А зошто не пробаш да му ставиш 1-2 лажици од оваа храна врз сувата? Ќе ја измешаш, ќе му замириса и ќе ја јаде.
Нека не ги помирисува. Колку ќе седи гладен? Ден, два? После ќе јаде ко будало. Ако сега не го навикнеш да јаде гранули ќе имаш проблем понатака кога ќе го стасаат годините, зашто гранулите содржат сѐ што му треба на кучето, плус му ги чистат забите и непцата, едноставно го држат здраво. Ваквата храна не. Ставај му малку јогурт колку да му се измеша мирисот и остави ја чинијата. Ако не јаде, крени ја и не давај му ништо цел ден. Утредента ќе те моли за да јаде. Само треба упорно и без попуштање.
Моето куче има доста долга и густа длака, дури пуфки му се насобираат и ептен лошо му мириса. Ќе му земам чешал за вишокот влакна, ама не знам за миризбата што да направам? Сме го бањале, ама и после тоа лошо мириса и за неколку дена пак скроз на старо се враќа. Има ли некој спреј или нешто што би спречило непријатни миризби?
NE Be srcka ne e problem parata tolku bozem skapo e ne e, amaa baba mi mnogu se razbira , e sega moite rekoa dekaa kje go vakcinirame, se drugo ni e zafateno, vo domot ne go cuvame, pa jas se isplasivv vo podrumcheto, ali ne e mnigu ladno, pred toa deka spiese na zemjai jas se plasev oti se tresese malku toj, i vednas si go pokriv i staviv na spienje inace falaaa za sovetite❤❤
Zdravoz moze li da ki kaze nekoj kolku cinat vakcinite za kucinja, i dali se plakja za mikrocipot sto ho vgraduvaat koga ja primaat vakcinata za besnilom Fala
Се ми е тоа јасно, чувам долго време кучиња, и јас сум за кревање на храна, ама некогаш не успева ете, мене со женка хаска не ми успеа, јадеше јаболка низ двор сама, на баба ми сладолед и украде од рака и од уста што се вели од што беше гладна и на крај ми избега во соседен двор па фати кокошка да си мези ама сува храна не ми јадеше, ребрата и се броеја а здраво и право куче, не знам колку храни сум сменила тогаш, поинат куче не сум имала, не е оправдување ама ќе си бараш начин секаков да пројаде
По 600 денари се, вкупно се 3, значи 1 800 денари бебешките вакцини. После нив следува вакцина за беснило а со нејзе се аплицира и чипот, 1 200 денари, ама тоа може и после 6тиот навршен месец. Првиве 3 се поважни, стави ги тие.
Jas na moeto kuce neodamna mu izvadiv i pasos. Sega sekoja vakcina sto ke ja prime, mu se zaveduva vo pasosot. Mozam da go vodam so mene i vo stranstvo.
Му се плеткаат влакната од што не се чешла редовно и во чворовите се збира нечистотија која не се чисти со капење туку уште толку замирисува. Ако не можете да го отплеткате сами однесете го на грумер, ако не се чешла, нека го ишиша. Друго може да мириса ако јаде домашни остатоци од храна, наместо кучешка. Ако го храните со тоа што јадете вие ќе мириса без разлика на хигиената на крзното.
Zdr kucencevo nesho, omalaksano kako da e , ne jade mnoguu w sega voda pieshe kolku tolku, i povrakja zolta boja od sabajle, a do sinokja ubavo si trchkashe, i sve..Veterinarot go bucna, 3 inekcii, sega stana malkuu amaa pak, nesto ne e veselo reche ili ke prezivee ili ne...Stvarno ne znam mnogu mi e zhal, taman sakav vaa nedela da mu dademe apce za glisti, i za nekoj den vakcina, se nadevam ke preziveee a temperatira 37 normalnaaaa.mDali nekoj imal iskustvo so ova? Opasno eili?? (
Колку е старо кутрето? Да не го мешаше со други животни а нема вакцини? Замоли го ветеринарот да направи тест за Парво.
2 meseci pa so mackii eee, samoo se igra so nivvv ii so postarotoo kuche ama toa okej si e we pa ne znam, qli fala bogu dobro eee veterinarot rece uste eena inekcija ke primi , zdravje sea da ne s3 iskomplicirw nish
Ali moze i 3ti vekje da e ne znam bashh covekot vika 2 ama lici ko malku pogolemko do 3 ne e mn razlika sepak
И тогаш ти пишавме дека треба да се вакцинира, ти не го однесе? Можно е да фатило некоја болест, и ветеринарите не ветуваат никогаш дали ќе преживеат. Боцкаат со повеќе видови на антибиотици и витамини, ама тоа не значи дека ќе помогне. Ако го опорави, или носи го на вакцина или дај го некаде, нека не се мачи. На крај наредно разболување на улица ќе заврши.