Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. BarbaraMorii

    BarbaraMorii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    1.652
    Пол:
    Женски
    Ако неможеш да го чешлаш нонстоп шишај го со некоја убава фризура на пример кратко на телото нозичките малку по долги и нека му напраат убава форма на лицето и репчето не го чепкај ако е женско убави стегачи шнолички :inlove:.Моето е така шишено и е преубаво нема кој не ме прашал каде ја носам..Ама мајка ми ја шиша :D Некој период ја носевме на грумер потоа мајка ми и го фати редот:D(додуша и си ја бива за таква работа) Муабетот ми е подобро шишај го(без да го ошутиш) некоја убава фризура отколку да е заплеткано..Пошо они имаат многу тенко влакно и 1 ден да не го исчешлаш веке е заплеткано…Јас 2 години чешлав секој ден ама 1 ден нема да ја исчешлам и дека долго влакното утредента е со тутки и јас се малтертирав а и нејзе и решив да ја шишам..И искрено сега ми е и поубава така :inlove:А за храна никако не ја препорачувам ројал канин за малтезери.
     
    На IvanaMinaj и Maraya✓ им се допаѓа ова.
  2. girly.cute

    girly.cute Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2020
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Нема пролив. Вакцинирано е со една вакцина, за неколку дена треба да ставиме уште една. И денеска е иста ситуацијата. Не јаде, само вода пие и многу е изнемоштено. Некое апче или нешто да му дадам многу се грижам
     
  3. Canis Lupus

    Canis Lupus Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    Здраво, мора на ветеринар да се однеси кучето, мора да има дежурни ветеринарни станици и да се направат испитувања ,побарајте на гоогле кои ветеринарни станици работат.
     
  4. nina_lina

    nina_lina Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2017
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Ве молам инфо кој има искуство со магична ракавица за отстранување на влакна од миленичиња, дали дали е ефикасна?
     

    Прикачени фајлови:

  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.769
    Допаѓања:
    173.069
    Пол:
    Женски
    За мојата лабрадорка ич не е магична.
    Само фурминатор
     
    На nina_lina и piglet1 им се допаѓа ова.
  6. irenapt84

    irenapt84 Нов член

    Се зачлени на:
    8 септември 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo na site,
    Imame mace rodeno na 27mi Juli, dali moze ampula protiv bolvi da mu stavam?
     
  7. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    114
  8. Flooora96

    Flooora96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2021
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Само што земсв малтезерче, мешано шитзу со пудлица. 50 дена е. Со мене спие, но не можам да го научам да оде во вц во песокта, шо да направам, како да го издресирам?
     
  9. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Кучиња во принцип не мочаат во песок стрикно како мачките. Али ок.
    Прво, само што го зема. Има едвај 50 дена, месец и пол. Сакаш одма да го научиш? Ти кога се роди на 50тиот ден промоча во вц шоља?
    Прво, кучето штотуку е одделено од леглото, од мајка му и браќата и сестрите, доаѓа во нова средина каде што нема суштества од неговиот вид туку други, се соочува со многу нови работи и допрва ќе учи. Ни името не си го знае, ама битно да мочало во песокта треба од прв ден.
    Епа нема. Секоја команда е процес низ кој треба да минувате и ти и кучето и одзема време. Има команди кои никогаш нема да сака да ги изврши, малтезер е, тврдглаво, ситно и гласно суштество. На изглед слатко, згреши му нешто и слаткоќата се претвора во лутина во истата секунда.
    Да скратам, носи го во песокта на пола саат и чувај го. Кога ќе се измоча или искака пофали го и дај му зрно храна пошо е мало за грицки. Потоа зголеми го времето на саат-два итн додека да сфати дека тука треба да врши нужда. Некои учат брзо, некои не баш. Може и месеци да потрае учење на некоја команда.
    А дотогаш ќе ги бришиш и чистиш по него пошо тоа го пишува во упатството за употреба на секое домашно милениче кое ретко кој го чита пред да земе миленик. :)
     
    На Sanniii, Annora, Snowflake92 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.094
    Пол:
    Женски
    Греота што толку мало сте го одделиле од мајката :(
    Два месеци е нај минимумот што кутре треба да остане во легло, а најдобро после 3 месеци.
    До 4 месеци не верувам да го научиш, не дека не сака, едноставно не му е доволно развиено мозочето за да те сфати што бараш од него ниту па мочниот меур му е физички спремен да трпи да оди до песок или надвор.
     
