1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. benitabenita

    benitabenita Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    21
    Zdravo kuceto mi ima 6 meseci i imat problem mue zagnoeno kureto go odnesov ma veterinar mu lupa samo inekcii i mi rece da go mackam so nivea krem ako ste imale vakov slicen problem spodelite mnogu mie bitno momentalno go cistam so kantarija i go mackam so hidrociklin
     
  2. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    5.885
    Бишон фризе, со што може да се хранат?

    морков не дека ќе му станало вчакното шортокалово/кафеаво... даваме само храна ко бобинки
     
  3. meredith.grey

    meredith.grey Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Дали во воз е дозволено да се патува со куче? И дали низ Скопје има превоз за со миленици?
     
  4. Kalina_E

    Kalina_E Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки,
    Ве молам за помош.
    Пред некој месец си купивме мини малтезер па во моментот е некаде околу 3,5 месеци.
    Претходната недела ја прима и 3та вакцина.
    На почетокот не гризаше толку од причина што и немаше заби,меѓутоа во последно време станува неподносливо.
    Да разбирам дека сега ги менува забите , но сепак премногу е немирно и воопшто не можеш да го земеш и да се смири и да го погалиш.Или постојано трче или гриза.На ветеринар ни рекоа дека тоа е до карактерот на кучето,но можеби некоја од вас има совет.
    Што се однесува до играчки има доволно,дури имаме и гумичка за заби
     
  5. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.731
    Допаѓања:
    14.342
    Пол:
    Женски
    Гриза работи низ дома или ве гриза вас?
     
  6. Kalina_E

    Kalina_E Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Нас по дома не гриза :D
    Добро,гриза и некои папучи по дома,ама мислам барем декс тоа е нормално.
     
  7. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    19.195
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е нормално. Сега се во “teething” фаза, сѐ до шестиот месец. Сѐ додека е “нормално” гризење, а не агресивно, чинам е во ред. И кај мене така гризеше, затоа му купив повеќе играчки за да глода. Кај мене ја изгриза и масата и полиците, дури и ѕидот. (facepalm)
     
  8. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.773
    Допаѓања:
    53.087
    Пол:
    Женски
    Да не знаете шо раса е кучево? Татко ми го вдомил, а не знаеме ништо за него дали ќе биде мала раса?
    972E0086-6098-477C-A393-75340408BBCC.jpeg
    8D9BC681-A27D-47FA-924C-E803732B7573.jpeg
     
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.252
    Пол:
    Женски
    Обично кажуваат здруженијата колкаво може да порасне. Изгледа како мал- среден раст. Раса нема, мешано.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.731
    Допаѓања:
    14.342
    Пол:
    Женски
    На ветеринар најдобро ќе ви кажат возраст и колкав раст ќе биде. Мене ми личи на мал до среден раст. А и штом е вдомено, обавезно вакцинирајте го и прочистете го. И за ваше и за негово здравје.
    Инаку преслатко е кутрето, колку слатко фациче и очиња има :inlove::l:
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.731
    Допаѓања:
    14.342
    Пол:
    Женски
    Ако ве гризе агресивно, за тоа немам совет, подобро некој поискусен околу дисциплински мерки од тој вид. Јас имав направено грешка, па барав совети тука :)

    Моето грицкаше уз игра. Не болеше ама беше напорно. Вака се одучи од тоа: пример, седнувам да си играме и почнува да ме гризе по раце. Отсечно му кажував не, престанував да си играм и излегував од соба. За некое време (5-10 минути) пак истото. И така доста пати на ден :) се додека не сфати дека тоа е непожелно однесување.
    Само биди упорна и доследна.
     
  12. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски

    Океј е што има играчки да ги гризе ама не дозволувајте вас.
    Дома сме имале кучиња од кога знам за себе, ни папучи не ни имаат гризано.
    Прво позитивна метода, земи храна во рака, покажи му ја на кутрето, кога ќе се залета викаш НЕ, и ја криеш храната во рака свиткана. Отвораш рака и го правиш истото се додека не седи смирено да му речеш АЈДЕ за да ја изеде, ама најважното е дека мора да знае што значи зборот НЕ, за тоа е маката, истата вежба можеш и со омилена играчка на кутрето. Јас лично со храна порција ги имам учено, ја ставам долу, се затрчува да јаде, кревам високо порцијата и викам НЕ во моментот, се додека не дојдеме до фаза да стои мирно и да чека, дури и да изгледа ко да му е веќе здосадено. Од кога ќе се научите вака за ова, тоа НЕ ќе го користиш и за гризењето. Отсечно и гласно, без развлечување (да не викаш неееее, туку кратко и гласно).
    Паметни се кучињата, брзо учат, од тонот на гласот и говорот на телото највеќе.
    Совет друг, за поупорни и поинаетчии кучиња, весник свиткан. И не, да не ме нападне некој тука, не да го маваш кучето, туку во моментот кога ќе прави нешто што не треба само згужвај го весникот во рака за да прошушка, или удри со весникот кај тебе во рака, на кревет, на маса кај било, треба само да слушне кога ќе прошушка, не мора да види, и немој во правец на кучето да маваш никогаш, бидејќи нема да ти верува ако го маваш или му се замавнуваш, и во истиот момент кога шушнува весникот викаш НЕ.
    Ќе си го поврзе тоа НЕ брзо затоа што ги плаши звукот на весникот кога шушка.
    Поентата е таа, да го научи зборот НЕ, и освен за гризењево, ќе ти користи за се (да не зема од улица пример ѓубре во уста кога шетате, да не рипа некогаш по некого, деца мали пример итн).
    Совет друг немам, овие се, твое е да бидеш упорна да успееш со првиот, знам слатко е, мало е, ко бебче ви е сега сигурно дома, сите по него сте, ама не дозволувајте да ве гризе вас.
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Maraya✓

    Maraya✓ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    66
    Дали од тие britcare има за мали раси (5 месечен Малтезер) ? Или доколку сакате било која квалитетна храна што би одговарала да ми препорачате?би ви била благодарна
     
  14. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски

    Не знам дали има кај нас BritCare конкретно за мали раси, ама имаш доста квалитетни храни, види во темата за Малтезер и бишон имам напишано доста.
     
    На Maraya✓ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Maraya✓

    Maraya✓ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    66
    Колку повеќе читам толку повеќе се збунувам .хаха..дали би можела да ми кажеш дали оваа е квалитетна храна и дали би одговарала за моето куче IMG_20211018_174446.jpg IMG_20211018_174446.jpg IMG_20211018_174434.jpg
     
  16. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски

    Квалитетна е, убав состав има, ама дали ќе му одговара ќе видиш со кутрето, дали сака да ја јаде, дали има енергија и треба да има цврста столица, треба овие работи да ги приметиш кај кутрето по користење еден месец на само таа.
    На табелата имаш по колку да го храниш, ако треба нешто друго прашувај :nod:
     
    На Maraya✓ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Maraya✓

    Maraya✓ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    66
    Ја купив ама не сака да ја јаде ..ме интересира дали можам да му давам варени пилешки/свински џигери?
     
  18. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Со што е хрането претходно?
    Да можеш слободно тоа, со малку ориз сварено, морков, јаболко, јајце исто може.
     
    На Maraya✓ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Maraya✓

    Maraya✓ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    66
    Еукануба му давав до сега ама престана и таа да ја јаде
     
  20. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Искрено, се лигави... знаат ако им дадеш нешто повкусно како џигер, да одбиваат сува храна.
    Ако е весело, игриво кутре, пробај вака: ќе му ставиш доручек од сувата храна и по 10минути ќе ја кренеш се до ручекот, ручек пак исто, ставаш 10минути и креваш, вечерата исто така.
    Твојата должност како сопственик со тоа е завршена, негово е дали ќе јаде или нема да јаде.
    Ќе се инати еден ден, вториот ќе јаде.
    Ама не му давај друго, ни џигер ни грицки, ништо.

    Ако веќе ова ти е екстремно, и спремна си да го храниш со готвено, тогаш давај му готвено.

    Пробај исто, сувата храна да му ја натопиш со јогурт или пак супа во коцка најдобро. Нека изврие супата 5минути и попари ја сувата храна со нејзе, нека се олади и дади му ја порцијата. Доаѓа поинтензивен мирис така, барем моите што биле пребирливи јадачи вака јаделе сува храна.
     
    На Elenpelen, СуперДевојка и Maraya✓ им се допаѓа ова.