1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Веќе ти спомнале неколку храни, јас исто ќе ти ги предложам Н&Д на Фармина, но имаш и Фармина Тим Бридер исто одлична храна, после тоа Некмар (хрватска но одличен состав), и Фитмин (има различни класи Фитмин, јас земам или средна или премиум).
    Иии Advance исто доста добра.
    Најважно ти е кучињата да ја јадат храната, да не идат често во вц по голема нужда ако се веќе возрасни, тоа е она на кое треба да внимаваш.
    Исто, Ројал Канин по состав е ужас храна, најискрено, само реклама ете е останато, ама состав и нутритивна вредност е 0. Од Ројал Канин само не дај боже да ти притреба, медицинските храни се ок, друго не.
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Прво, за вакцините, штом има една треба уште 2 да прими за да можете надвор да го носите, откако ќе прими можете надвор. Најдете ветеринар кој ќе води евиденција и ќе ви каже на колку време се ревакцините.
    После нив следи чип и беснило вакцина, после 5-6 месец на кутрето.
    За хигиенските навики, пелена долу и поставена подалеку од легло и храна, бидејќи ќе кака и мочка подалеку од тоа. Отворени 4 очи ахахах и цело време го гледате, ако почне да се врти во круг и да душка, трчаш и го креваш и носиш на пелена, кога таму ќе заврши работа ќе му дадеш награда. Е сега не секогаш ќе го фатиш на време, ако веќе кака/мочка само карај со висок тон, разбираат по тонот на гласот. А ако подоцна ептен видиш дека напраило беља ништо, ќе си исчистиш бидејќи ако поминало време нема да знае за што го караш, не може да поврзе.
    Капење штом седи дома не гледам потреба да има сега за сега, нека исприма вакцините па кога ќе се извалка надвор искапи го, има шампони и за често бањање, но имаш и сув шампон како пења и само трлаш ако ти е валкано сега.
    Куче како куче, си има мирис, некое помалку некое повеќе, не знам за сретства да не мириса на куче а чувам еве 3.
    За спиењето ноќе, нема зошто да си играте со него, научете го да спие додека спиете и вие, е сега нема да може цела ноќ да ја преспие ама вие нема потреба да играте со него, мора да се навикне. Кај мене ноќе во посебна соба се, креветче играчки пелена за ако им се прииде во вц случајно, цвичкаа 2 дена и се навикнаа, сега си спијат од 10 вечер до 10 сабајле наредниот ден :D
    Ако треба уште нешто, пишувај.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    11.775
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае ветеринар што работи со птици? Или ако има некој ветеринар во групата да ме контактира
     
  4. Canis Lupus

    Canis Lupus Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    Zdravo da Marin I'ma I rengen I eho

    Najdobro e da go dadete na nekoja familija sto ke go saka I ke mu obrnes vnimanie kako sto ste obrnuvsle vie do sega,pa dogovorete se koga ke vi porasne deteto da vindadat malo,mops kako rasa se smrt so vlakna ,ke imate problem koga ke laze maliot I plus kuceto celo vreme pod stress ke bide a togas najveke pusta vlakna. Dobro nameren sovet e ova .

    Ne e dobra, po Moite zonanija sodrzinmnigu sol, kvalitet a I dobra hrana pod350denari nema
     
    Последна измена од модератор: 22 август 2021
    На marija99992 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Некој спомна дека постојат места каде може да ти го чуваат кучето (како хотел за кучиња ако не се лажам ги викаат). Може ли некои примери за такви во Македонија? И како се движат цените?
     
  6. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Авав хепи дог во Скопје. Побарај ги на инста имаат и ценовник.
     
    На venus♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Здраво, ве молам кажете ми кој пет шоп во Скопје има најповолни цени за транспортери, па и сé останато? Јас цел живот со кучиња сум, ги знам во центаров пет шоповиве, ама транспортерите им се изгор, ако знаете каде и како се движат цени, ве молам за совет. А и некој од вас ако продава, може да ми понудите, за куче до 8 килограми, а и поголем да е не е проблем.

