
    Не сум сигурна дали Марин има ехо и ренген, сега ќе ви пратам број во пп слушнете се и видете дали ќе излезе во пресрет да помогне.
     
    На jarec6 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    109
    Луѓето алигатори и тигри чуваат, вие не можете со едно куче да се справите и ве каса.
    Да ве казнат за несовесно чување на животно,па Киско евтин ќе ви биде
     
    На СуперДевојка му/ѝ се допаѓа ова.