И мојот мачор еве веќе трет ден го нема, не му е прв пат, се враќа секогаш како што кажаа повеќето искубан и изгладнат мене страв ми е да го однесам да го кастрираат. Една комшивка ја имаше мачката однесено да му ја стерилизираат и му умре на операција . Ама тука велите дека не е некој голем зафат, па можи ќе се премислам.
Пак јас и мојата лошачка... Денес доаѓам дома и ми мириса на Јакодерм. Лошачката ја докачила тубата и цела ја изела... Што би можело да и се случи сега??? Аман од неа....
Имам персиска мачка ја чувам дома(оти скапа е) Ама арно вода никако не сака а сега оти почна и надвор да оди цела е лом ја пикнав во вода рацете ми ги изгреба и лом ме направи и пак не а избањав.Де кажете некој начин за да а избањам Ке пукнам од неа.Ама пак ми е мало бебенце ma4o4female: А и за тубата ништо не и е ке преживее
Мачката сама ќе се измие, не и е потребно бањање. Мачките само си се чистат, еве на пр мојот мачор: надвор и дома го чувам и секогаш е чист, жолто-бела боја има и мислиш сјае од што е чисто, а никогаш не сум го бањала. Така да постепено таа ќе се исчисти, без разлика што има подолго влакно. Поздрав
Мачорот кога беше помал седеше кога го капев, а сега бега. Ама со помош на уште еден, двајца некако го капам, мајками му ги држи нозете а брат ми рацете и за некоја минута готов е, и се плаши од фенот многу, па мора да го оставам сам да се излиже за да се исуши. Еднаш месечно ветеринарот ми има речено доволно е да се капи.
Денес бев сведок на негрижа кон миленик и срце не ме држи тоа да не го напишам овде. Мислам дека оваа тема е најсоодветна за тоа. Додека се враќав од училиште приметив едно куче по пат, за кое не знам чиво е и не знам дали е расно или не. Ама тоа е сега најмалку важно. Кучето беше од голема раса, слично на волчјак. Околу вратот имаше дебел синџир кој толку беше стегнат што му го прежилуваше вратот и врвца од оние за јајца (врвци со кои ја врзуваат таблата јајца на пазар) исто толку стегната со глуждови. Синџирот се гледаше дека е скинат бидејки влечеше дел од поводникот. А кучето...е тоа ми ги насолзи очите: изгледаше во најмала рака ужасно. Слабо, коските му се гледаа, влакното искубано, опашката наведната, валкана и кубана како некој да ја тргал. Тоа одеше полека, едвај... Кога му се приближив приметив и дека по крзното има траги од крв, веројатно било тепано. Со оглед на тоа дека имаше скинат синџир претпоставувам дека е дома чувано и избегано. Од убавина никој не бега, па така и животните. А и имаше траги дека не добило добар третман од газдите. За жал, кучето бегаше од мене и покрај тоа што се потрудив да му пријдам на мирен и добар начин. Веројатно беше преплашено од човекот кој го малтретирал. Инаку, ќе го однесев кај ветеринарот на моето куче, барем да го залечи малку и да го нахранам. И постов не е за да кажам за кучето и за тоа дека не можев да помогнам, постов е за сите сегашни и идни сопственици. Газдата на тоа куче уништил еден живот со негрижата, а сега тоа талка по улици... Кучињата не се плишани мечиња на кои можеме да им правиме се што сакаме, тие се живи суштества кои бараат грижа и нега, како и внимание. Ако не е способен некој да се грижи нека не го зема, нека не уништува еден живот. А пак ако сепак зел, а не може да се грижи нека го подари. Има толку многу луѓе кои радо би се погрижиле за него.
Браво за напишаново. Тоа е тоа што јас цело време го зборам по форумиве, доколку некој не е способен да чува куче, тогаш подобро е да не зема.
Hи мене не ми е јасно зашто некој нељубител на кучињата, зема куче да чува да го малтретира сигурно, и да си лечи фрустрации! Eх, штета што тоа куче е мирно, барем да го каснело да му покаже каква болка му нанесува, само што жалното е што ова куче има и душевна болка, поради неговиот ментален газда! бог да чува бре, ако некој не сака животно, јас не знам зашто на сила зимаат ... Jез да јас лично имам проблеми со моето куче, доминантна е, сака да доминира, мисли дека е газдарица, ама се трудам тоа да го сменам на друг начин, сигурно со врвци не би ја врзувала... што нема да чуеш господе боже.... секакви луѓе има
Можеби кучето е украдено па оној кој го украл го малтретирал и оставил да умре од болка и жал...кутрото тоа, душиче. Катастрофа се таквите луѓе, односно да ги наречам НЕлуѓе!!! Се потресувам кога ќе прочитам, а не па кога ќе видам таква ситуација...ужас! Иначе, супер за напишаното, едноставно така е, кој има услови да чува милениче нека чува, кој не нека не зема доколку не му пружа љубов, грижа, нега и внимание...