    На Canis Lupus му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Irreplaceablee

    Irreplaceablee Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2016
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    10.378
    Пол:
    Женски

    Па во глобала повеќето ги даваат рано затоа што мака им е да ги чуваат по дома бидејќи тогаш почнуваат да трчкаат и да прават бељи. Јас моето на 41 ден го земав, ми беше резервирано и тогаш ми се јавија да одам да си го земам.
    Иначе научи да мочка и кака надвор на 5 месеци, пред тоа нон стоп се мачевме со пелени.

    бтв лепотанот Лу има инстаграм @lu.cocker :$
    4C620D2D-B02C-4B2F-905D-A5DF8CBEAA3A.jpeg
    Првиот ден кога го земавме
    CF5A0D9F-BB46-49B2-94A4-9C7C3CF76202.jpeg
    и сега :inlove:
     
    На ZAHRA, teressa, Luminary и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Flooora96

    Flooora96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2021
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Не барам одма да го научам, туку да почнам од сега, надвор го вадам надвор си врши нужда. Првпат земав куче, и сите тогаш ги земаа. Кажете ми, за вакцини, за против болви нешто за се шо треба. За вакцина еден доктор кажа на 2 месеца еден на 3
     
  13. Irreplaceablee

    Irreplaceablee Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2016
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    10.378
    Пол:
    Женски
    За вакцини мора да прими 3 дози и секоја доза е на еден месец размак. Додека не ги прими тие вакцини не смееш да го пушташ надвор затоа што може многу лесно да закачи парво.
    Апче против глисти секој месец до една година, после тоа може еднаш годишно.
    Ампула за надворешни паразити не ти треба се додека не почнеш да го шеташ надвор, јас на моето му купив каивче форесто и сум презадоволна.
    Вакцина против беснило после 6 месеци заедно со чип
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  14. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    19.748
    Пол:
    Женски
    Rabies може да се стави и oткако ќе наполни 3 месеци, а за чипирање може и уште при првата вакцинација. Исто и апче против глисти се дава еднаш месечно до шестиот месец, а потоа на секои 3 месеци. Да напоменам дека не живеам во Мк и не знам како е кај нас и зошто толку долго се одолговлекува за вакцина против беснило…
     
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.913
    Допаѓања:
    171.755
    Пол:
    Женски
    Не е премало? Како и да е, кучиња не прат измет како мачки. Имаш средства да прскаш од каде да бега и да не мокри. Ама најдобро решение ти е вежбање хигиенски навики, награди кога мочка в двор или на прошетка. Само не знам колку е ова во моментов исплатливо зошто е мало, премало куче и не се шетаат премали кучиња, и не се мешаат со други дур не се целосно имунизирани и некој период после то. Мислам дека има и памперси и пелени за мали кучиња исто така.

    За вакцини, тоа ќе си разговараш со вет. Кога ќе речи, тогаш ќе го боцкаш, ама ко шо спомнав претходно, пред имунизација, за време на имунизација и некоја недела после комплетирање на имунизација, кучето да не се шета и меша со други кучиња зошто има опаднат имунитет и е поподложно да се разболи.

    Ампула би требало да не е проблем да му ставиш за надворешни паразити. За внатрешни чистење постојано. За дозирање ќе си прашаш вет. Не е страшно.

    Накратко, имај си ветеринар, консултирај се за се шо не си сигурна, особено на почеток дур учиш шо и како за кучето.
     
  16. Flooora96

    Flooora96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2021
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Вакцина прва у понеделник, чистичко е надвор у тревата го вадам на врши нужда. Само имам едно прашање, има како црни точки ѓубре ли е да не е некои јајца од болви шо знам ај видете? Инаку болва нема го проверувам.
     

    Прикачени фајлови:

  17. Irreplaceablee

    Irreplaceablee Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2016
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    10.378
    Пол:
    Женски
    ми делуваат на измет од болва, избањај го и види на ветеринар имаат спреј за мали кучиња за болви и крлежи.
    Остај ти чистичко, може мачка болна да прошетала таму и толку фали да префати некоја болест.
     
    На Flooora96 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Испрскај го со прашок за болви, мало е за бањање, ќе настине, глава нема да можеш да кренеш. Не вади во тревници, има вошки и низ нив и низ цвеќињата, може болно маче или куче да помине, па уште и да изврши нужда и за твоево толку треба, нема имунитет, најранливи се сега.
    До трета вакцина треба многу пазење за да остане здраво.
     
    На Flooora96 и theowndemon им се допаѓа ова.
  19. Soyuq

    Soyuq Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Help!!
    Вчера го вакцинирав мачето(прва вакцина) и денес едвај се движи, само спие, нема јадено од пред вакцината ниту вода пиено. Незнам што да правам.
    Дали е ова нормална појава или да го носам на вет?
     
  20. Canis Lupus

    Canis Lupus Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    Здраво кучето има болви ,прасај на ветеринар како да го исчистиш