Zdravo jas sum nova na forumot Vi pisuvam za da ve prasam kuceto moe ima 2 ipol meaeci ama pred 2 dena go kapevme i sega ima proliv i povraka dali e mozno da e od nastinka ili sto e ako moze da mi pomognete
Ако сте го бањале и седело под клима сигурно е настинато. Консултирајте се со ветринар обично пробиотик даваат за проливот.
Зависи од ветеринарот и од кучето, консултирај се директно. Ама по моето знаење, 6 месеци куче е премладо за стерилизација, барем после првиот (нас ни препорачаа да почекаме и после вториот циклус) да се стерилизира.
Имам тигрица, 3 ипол години како ја чувам. Последнава недела почна да стои долу во кафезот, денес приметив очите и се како залепени, не може да гледа, слабо реагира на нејзиното име, порано се плашеше кога ќе и се доближевме, сега стои во место. Дали некој имал ваков проблем со неговото папагалче? Инаку другата тигрица ја најдовме мртва во истиот кафез пред 2ипол месеци...
Ај и овде да пишам дека го подарувам големото куче, мешанче е од лабрадор и пит бул. Мирен е многу и е за надвор, во двор. Малиот најверојатно ќе го земеме, ама големиот не можеме. Доколку сака некој куче, воспитано, мирно и убаво нека ми пише, ќе пратам и слика. Не знам кај да го оставам, доколку не го вдоми некој. Има 1 ипол година.
Може веќе и си отишла во Ох ама нејсе. Ја се изненадив од охриѓани што некогаш во рестораните не се ни people friendly, колку се од друга страна pet frindly. Во кафана мојот бишон на столче го седнавме со дозвола од келнер секако, сегде му носеа вода во тањирче во кафичите, кога ќе прашавме дали смееме со куче да седнеме дури и чудно ме гледаа како во стил зошто пршауваш секако смее... за плажа не знам бевме пролет, смештај на букинг и да не пишува прашај си дали смееш
Јуле ако не ти го вдоми никој има пансиони по скопјево па финансиски да го издржуваш ако можеш до толку да дозволиш и да го посетуваш/шеташ носиш храна. Прашај по фб групите има поединци што улични вдомуваат и ги ставаат по пансиони некои
Што се дава на кучиња кои повраќаат при патување? Дали има некои посебни таблети или може од тие за луѓе што се?
Кога го подигнував сертификатот за кучето за патување во странство баш прашав во вет.амбуланта и ми рекоа имало таблети ама им се истрошиле дента, ми понудија некоја паста на растителна база се ставало мала количина да ја излиже и делувало да го потсмири желудникот на кученцето. Немавме мака и не ни требаше ништо пред пат, сепак најдобро да си прашаш во вет.амбуланта кај што ти го третираат кучето тие најточно ќе ти препорачаат што е најсоодветно за твоето куче.
Моето повраќа и до вет.амбуланта коха го носам, па да не го мачам вака околу 50км треба да се вози. Ти благодарам, ќе прашам во вртетинарна.
Се пишувало доста на тема квалитетна храна, но прилично одамна, па ајде да обновиме. Го хранев кучето со Ројал канин и откако запнав да чешлам зошто не, решив да ја сменам, ама се отвара прашање со која. Некои советуваат со една, други друга, копај состав, хранливи вредности, начин на правење (од повеќето да ти се згади), цели листи направив и сега сум во оној момент-аман, која?? Најдобрите што се нудат кај нас се прилично скапи, а две кучиња имам. Вчера едно девојче ми предложи Поларис (унгарската), поевтина доаѓа, без житарки во состав, вака на прва личи ок, ама малце има по интернетов за неа мислења. Па, има ли некој искуство? Или предложете квалитетна храна.
Да речеме скапа ми е Оријен. Дај ми предлози за квалитетна, па ќе се разгледувам. До сега купував за двете кучиња Ројал, едното е мини раса, другото медиум.
Здраво ми треба ваш совет, кој би ми помогнал. Имаме кученце 2 месеца старо. Како да го навикниме на хигиенски навики, дома го чуваме? Кои вакцини треба да ги прима до сега имал само 1 вакцина? Колку често капење? Кои производи за куче ми требаат да не се осеќа мирис? Навечер се буди често и си игра ама со нас не можиме да спиеме,дали е тоа в ред со оглед дека е 2 месеца ? Секој совет е добредојден. Раса : Frise Bichon Ви благодарам