Дали ке може некој да ми помогне? Имам златен ретривер има година ипол, го чувам дома, ама во последно време многу мириса на него цел стан. Мириса како кога е бањат... Помош?
Кучињата си мирисаат, без разлика дали ги бањаш или не, едноставно си ја имаат таа миризба на куче пошо немаат потни жлезди...
имам едно прашање,досега не сум чувала домшниа миленици,само надвор си чувам кученца,ама мачки никогаш ме интересира што како да правам со маче од еден месец,како да го припитомам,дали да го вакцинирам кога ќе го земам,со што да го хранам?како да го натерм да иде по вц на своето место,како да го одржавам?како да го бањам? сакам да му поклонам на дечко ми маченце,ќе ми го даде една пријателка,ама сакам да ми е чисто,убаво,мирно,со навики или да го научам јас
Анастасија дали мачето е питомо? пошо прашуваш како да го припитомиш. Би требало да е питомо пошо викаш дека другарка ти ќе ги го даде. Е сега, не треба да се вакцинира сега пошо е мало, има еден месец, треба да има најмалку 2 месеца. Маче на прва вакцина се носи кога е старо 2 месеца, сепак, веднаш откако ќе го земеш дома и избањаш/нахраниш треба да го однесеш и до ветеринар, за секој случај, да го прегледа и да ти каже во каква состојба е. Штом е сè во ред со ветеринарот закажувате средба за неколку недели, кога мачето ќе наполни 2 месеца и тогаш ветеринарот ќе го прашаш за ревакцинација/операција (стерилизација или кастрација во зависност од полот) и воопшто за сите работи што те интересираат и што како нов сопственик би требало да ги знаеш за својот миленик, каде што сето ова да му го пренесеш на дечко ти пошо тој ќе го чува. Убаво е да земеш и контакт од ветеринарот за да може да му се јавиш секогаш кога ќе ви затреба, бидејќи штом тој го познава мачето најверојатно најдобро би знаел за што се работи во дадена ситуација и како најмногу да му помогне. Прво и најважно за мачето е дека треба да земеш детални и темелни информации од оној од кој си го добила, т.е. до другарка ти. Оној од кој си го земала мачето треба да ти каже дали е мачето вакцинирано, стерилизирано/кастрирано, дали примало некаква терапија, дали покажувало симптоми на болест, добило ли апче против паразити, дали е прочистено од болви/крлежи, дали има пролив или нормална столица, дури треба и да побараш контакт од ветеринарот кај кој мачето дотогаш било носено (ако било носено) итн. Доколку ова што го набројав не е постигнато тогаш, за маче потребно е да се обезбеди следново: а) Една ампула „Неостомосан“ против надворешни паразити (Ја има во ветеринарните амбуланти и во пет-шоповите, чини околу 200 денари. Ампулата се раствора во 1,5 л млака вода.) б) Едно апче против внатрешни паразити „Бихелдон“ (Го има во ветеринарните амбуланти и во пет-шоповите, чини околу 30 денари. „Бихелдон“ е за животно тешко 10 кг, така што дозата секогаш треба да се усогласува со тежината, на пример, за животно тешко 5 кг треба да се даде половина апче итн. Животни до 1 година старост треба да примаат „Бихелдон“ на секој месец а откако ќе наполнат 1 година, на секои 2 месеца до крајот на животот). Е сега пошо мачето е мало, ако тежи 200-300 гр треба да му дадеш 1/16 од апчето. в) Шампон „Бекутан“ (или каков било шампон за бебиња) г) Песок (Најевтин песок има во КАМ маркет, 10 кг чинат 259 денари. Овој песок за мало маче ќе ти трае околу 3-4 месеци.) д) Сува храна за мали мачиња „Фрискис“ – околу 80 денари за 300 гр. (Или ако имаш пет-шоп во близина ќе ја бараш храната на „Пурина“ за мали мачиња што е во иста класа со „Ројал Канин“, чини околу 250 денари за килограм.) ѓ) Леѓенче за песок - пластично (Има на секој пазар, најубаво е да се купи правоаголно со големина 40х50 см (или слични димензии). Овој леѓен ќе го употребува дечко ти откако мачето ќе потпорасне. За почеток сосема доволно е едно пошироко (20х20 см) пластично од сладолед.) е) Неколку литри полномасно млеко. (Во зависност од староста на мачето може сè уште ќе има потреба да пие големи количини млеко, така што убаво е да му се остави во хранилка (за папагали, ама од најголемите) измешано 2/3 полномасно млеко и 1/3 вода - оптимално би било да е превриена. Добар дел од мачињата не поднесуваат лактоза па затоа ако веќе им се дава млеко секој ден треба да внимавате тоа да биде полномасно, колку повеќе масленост има млекото толку е понизок степенот на лактоза.) ж) Некоја поголема кутија (По можност 70х70 см (колку поголема толку подобро) за мачето да има место за сè - и да јаде и да оди во песок и да пие и да се прошета.) з) Пилешко или риба - НЕ ПАНГА! (Се вари со само неколку зрнца морска сол во ладна вода, БЕЗ НИКАКВИ ЗАЧИНИ! Кромидот е отровен за мачките поради тоа што содржи супстанција Н-пропил дисулфид, што ги уништува нивните црвени крвни зрнца и доведува до појава на анемија. Еве која храна да ја избегнувате кај вашата мачка: http://cats.about.com/cs/catfood/a/humanfood.htm) Мали маченца најчесто многу брзо се учат да одат во ВЦ во песок и околу ова обично не треба многу труд, едноставно кога веќе ќе знаеш кога отприлика кака/мочка ќе го пикнете во песокот, ќе му фатите една предна шепа и ќе почнете заедно да копате низ песокот за да му покажете како треба. Мачето ќе оди во ВЦ или веднаш или ако случајно, сепак, чека на вас да го издржите може откако ќе го стимулирате да оди во ВЦ да го ставите памукот со измет/урина во самиот песок. Мачето ќе го намириса и нареден пат ќе си отиде таму во ВЦ. Толку е едноставно! Мали мачиња првите пати кога одат во ВЦ во песок знаат да цивкаат или да мјаукаат силно, тоа не дека нешто ги боли, но едноставно тоа им е начин за да покажат дека сакаат да вршат нужда. Тоа може да ви биде од голема помош во случај мачето да ви седи на кревет со вас и одеднаш да почне да цивка – веднаш ќе знаете дека ви кажува дека сака да оди во ВЦ. Мачките се многу паметни и многу чисти суштества! 1. За бањање, јас лично не препорачувам да се бањаат мачките, пошо самите тие си се чистат, но ако сакаш да го избањаш тогаш или ако првпат бањате маче тогаш пази, ВОДА ВО УШИ НЕ СМЕЕ ДА ВЛЕЗЕ! Тоа значи дека главата на мачето нема да ја ставате под млаз вода. Маче се бања исто како што се бања бебе или куче. Водата треба да биде пријатна, ни премногу топла, ни премногу ладна. Најубаво е да го ставите во лавабо зашто и вас ќе ви биде најзгодно. Внимателно постепено се мокри мачето почнувајќи од опашот за да видиш како ќе реагира, но обично малите мачиња не се противат на вода. Сега кога мачето е цело мокро се полева со растворениот „Неостомосан“ (На едно бањање би требало да употребите околу 100-200 мл од растворот што инаку е 1,5 литри. НИКАКО ЦЕЛ РАСТВОР!). „Неостомосанот“ НЕ СМЕЕ да му влезе во очи/нос/уста. Внимателно ќе го намачкате мачето по цело тело/стомакот/шепите/вратот и после тоа НЕОСТОМОСАНОТ НЕ ГО ИЗМИВАТЕ СО ВОДА. Мачето само се завиткува во бел пешкир (пожелно е пешкирот да биде светол поради болвите, ако ги има) и малку се држи така додека да се впие водата а после тоа се суши на калорифер или на клима (да дува топло, се разбира), не се суши со фен зашто најголемиот дел од мачињата се плашат од звукот. Ако има болви што излегуваат од него треба да се убијат зашто моментално се зашеметени. Болвите/крлежите што ќе останат на кожата на мачето ќе угинат неколку часа по бањањето со „Неостомосан“ зашто тоа е средство против надворешни паразити. 2. Мачето сега е суво ама малку исплашено. За да му олесниш веднаш ќе му дадеш храна (од сувата што си ја купила) или варено пилешко месо/варена риба и мешавината што ви е напишана погоре со млеко и вода. Мачиња до 1 година старост НЕ СМЕАТ да јадат преработено месо, тука спаѓаат виршли, колбаси, сланина, печеница, пршута, салама, паштета, нарезок и слично. Ако веќе сакате мачето да го храните со месо најубаво е да се храни со варено пилешко или со варена риба. 3. Во мешавината од млекото треба да му раствориш апче против внатрешни паразити „Бихелдон“. Едно цело апче „Бихелдон“ е за 10 кг тежина, што значи дека ако мачето што сте го нашле тежи 200-300 гр треба да му дадете 1/16 од апчето, како што кажав погоре. Мора да внимаваш мачето да го испие целото млеко со раствореното апче, па затоа за почеток ќе ставиш само малку млеко колку да се раствори апчето и за да го излиже цело, а после слободно може да му додадеш уште млеко. 4. Ќе земеш едно старо пластично од сладолед (или каков било поширок сад за почеток), ќе го наполниш со песок и ќе го ставиш во кутијата каде што е мачето. 5. На другиот дел од кутијата ќе ставиш некоја стара маица/џемпер/дуксер/пантолони, што и да имате, за да има мачето на што да лежи. 6. Внатре во кутијата ќе му ставите и сад со храна, сад со вода/млеко (што ќе се потрудиш да ги фиксирате за мачето да не ги преврти и да седи на мокро внатре). Вака затворено во кутија треба да го чувате неколку дена додека не се осигурате дека научило да кака/мочка во песок со тоа што ќе го земате да го погалите 15-20 минути на секои 2-3 часа. После два/три дена може да почнете да го пуштате надвор од кутија подолги временски периоди со тоа што леѓенчето/пластичното со песок секогаш ќе му биде во близина. Не смеете да дозволите мачето да остане без садот за песок зашто може да му направите лоша навика да оди во ВЦ каде што ќе му дојде. Треба да се следи говорот на неговото тело и начинот на однесување. Ако на пример, забележите дека мачето мјаука/цивка веднаш треба да го ставите во садот со песок зашто е многу веројатно да му се оди во ВЦ ама само не знае каде треба да отиде. Со тек на време ќе сфатите како функционира и ќе се навикнете и вие на него и тоа на вас За маче има многу работи кои треба да се постапат, како овие што ти кажав, така да се надевам и ти помогнав. Само следи ги сите овие постапки и ќе немаш гајле
фала ти многу,премногу ми помогна,прекрасни совети си ми дала,ќе те послушам и така и ќе направам,најинтересно е што многу ми е страв од мачки,ама заради дечко ми сакам да направам нешто убаво,и ќе го чувам.поздрав
Домашни миленичиња Имам една мака, ако може поупатените да ме просветлат. Си имам маче, се роди на Велигден, значи 6 месеци има. Последниве 2-3 недели и го гледам стомачето како трудничко да е. Така широко и топчесто. Прашањето ми е: дали може да затрудни толку мало? Затоа што во споредба со големината на останатите мачки ова е прцул. Па нејќам вака мала мачиња да роди . Оно само незнае за себе да се грижи а не па за малечки
Домашни миленичиња thinkerbell дали мачето ти е прочистено од глисти..зашто и од нив може да има подуено стомаче... малце е рано за да биде смачна..ама се е можно..