    Добредојдени се и секакви совети за нов почеток со бебе куче, сум заборавила, одамна беше тоа кога имав мали кученца. Е сега земаме и раса која прв пат во животот ќе ја чуваме, затоа и плус паничам и сé ми е некако ново, искрено уплашена сум, се работи за минијатурен шнауцер. :|

    Мислам дека морам неделава сé да набавам, пелени за мочкање, играчки, храна, поводници ќе наследи од моите најмили кои веќе не се меѓу нас ;(, исто и некои играчки. Ако ви текнува нешто важно што ми треба да имам за почеток, кажете ми.

    Едит: до втора вакцина ли беше опасно да биде во близина на мачки и каде што се движат мачки или па беше до два месеци? Тоа не памтам добро.

    Фала ви!
     
    Последна измена: 21 август 2021
  8. Canis Lupus

    Canis Lupus Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    Zdravo, za Koja rasa se raboti konkretno? Transporter I da proverite vo maksi mozebi tamu ke najdete najpovolno . Za pocetok so kuce bebe spremete se za Kaki I mocki niz cel Stan. Do 3 vakcina I dve nedeli posle treta opasno e za kuceto se , nadvor ako go setate samo vo race ,da ne e vo kontakt ni so drugi kucinja ni so macki.

    Mozebi ograda e popametno da zemete,da se zatvora kucenceto vo pogolemo prostor duri ne ste doma, cinii za voda I hrana I najvazno e dobar dehidrant starter za pocetok, da napravite redosled na hranenje, ke grize se , ke moca sekade . Poveke nervi da se izdrzi toj period.

    Jas ne bi vi prepracal da zemite kuce samo so edna vakcina, vo posledniov period mnogu kucenca izumreja od toa sto se prodavaat premnogu Mali I necelosno imunizirani. Pocekajte bar da primi 3vakcina pre da go zemite doma, rizik e golem parvo vrie a I'ma I odredeni mutacii. Najvazno zemajte od proveren odgleduvac koj ke garantira za kucenceto,mnogu I'ma prevaranti sto uvezuvaat bolni,no I odgleduvaci koi svesno prodavaat bolni kucenca . Kuce ne se zema pred dvai pol ,tri meseci ,vnimavajte I pegodre dokolku I'ma odma da vi dadat zatoa sto ne davaat I pedigrina.posakuvam samo srekni momenti so kucenceto.
     
    Последна измена од модератор: 22 август 2021
    На LadyF95 и RedRevolution им се допаѓа ова.
  9. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Благодарам за одговорите. :)
    Кучето ќе оди со нас на работа, така што ми треба транспортер најмногу за почетокот, потоа ќе биде слободен и на поводник. Нема да биде оставен дома, имам дете од скоро 4 години и баба која доаѓа секој ден да го чува, нема шанси да го оставам со нив додека јас не сум дома, а работата ни дозволува да биде со нас.

    За нередот ми е сé познато, минатото куче до кај 4-5 месеци, ако добро се сеќавам, толку траеше лудилото, од мебел со оштри агли, ни направи мебел со заоблени агли. Така што околу тоа знам што ме чека и знам како да се поставам. :D

    Повеќе ми беше за на работа, кога и како можам да го вадам за вршење нужда. Читав нешто по интернетов, па нема да давам да го допираат луѓе до втората доза штенечак, осебно не тие кои чуваат кучиња и мачки, бидејки вирусот ние го носиме и на облека а и секаде околу нас го има. Исто прочитав дека со вообичаените средства за дезинфекција не умира, туку само со варикина, искрено полудувам уште од сега од страв. Би го земала после ревакцината, ама нема да можам подоцна, далеку е, во друг град, а септември ќе ми биде хаотичен работен месец, многу веројатно и со саботи, две недели ќе треба да се тресам од страв. :(:(:(
     
  10. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ќе можам да го земам подоцна, знам дека вирусот е ужасен и многу лесно се фаќа. Не можам да ти објаснам колку ми е страв. :(
    Навистина немам памет, не знам како да направам. До сега цел живот сме земале кучиња и тоа и невакцинирани, па таа работа ние сме ја вршеле и сите биле здрави. Инаку не е од увоз кучето, наше легло е, не ги познавам лично луѓето, педигре има, кое исто така не ми е најбитно во животот. Само да ми е живо и здраво сакам.
     
