Па пошто си мн. паметен/на еве дојди то фати го ќе ти платиме. Кучето е агресивно после напад. Ако не можеш да помогнеш не попувај
Јас туѓ измет не чистам. Не се купува се со пари. Не се должни ветеринарите твојата неспособност да ја исправаат.
Не знам каде да пишам, ако има друга тема поврзано со моето прашање,префрлете ме. Каде да купам ефтин тоалет за маче и добар песок со солидна цена?
Дали има шанси мачор стар 1год, да се навикне од куќа во стан да живее? Од вчера не е ни јаден, ни пиен, ниту во тоалет бил
Zdravo , kutreto moe se cesa i se jade veke nekolku dena kaj opasot i sega vidov deka ima crvenilo i nema vlakna na toa mesto (od gornata strana na opasot) a i ne kaka redovno. Se slusnav so veterinarot mi rece analnite zlezdi vospaleni i utre da odam da gi ispuka. Ama mene mi e mnogu misla i strav .. so mislite vie ?
Мора да ги стисне рачно, не е страшно. Собираат мрсна секреција. И јас сум го носела моето да му ги испразни.
Утре треба да ја носам мачката на стерилизација.. Уште од денес сум под стрес, како ќе биде, што ќе биде.. Ми кажаа дека после 18ч. денес да не и давам јадење, сигурно ќе мјаука цела вечер.. Може ли некој да ми објасни подетално за операцијата? Место не ме фаќа.. Дали бираме каква анестезија ќе добие и слично?
Вдомивме зајче од оние lionhead ,арно ама не било воопшто негувано и нозите од бели му се жолти и залепени влакна.Го измив ,пробав со влажни и не излева,нешто од влакненцата што успеав скратив ,но не е тоа тоа. Има начин да се изчисти? Друго ме интересира ,има ли одредено колку храна смее и што смее (знам морков, зелка, овес, краставичка)
Zdravo da prasam nekoj dali ima iskustvo so trauma kaj kuche od shishanje? Pred dva dena moravme da go ishishame kratko i del od opashkata mu e isechena isto taka kratko i od koga e doma postojano se krie ne saka bukvalno nisto da pravi na domasnite ni rzhi koga ke sakame da go kreneme. Nekoj iskustvo da kazhe sto da napravime kako da mu pomogneme bidwjki probavme se ama nisto ne uspeva.
Дали знаете некој од Скопје или околина на скопје да продава мали патки? Би сакала другарка да земе за брат и да си ја чуваат дома.
Сите патки порано или покасно ќе пораснат. Нема мала патка, барем не домашна. Од нивниот род има мали по раст ама тие се диви.. Знае ли другарка ти какви услови треба да обезбеди за една патка? И што ќе прави кога ќе порасне хмм.. За денот на благодарноста да не ја пече?
Немам појма, се надевам дека не Секако дека ќе порасне, не очекува постојано да биде мала. Али сакаат да земат додека е мала, баш мала и да си ја чуваат. Прашањето ми е дали знаете од каде да се купи, некој да продава.
Здраво. Сакам да прашам за патување во Охрид. Сте биле ли некогаш со куче? Јас имам 5 месечен златен ретривер па сепак не знам дали би ме примиле? Кои апартмани, вили, хотели се пет френдли? На кои плажи може да се оди?
За во Љубаништа знам дека не даваат во автокампот да се бања куче опоменуваат спасителите, а знам за Аура Хотел дека се пет френдли имаат и плажа со лежалки така што е дозволено. Крај краева можеш преку букинг да ѕирнеш кои се пет френдли.