кастрацијата е ужасен зафат за мачињата.ги оперираат под анестезија секако и трае околу 20 минути.откако мацето ке се разбуди првиот саат е како опијането и не осека ништо.После тоа како поминува дејството на анестезијата така болките стануваат неподносливи за мачето а богами и за тебе.тогас се кријат , бегаат од сопствениците(позади кревет под маса...за да не ги гледаме како се мачат)треба само да го оставиш на раат, постелај му кебенце и навлазнувај му ја устата со водицка.од следниот ден ке го имас истото весело и срекно маче како предходно, без болки без никакви последици.после операцијата мачките се посмирени, не би требало да скокаат да гребат и да бидат темпераментни како предходно, и треба да им се внимава со исхраната бидејки се дебелеат многу повеке. и покрај тоа сто операцијата е болна таа е неопходна за мачињата како сто ти пишаа погоре. поздрав
Луѓе,јас се ПОПРАВИВ . Најозбилно,можеби ме памтите по постовите за кучето баш во оваа тема се ,ЖАЛ МИ Е за мојата негрижа, кучето умре .Татко ми вика дека некој нешто му дал од претходно за да му изгорат органите незнам ти што(до душа и ништо чудно комшиите да имаат замешано прсти затоа што имавме досега неколку мачки ги снема,а и да и освен тоа куче имавме уште едно ама тоа беше пред 3/4 месеци донесено малечко и си го чувавме така и тоа го снема а неможе да го сенама кај нас нема многу куќи да кажам во наше горно маало после нашата има уште 5/6 куќи сите се знаеме и кучето го знаеше местово околу 3/4 месеци е тука од малечко надвор го чуваме,а и плус нешто чудно ама само нашите животни ги снемува кога ќе размислам подобро , а за првото куче што умре не беше добро хрането.. Сега ни остана само мачката и ја чуваме многу добро како и претходно,пред неколку дена доаѓа едно маче и го изеде оризот надвор што беше ама мурко наш не го јадеше се испурјачило тогаш имаше и коски па и со коски го раневме,после другиот ден гледам тоа маче дојде со уште едно исто како него и имавме дома манџа земав од кутии од крем им сипав манџа со месо ја изедоа,другиот ден уште едно маче со нив донесоа сеа се 3 и пак им дадов храна дури и зелка манџа јадат,остана па им ја дадов.И морам да кажам дека многу убаво се чувствувам кога им давам да јадат тоа ми причинува задоволство навистина и ми создава убаво чувство . Денес дојдов од школо видов дека има виршли и одма отидов надвор да им дадам на мачињата ама ги немаше може покасно ќе дојдат,инаку иако МОЖЕБИ една наша комшика е „крадец“ на нашите миленичиња мене воопшто не ми е гајле што јас ги ранам нејзините мачки тие се животни и не се криви,и татко ми не се буни само ми вика сите животни кај нас на тараса се собраа ама добро тоа да се нашали инаку не му пречи. И да планираме да земеме куче тато рече кидеме од вардариште или незнам како се викаше тоа за бездомници мислам дека е и плус вакцинирани,неделава или другата кога ќе имал слободно време и ќе си земеме куче и НЕМА да ја повторам истата грешка двапати,СИ ВЕТУВАМ!
Домашни миленичиња Здраво дечки јас имам една мака и морам да прашам Сум чувала многу миленичиња до сега ама како кутрево што го имам сега неееее!!! Имама Самојад женка се вика Лана и има само три месеци ама многу е немирна дома се живо ми изгриза од зидови од кондури од плисани играчки а и никако неможам да ја научам да немочка и да не кака секаде по стан кај ке стигне.Дај кажете ми како да и ја одвикнам од тие лоши навики сум купила и спреј ама и тоа не ми помага,а има и уште една мана многу гриза .Нека ми каже некој што чува самојад како да се справам со неа зашто прв пат чувам куче како милениче!!!!
Домашни миленичиња Велиш си чувала многу миленичиња освен куче...ок...Јас не сум чувала куче самојад туку други раси и нераси, сепак сум читала доста за кучиња (мачиња) башка од искуство и поради тоа знам и мислам ќе ти помогнам. Е сега, Лана штом гризе (без разлика дали мебел, патики, луѓе) и е поради тоа што ја чешаат забите, сеуште и растат, поради тоа што е и стара 3 месеци нели. А тоа што секаде кака и мочка е поради невоспитанието, си требала да ја научиш уште кога ти ја дале, уште како помало кучето треба да се придобие тие навики, сепак во стан ја чуваш и и требаат навики за да не ти прави проблеми, куче е ипак. За да ја одвикнеш закарувај ја и кога таа ќе се почувствува вина тогаш во тој момент не ја гали, пошто треба самата да научи што треба а што не треба да прави. Кога гризе удирај ја помалку по муцката, пошо со устата гризе и кога ќе ја удриш таму тогаш таа постепено ќе научи дека не треба да гриза, ако ме разбираш. Треба по 100 пати да му се каже на куче што треба да прави за да го научи, треба напор сега, ама тоа е, доколку сакаш да ти биде се ок. Повеќе дисциплина во еден ден не, туку една дисциплина во еден ден! Се надевам ти помогнав, со среќа и гушни ја Лана од мене