  11. Canis Lupus

    Canis Lupus Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    Ne znam kolku e bas pametni bez treta vakcina da go rasetuvate kucenceto,, ne vrota tuku treta vakcina, virus moze da donesete I vie doma na cevlite, kako I vasite kolegi ne e vazno Dali imaat ili ne zivotni, toa e virus I se lepi .Koga se raboti za tolku malo kucence, bi bilo dobro da I'ma ogranicen prostor zatoa predlozi ograda pogolemka na Eden del od ogradata da I'ma kebence I igracki na drugiot del pelena za mockanje, vo transporterov iskreno ne znam kolku ke vi bide prakticen,ke mora's bar na30,45minutki da go vadis I stavast na pelena da uci Kade da mocka I kaka, na pocetok nema da zne I lom ke pravi sekade. Do8,9pa i10meseci ke koristite pelena, I do 7 meseci ke rezba po doma :) moze I poveke, duri da go smenis zabite site. Vo transporter ke place nema da sedi ,najdobro e doma vo ograda zatvoreno da I'ma s on prostor za igra I za wc.

    Pedigre ako I'ma odma da vi go dadat, zosto pokasno isparuvaat :)a vas ke vi bide krivo iako sega ne vi e najbitno,ke vi treba za parenje za izlozbi...

    Rizik e tolku malo I plus na rabota , procitajte poveke za rasata sto saka,kako SE prilagoduva ,koi potrebi gi bara.
     
    Последна измена од модератор: 22 август 2021
    На RedRevolution му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    И тоа ми е опција. А ми советуваш да не го вадам од ограда до ревакцината? Па како ќе го гушкаме и учиме да врши нужда, како ќе игра сирото, треба да се поврзе со нас. Сега кај мајка му гледам снимки дека во двор игра со браќата, тоа ќе се утепа од цвичење ако цело време затворено.
     
  13. Canis Lupus

    Canis Lupus Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    Vo posednite istarazuvanja koi se napraveno vo Amerika Royal, Pro plan I eucanuba, spored nutritivni vrednosti se top. Royalov e najveke hejtan, no e najprodavan I najdobar:)

    Sovetuvam duri ste na rabota kucenceto da e vo ograda da ne pravi lom doma ke moca kako ludo, koga ke se vrakate vie od nadvor ,patikite vo race I vo druga soba, preso leku anje mienje race pa guskanje I vospituvamje I se ostanato, pelena za wc vo ogradata duri e samo I na odredeno mmesto od stanot, ke se utepa da od cvilenje,zatoa nema spienje edna nedela, jas ne bi zel taka ne imunizirano kuce plus vo dvor pusteno, kaj sto moze I macka da go donese virusot .

    Poslednive godini parvo vrie I plus I'ma mutacii na istiot virus epten e strasen, razmislete, proverete sto taa rasa. Bara, kako SE prilagoduva, kolku moze da sedi samo I kolku moze da sedi zatvoreno vo transporter,mislam deka se poaktivni, za slatki epten se slatki I ubavi no sto baraat kako rasa treba da se znae

    Higiena treba kako I za sekoj virus ,toa e prevencijata no pak e rizik neimunizirano
     
    Последна измена од модератор: 22 август 2021
    На RedRevolution му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Ќе се обидам изгледа да го одложам превземањето. Добро, а сепак во случај ако куче го фати вирусот, како се детектира на време, зошто читам дека со некаква терапија се лечи, колку се лечи вирус не знам баш, ама еве така пишува.
     
  15. Canis Lupus

    Canis Lupus Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    Parvo virus dava simptomi posle14dena od inficiranje,site veterinari preporacuvaat da se zrmaat kucencata posle treta vakcina, ke vnimavajte I na lepenkite na vakcinite datumite,pravat prevari I so toa zatoa sto tie se eftino vakcini,mnogu kucenca umreja mnogu. Odgleduvaci ne gi vakciniraat I ne gi procistuvaat kucencata ,zatoa umiraat.

