Мојата мачка јаде Miglior Gatto паштети и цврста храна од Purina. Но, во последно време не ги сака паштетите, ги јаде само ептен кога ќе огладни. И купив Sheba храна со сос и јадеше неколку дена без проблем. Вчера кога јадеше, по неколку саати поврати и од тогаш не сака ништо да јаде. Help?
Зошто не ти е вакцинирано? На 40-45 дена првата требало, сега веќе за втора да е. Не знам колку си свесна дека мачките се преносители на болести, кои за нив не значат ништо а за куче може да бидат фатални. Па и другото куче, од кај знаеш дали е целосно здраво? Затоа кутре се зема целосно вакцинирано или се чува во карантин додека ги прими 3те вакцини. Нека е се како што треба, ама ова твоето не е правилно стварно.
Znaci jasss im rekov na domasnite oni soo ne znaat kako treba so kucinja nee e moj problem, jas ne mozam da vikam veterinari koga kukjava sho se vika nee e moja, ( ako tolku treba da iznesuvam podatoci, ziveam kaj baba i dedo) porano sto gi cuvale kucinjata bez vakcija pa ziveele,, i ajde de sega ja zboram*, kanti tropaat, oslabnal imunitetot samo, vednas viknaa se zagriziaa, super e kutretoo❣❣Veterinarot slednata nedela kje go bucne, so taa vakcina i toa e toaa , ponatamu se sh9 treba a utre kje mu dadam pola apce za vnatresni paraziti toa shto e.
Lugje znaci nejkam da bidam jas napadnata jas sum dete s9 se vika, i jas napnuvav da go vakciniraat, toj covekot so ni go dade ne go vakciniral i toj zaladen nekoj, taka go shitnal samo.. I toa e toa super e se e okej ne dozvoliv da mu se sluci nisto veterinarot si ja znae rabotata on rece za 10 dena ke se vakcinira, posle se toa sto mu bese loso
Колку години си? Фаќам под мишка кутре и носам на вет, ќе му плаќам на рати ќе го замолам ако си школарка еве. Од 14години сум купувала леб и спрејови за рани за улични, во школо не сум јадела, аман има начин за се
Исто ко шо не е секој за да биде родител, така и не е секој за да чува домашен миленик, ако ова воопшто е чување. Јас сум нашла еден куп новородени, вистина дека со две веќе дома немам услови да ги чувам внатре, но секогаш гледам да им направам куќарка некаква да не им врне, ќебе, храна и вода. Апчиња против паразити, прашак за болви и папи вакцина кога ќе пркнат. Ветеринарот никогаш не ми зел како за домашните. Секогаш вика колку ќе дадам толку. Често им наоѓам вдомувачи, а и тие што залутуваат низ град кога и да дојдат пред врата ќе бидат нахранети и прочистени од паразити. Да земеш куче и да не одржаваш е прво греота, друго опасно и по човечкото здравје. Ако некој нема пари нека не зема. Толку е просто.
Убаво е што си се загрижила, само внимавај малку повеќе на него малечко е и кучињата се повеќе чувствителни на вируси и паразити (за разлика од мачките) , кои можат да бидат фатални посебно кога не се вакцинирани. Затоа и мора редовно да се вакцинираат секоја година, бидејќи како што кај луѓето постојат грипови така е и кај нив. И те молам остави ги баба ти и дедо ти што зборуваат за тоа како порано кучињата живееле, тоа е одамна не се споредува со сега. Понекогаш старите луѓе и се помалку емпатични, затоа ти обрни му повеќе внимание и љубов како да ти е твое дете на пр.
Ednostavno Jas nemam finansii licni pa da kazuvam zakoni doma , i toa e privatno stvarno nema sigurno da se raspravam za toa sigurjo, jws uste odma k3 g8 vakcinirav, da mozevm. FALA ti Temjanushke, bash taka i go sakam kako moe bebence
Сакам да земам малтезер или бишон ако може да ми кажете дали може да се чува во стан дали лаат многу не би сакала да почнат да се бунат станарите оти некогаш ќе мора да седи само и дали прават бељи по дома дали може да изгризат гарнитура и нешто така слично
Да, лаат, сите кучиња лаат. Мачката на пример мјаука, кравата мука, а ние луѓето зборуваме. Може да изгризе и гарнитура и сѐ останато од намештај, теписи, ѕидови, паркети, врати… Моча и кака замисли. Подобро не земај.
Зошто кучето ретко, но се случува да го изеде својот измет? А, секогаш е најадено, никогаш не е гладно, со домашна храна, кучешка обична, спрецијална......Совет или некој со слично искуство
Малтезер или бишон се одличен избор за во стан, не се ни чуваат надвор, салонски кучиња се. Дали лае-да, лаат, но не сите, зависи од самото куче, зависи и од тоа како се чува, повеќе фактори се вклучени. По дома може да гризе се живо, може и ништо, пак зависи од многу фактори. Имај предвид дека првата година се прилично захтевни, бараат максимум внимание за потоа да може само да седи и да не прави лом, да не е под стрес. Ама првата година е сепак период, ако нема кој да седи со него, да го вади често да мочка, кака, да му збори ко на човек, да го фали и да му дава награди кога на вистинско место ќе изврши нужда, а не да го тепа и трауматизира, да му нуди играчки, да прави разни тактики за да не почне тросед да гризе, тогаш е подобро и да не се земе додека не се создаде услов.
Пудлите се втори на врвот според интелигенција, ама и тука зависи од какво легло ќе се набави, колку и како е се работи со кучето...
Девојката е во право, секое куче лае, секое куче исто така гризе. Дали ќе гризе играчки зависи, дали ќе лае и ќе бара некого исто зависи од самото куче, ама салонските раси се тие, тие се препорачуваат за во стан бидејќи не се за надвор. Какво кутре и да земеш, ќе мораш да го оставаш постепено само, еден ден 15мин па половина час, па цел час, два три, се додека не стигнеш до посакуваното време колку што треба да седи само. Друга работа е што додека се мали многу често какаат и мочкаат и не е возможно да очекуваш да издржи 8h пример додека си на работа, така да ќе мораш и простор да му ограничиш поради таа работа додека не си дома. Разгледај раси, и прочитај повеќе за ова што ти напишав, побарај совети од другарки, другари кои веќе чуваат, па земи си кутре после тоа. Најважно, не го земај кутрето како што знаат да ги даваат на 40 дена, бидејќи колку помалечко, толку повеќе ќе бара некого да има до него постојано. Ако те интересира нешто друго, прашај, тука сме. Поздрав.
Лаат, но се многу паметни брзо учат и слушаат, нормално треба да се посвети време како и за било кое друго милениче. Супер се за во стан не пуштаат влакна. Ретко да се најде кај нас, највеќе во Србија има ама и таму треба многу да се внимава од кај ке се земе, многу често ги мешаат со бишони, а дур е мало не се ни приметува. Од кај 500 евра па нагоре ги продаваат.
Не сум во можност па доколку има некој да ми напраи услуга да однесе мачор на ветринарно за преглед Сите трошкови ќе ги покријам + ќе ви платам за услугата ? Се наогам во близина на скопје
Ти најдобро земи си мачка, ќе ја најадеш и по цел ден ќе си спие, ако е стеризирана ушто подобро После некое време ќе мислиш дека свиња чуваш само јаде и спие, посебно зимскиот период.