Кутрето има болви, носи го на ветеринар. И никако не го изнесувај надвор, многу е мало и без имунитет, викаш ни една вакцина нема. За вршење нужда, ќе си купиш пелени (види слика подолу) и ќе го следиш кучето. Обично мочкаат/ какаат веднаш после јадење, после спиење и кога ќе се разиграат. Штом го видиш дека се мести да врши нужда, носи го на пелена. Кога ќе заврши работа кажи му браво и дај му гранула како награда. Напорно е, досадно и многу време мораш да посветиш, ама за недела/ две ќе научи. Ако се измочка надвор од пелена, исчисти со оцет за да не остане мирис. Кучиња не вршат нужда на песок.
Нормално е. Мојот мачор така реагираше на вакцината, а кај мачката немаше никакви реакции. 2-3 дена само спиеше не сакаше да си игра ни да јаде, преплашена бев и му ѕвонев на ветеринарот и тој ми кажа дека е нормално исто и кај луѓето како што се јавуваат реакции и кај нив можат да се јават.
Здраво, имав порано мачка и велев дека нема да земам додека не сум спремна за ново милениче. И така мина време и заборавив, ете сега 2-3 дена низ двор се врткаше едно малечко маче, му дававме да касне јас и татко ми, се гледа дека е годинава родено ама заради тоа што немавме дома никаква храна за мачки, јас му давав млекце, леб и млекце малечко многу е вчера мајка ми и мевце му фрли јадеше ама на поситно исецкано, ама денес го видов дека има пролив. Сега моите се на работа дури утре можам да го носам на ветринар, секако планирав тоа ама во меќу време што да му дадам да јаде? Гледав трева да не јаде демек тогаш имале мака со стомакот, не знам што да му дадам, ке одам храна за мачки да му купам веднаш ама ми е страв да не има некоја мака греотка. Вака инаку добро си е си игра се гали трчка низ двор
Не знам за мачки ама кучињата не е убаво да пијат млеко. Давај му јогурт со леб и види храната што ќе ја купиш за мачки да не е за возрасни мачки. Дај му и апче за глисти затоа што е можно од млекото да се створат глисти.
Добро е денес, бевме на ветринар уште било малечко(многу е слабо, сигурно било изгладнето) за прва вакцина, го прочистија од паразити му земав храна и сега сме дома Фала ви, и тие ми рекоа дека од млекото сигурно му било.
Zdravo, dali nekoj ima Lagatto Romagnolo kutre i so koja hrana go hranite, jas moeto go hranam so Rojal Canin. Veterinarkata ni ja preporacha Bosh ama nesaka da ja jade.
Од одгледувачница само ако одгледувачот потписи договор на нотар дека е вакцинирано,дека е здраво, таму во чипот ги чуваат секакви болести може да има кучето.
Парите ги даде ,стресот си го доби, веќе и тие се знаат кои се ,ветеринарите ги знаат,љуѓе барајте препораки, барајте гаранција на нотар, прашувајте,читајте ,преваранти има многу.
Здраво на сите, секоја година овој период мачките ми ги фаќа вирус (течење нос, им солзат очите, имаат гурелки). До лани користев една маст од Vetmedic и ми помагаше. Годинава исто така ја користам таа маст и зедов апчиња Сулфагуанидин, но ни маста ни апчињата не помагаат. Ќе ве молам да ми препорачате нешто❤