    Se Levi da so infuzii po dva pati na den vo Traenje od 15,20dena,stress za vas, rizik ne se znae Dali ke se izleci kucenceto, smrtnosta e70% znaci ogromna e smrtnosta, neka si go vakciniram kuceto so tri vakcini pa da si go zemite I Raat da si go guskate is etate I sve.Parvo se manifestira so odbiva je na hrana, letargicnost,posanost,diareja Koja moze da e krva a I ne mora, povrakanje moze I ne mora da I'ma.
     
    Последна измена од модератор: 22 август 2021
  16. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Ме извади од памет сега веќе. Не знам што да правам. Како да знам дека не сум искажана? Што точно да гледам? Што да барам?
     
  17. Canis Lupus

    Canis Lupus Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    I'ma kucenca koi umiraat za edna vecer ,ke dehidrira.

    Vidi poraka

    Dokolku e ponidenonkuce so pedigre ke barate da go vidite na tatkoto I majkata pedigreto, da gi vidite ocenskite od izlozbi(bez niv ne moze da se Dade na malite pedigre) posle toa do najmalku dve nedeli posle vrota vakcini iako se preporacuva da se zemi kuceto dve nedeli posle treta vakcina za da nema rizik od zarazi bolesto, ke treba da vi dadat pasos na kucenceto Kade sto treba da I'ma lepenki od vakcinite so datum na vakcinite I potpis I pecat od ovlasten veterinar.Posebno vnimanie da se obrne kaj sto e delot za dehelmentacija,vo toj period kiceto treba da e procisteno 4,5pati isto so potpis I pecat od veterinar I tip na tableta, vo toj pasos treba da stoi I brojot od cipot so koj sto e cipirano kuceto na vase ime I obavezno vo istiot moment da go do iete pedigreto ,zosto poaksno ne se znae Dali ke go dobiete, kuceto vo ovoj period treba da e nauceno da jade cvrsta hrana I da nema problemi so stomakot od istata. Do ro bi bilo I da se soetuvate so vasiot veterinar .Srekno I ocekuvam ubavi poraki I srekni momenti so vaseto novo milenice.
    Zaradi faktot deka ste so dete doma oso eno da obrnite vnimanie na procistuvanjeto kako I kolku pati e izvrseno.

    Vidi sto pisuva tuka, imaat. Lugeto ogromno istrazuvanje napraveno vo vrska so ovaa tema,ova e ogromna veterinar a bolnica
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена од модератор: 22 август 2021
  18. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Ако имаш да ми пратиш цела студија за ова, да прочитам, би било супер.
    Кај нас освен што има Оријен, Акана и Тејст оф д вајлд (не сум сигурна за последнава), другиве брендови баш и ги нема мислам.
    Како и да е, за мене искрено овие се скапи со оглед на тоа што имам 3 кучиња. Комбинирам дехидрат и домашна исхрана (а под домашна мислам на месо спремано за нив, а не остаток од ручекот).
     
  19. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    109
    Ако има можност тој што ти го продава,да го чува до 3та вакцина е најдобро (доплати му за вакцините и храната ако треба). Кога ќе го плаќаш,треба да ти даде педигре. Не наседнувај на финти:ќе извадам кога сакаш,ќе ти пратам итн. Има жичани транспортери што се склопуваат, јас од Хр купив,ако најдам тука,ќе ти пратам
     
  20. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Размислив, ќе го одложам превземањето, педигре има кучето. Иако исчекувањето ми паѓа тешко и сакам што поскоро да е со мене, сепак највеќе сакам да сум мирна дека ќе биде жив и здрав. :)

    Едит: сега па се исплашив и дека може да лажат луѓево за примени вакцини, не знам од друга страна дали е подобро да го земам и пазам и јас да го вакцинирам или не. Страшна недоумица. :sweat: