1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.908
    Допаѓања:
    4.812
    Пол:
    Женски
    Ве молам дали некој има идеа што може да биде, сега го приметив ова на кожата на моето куче. Ќе ја носам на вет секако само во вмеѓувреме некој да не има искуство или можеби знае? Не е бемка испакнато е од кожата не е ни раничка.
     

    Прикачени фајлови:

  2. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.105
    Допаѓања:
    40.305
    На бишонот му се собира бел секрет во окото и црвено и е. Што можам дома да и ставам?
     
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    Со ова не можам да се согласам.
    Зачинета храна да се избегнува да се дава на куче е најдобра опција. А коцката е баш тоа..

    Најправилно е она што го спомна погоре со кревање на храната ако не сака да јаде.
     
    На Vanilla15, Slatkish255, Калатеа и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.064
    Допаѓања:
    6.817
    Мислам дека е касната од болва.
    Белогент (или било која антибиотска) маст мачкај и ќе помине.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rainbowbaby

    Rainbowbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.036
    Пол:
    Женски
    Во потрага сме по малтезерче. Е сега живееме во стан, а ми рекоа дека малтезерите многу лаеле па ме замислија викам да не се бунат комшии.
    Искуство од тие што имаат малтезер, лаат повеќе од други кучиња, изводливо ли е да се чува во стан?
     
  6. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    109
    интернетот е мрежа со информации, и има податоци дури и за малтезер. ама полесно е да прашаш на форум...
     
  7. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    И е изводливо и не е.
    Некој може тигар чува во стан, некој ни риба во аквариум не може. Индивидуално е и зависи како семејството го сфаќа тоа. Ако имаш дете мало кое е по ново кажано “хиперактивно”, скока, вреска итн. ќе го поклониш некому ако им смета на комшиите или ќе се трудиш да го воспиташ да не се однесува така?!
    Малтезерите и повеќето мали раси лаат како одбранбен механизам најчесто. Но, сѐ тоа се регулира со тренинг. Ако му посветувате внимание, љубов, ако не живее на штрек, не верувам дека дотолку драматично би лаело. Btw, сите кучиња лаат. И секаде има некој чурук комшија кому му смета кучето дури и најмирно на свет да е.
    Малтезерот е салонско куче и треба да живее внатре. Еден куп луѓе ги чуваат во станови, па досега никого не избркале од зградата ради кучето што лаело.
    Така да, информирајте се подобро пред да се одлучите за некоја раса и имајте предвид вашите можности дали можете доволно да му се посветите.
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Мојов лае, корне, ама не ми бо го заменила за ниедно куче на светот! Порано вакви мали раси ич не сакав, ги викав џавкала и сл., по одреден сплет на околности се случи баш мало џавкалче да чувам и за мене е фантастично куче, неописливо! И вистина е што ќе прочиташ дека не мириса, не се митари. Не секој малтезер лае, мојов е гален, мазен, пазен, ама си е алфа, доминантен. Имам уште едно куче трипати поголемо од него, ама малтезерко е газда. Лесно се бања, за 5 минути, ред фаќаш со секој ден чешлање без исклучок, шетање најредовно, без хистерии, тепање и сл. и ќе сакаш уште еден! Јас сум толку навикната на лаењето, дури го сакам, мајка ми ја нервира кога ќе дојде, вика не се трпи
     
  9. Rainbowbaby

    Rainbowbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.036
    Пол:
    Женски
    Пс стварно не знам зошто воопшто е форумов, ако не е за прашања и споделување искуства.
    Ама добро, сфаќам дека има и исфрустрирани луѓе, па ок е.
     
  10. Slatkish255

    Slatkish255 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2016
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на ова со супата, имам читано дека даваат Bone broth, знам како прашок има готов па го раствараат со вода. Има ли кај нас вакво нешто?
     
  11. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Најдобро е да се избегне, да, се согласувам, ама некогаш со пребирливи јадачи мора да пробаш 2-3 дена така па да продолжиш со чисто сува храна или прелиена со вриена вода за да даде интензивен вкус и мирис.
    Не е правилно, ама од искуство е, со најинат куче што го имав, било успешно. Нека е последна опција на тие со пребирливи јадачи. Немаше да ми текне ич да не ме поправеше ти :$

    Исто, може да се прелие сува храна и со течност во која се варело чисто месо без додадени зачини :sun:

    Кај Србите сум видела дека даваат говедски желатин на кучињата, бенефит имал кај коските на кучињата посебно кај големите раси, прашок, само растворен со поголема количина вода од пропишаното за да биде ко супа. Дали ќе му дојде исто со bone broth, стварно не знам, не ме фаќај за збор. Ама би требало да е тоа.
    Кај нас барај unflavored, би требало да има. Прочитав некаде дека тие за торти и колачи биле засладени со нешто, што не било ок за кучиња.
     
    Последна измена: 17 ноември 2021
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.433
    Допаѓања:
    10.473
    Пол:
    Женски
    Дали може да се намали пагањето на влакна кај зајак? Зајачето ептен ама ептен му пагаат влакна, го чешлам, на чешелот полно е, вака до сега не било.
    Со мало дете сум, па ептен имам страв од влакна.
     
  13. Losha_devojka_

    Losha_devojka_ Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2021
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Zdr nekoj da mi objasni za rasata, vucjak e mislammm..Ne znam uste kako se narekuva kucencevo novo ni e, mozda ima mesec ipol/2...E sega problem e sto doma ne gi vakciniraa t do sega umrea 2 kucinja, ne znam kako da gi ubedam da go vakciniraat, dali moze da gi povikam veterinarite do doma? Inache sto hrana bi trebalo da jade me interesira, i kakva temperatura e pogodna za nego, deenska celo vreme e na otvoreno, i se tresese od ladnotoo mi padna zhal...Plss helpp
     
  14. Slatkish255

    Slatkish255 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2016
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Да ОБАВЕЗНО да се вакцинира и да се исчисти од внатрешни паразити. Можеш да се јавиш кај ветеринар има што доаѓаат до дома. Од каде си за да ти препорачам?

    Згрижи го некако загради го да не му студи, не те разбрав дали го чувате или е од надвор..?

    За јадење чим има 2 месеци купи му храна за кучиња, не знам колкави ти се можностите имаш храни од 200-300ден кило- Бош, Про план, Еукануба а имаш и поскапи 400-600 Акана, Н&Д.. Па ти одлучи си.

    Најбитно ти е сега да го вакцинираш и да го чуваш на топло, греота е на ладново да седи надвор според мене.
     
    На Losha_devojka_ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Maraya✓

    Maraya✓ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    66
    Дали имаат добар состав овие? Дали се добар избор за 6 месечен Малтезер?
     

    Прикачени фајлови:

    • 449.jpg
      449.jpg
      Големина на фајлот:
      29,3 KB
      Прегледи:
      2
    • 01.jpg
      01.jpg
      Големина на фајлот:
      44,6 KB
      Прегледи:
      2
    • monge-05.jpg
      monge-05.jpg
      Големина на фајлот:
      69,7 KB
      Прегледи:
      2
    • dax-mesen-narezk-kuce.jpg
      dax-mesen-narezk-kuce.jpg
      Големина на фајлот:
      61,1 KB
      Прегледи:
      2
  16. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Јас овој избор на храна го нарекувам хамбургер за кучиња. Отприлика тоа и се, како брзата храна за нас, така овие за нив. Подобро од сува квалитетна храна или специјално готвена домашна по пропис и со доволно макронутриенти нема.
    Малтезерите јадат релативно малку што верувам дека секој кој се нафатил да го чува може да издвои месечно 200-400 ден за солидна храна.
     
    На Maraya✓ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.725
    Допаѓања:
    172.713
    Пол:
    Женски
    Подобро сувата храна да ја потопат со јогурт него ли со готова супа. Крај краева нема што да го молат да јаде. Нека ја креваат храната ако не ја јаде, кога ќе му се пријаде ќе јаде било што
    Зависи од кучето и каде се чува ама на некои раси експресно брзо им замирисува влакното и здивот од вакви експерименти и после му треба долго време да се опправи.
    Затоа спомнав..не за друго.
     
    На boomsleng и Vanilla15 им се допаѓа ова.
  18. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.064
    Допаѓања:
    6.817
    Кучето мора да се вакцинира, големи се шансите да умре ако не се вакцинира, а и првите вакцини не се толку скапи, по 200 денари вакцина, па 200 ревакцина итн. Не се чувствува дека многу пари даваш, а најбитни се.
    За глисти апчињата се 50 денари, верувам дека секој има толку да одвои.
    Додека е мало може да му даваш варен ориз со пилешко, а ако немаш услови давај само ориз.
    Има и поефтина храна за кутриња, 120-150 денари кг скоро во секој пет шоп. Иако треба да е поквалитетна храната затоа што најмногу влијае на растот сега, секој треба да си одбере зависно условите.
    Додека е мало мора да е на топло, ако не внатре, барем во заградено место, затворено, со тоа што ќе мора да ги носиш на мочкање и какање надвор.
     
    На Losha_devojka_ и Slatkish255 им се допаѓа ова.
  19. Maraya✓

    Maraya✓ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    66
    Не сака ни да ги помириса гранулите ..почнав да му готвам ориз и пилешко па мислев да му земам од овие ако се со добар состав кога ке немам време да му готвам да му давам од тие.
     
  20. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.426
    Допаѓања:
    12.083
    Пол:
    Женски
    Зашто го земале да го чуваат ако немаат пари да му одвојат за него на месечно ниво? Дали се свесни воопшто дека ако вучјакот нема сопственик кој има искуство со кучиња од таа раса, мора после 3 или 4 месеци да има соодветна дресура од стручно лице за да не почне да покажува агресија кон луѓе кој не се дел од неговото секојдневие, дали знаат воопшто колку таа раса на кучиња може да стане опасна без соодветна дресура. Прво и основно, мора да му набавуваат квалитетна храна во првата година од животот барем, за кучето да се развие правилно, после тоа може и со обична храна од Кам за кучиња да тера, вакцина, прочистување од внатрешни и надворешни паразити, тоа се е обврска на сопственикот, ако не се спремни барем 3000 денари месечно да одвојат за кучето зашто воопшто го земале.
    Извини ама многу се нервирам на вакви работи, луѓево си мислат дека куче е суштество кое не бара грижа и финансии, а уствари бара и тоа многу, и вакцина под итно да прими без одложување, ќе ви се разболе кучето од Парво, ќе ви умре.. Можеш и дома да викнеш ветеринар, плус 200 денари ако ти земе за домашна посета, не верувам повеќе... Само да знаеш дека ако едно куче ти умре од Парво, парво вирусот може да ти остане дома и до две години после тоа, не е заразно за луѓе, ама друго куче ако земеш и тоа ќе се зарази и отпорен е, џабе е и да дезинфицираш.
     
    На Losha_devojka_ и Slatkish255 им се допаѓа ова.