Имам женка пудлица, машко и женско малтезери. Малтезериве се спарија и имаме машко и женско и сите ги чуваме. Е сега татково малтезер е опседнат со пудлицава, мислам дека година и кусур веќе само квичи по пудлицава, ја лиже и и' се качува. НОН СТОП. Не се трпи. А уште полошо е што татково му се сипува на синот малтезер. Само се слуша 'ржење и лаење, некогаш и ужасни тепачки има. Кажете некое чаре за големиов малтезер, жими се не е нормално веќе година дена да квичи и да виси врз пудлицава. Не се живее.
Страв ми е дека е постаро кучето, да не се случи нешто по операцијата. Да не е касно веќе за кастрација.
Мислам го нема тоа кај нас, или јас не сум сретнала до сега. Земи Бихелдон, НекстГард исто... инаку во ветеринарна или петшоп..
Го имаа претходно спомнато низ темава, затоа прашувам дали го има некаде кај нас да се купи. Можеби некој знае.
Како да научам мало кутре да не квичи, брат ми го земал од некој другар и има околу месец ипол, квичи за да се качи на кревет не може само, па квичи за да се симне не може, ќе отиде позади кревет и квичи за да одам да го извадам а може и само да искочи, особено ноќе е многу напорно постојано сака да шета низ куќа, ако не е отворена вратата квичи, квичи за да го земам да легне до мене па после квичи за да го спуштам од кревет доле, јас сфаќам дека е мало и тоа требало тој што го давал да мисли дека е мало а не само да се отараса, ама мислам многу квичи за се нешто.. Не лае, туку квичи буквално, се за нешто квичи и да му одиш по кејф, ако му одиш по кејф не квичи.
Мислам дека не треба да чувате куче чим ви квичи.Тоа е бебе што има само два месеца нормално е да квичи.
Епа го земал брат ми, јас што да правам сега, си имам јас возрасно куче и не ми требаше уште едно и тоа мало, ама немам што да правам сега кога го земал веќе со договор за вдомување, не би го фрлила никогаш..
Па ако имаш веќе возрасно куче знаеш дека е тоа период кога се бебиња и дека треба само трпеливост и ќе помине.
Ќе квичи, па ќе му избиваат запчиња па ќе грицка предмети, па ќе си бара нега, време да му се посвети за игра. Ако имаш поголемко кученце па знаеш низ што си минувала со него, овие месеци кога е малецко се најбитни да се приврзе за вас, да му втемелиш навики и дисциплина. Го земал брат ти сега ви е член на фамилијата дома па третирајте го како таков.
Големо го вдомив другото, веќе имаше стекнато хигиенски навики и воопшто не квичеше, многу беше мирно.. Али да, во право сте, треба трпение многу за ова дека мало, малку е напорно цела ноќ да станувам од спиење поради него само.
Исто ко бебе да имаш, мислам човечко бебе. Затоа пред да се земе миленик се разговара и дома со фамилијата, дали сите се спремни за нов миленик, потполно исто како што партнерите разговараат и се подготвуваат за бебе. Инаку, совет нема. Фаза е, ќе помине. Или трпение или враќање назад.
Два три дена ќе квичи и ќе прекине после. Му фали мајката, братчиња сестрички, само е, нормално е да квичи. Само трпение ти кажаа и другите, нема друго, една ноќ ли е кај вас до сега ? Не ми квичело само кутре земено на 3ипол месеци, другите ми квичеле, нормално е. Ако си има креветче негово, стави му нешто твое во него, стар џемпер што го носиш по дома пример, некоја играчка.
Ми треба искуство за чување померанец? И дали има кај нас да се купи? Колку е цената отприлика? Летово планираме да и купиме на ќерка ми за роденден, па да се спремам
Чистокрвен од 1500 еур нагоре. Мој совет ти е да земеш од Србија и да ти е мирна главата. Овде се шверцаат, се продаваат болни и којзнае какви мешани. Ај што ќе фрлиш куп пари туку и ќе се оддадш пари по доктори ако е болно и може не дај боже да умре. Иначе, салонски кучиња се. Мора внатре да живее. Треба одржување на крзното многу, друго исто ко секое куче. Дур е мало е тешко, после како ќе го научите така ќе тера.
Кај нас мислам дека померанци има во Бубамак одгледувачница. И да решиш од Србија, гледај добар одгледувач, зашто таму или има одличнини огледувачници (каде секако си коштаат кученцата) или невидени превари, мешавини, со паразити и што ти не.
Фала ви. Скапи ми се А има ли некакви слични кои би биле поевтини. Мене ништо не ми значи да е померанец чистокрвен, искрено. Ќерка ми сака такво куче, ама од тоа што читав по интерентов има и германски шпиц кое е слично со ова? Дали е ова поевтина варијанта? Какви други кучиња би ми препорачале кои се слични со померанецот, а се со попристапни цени? Сакам да е мало, бело (заради желбата на ќерка ми) и да може да се чува во стан. Ви благодарам Одамна немам чувано куче, а и кога чував, чував шарпланинец во двор, ова сега ќе ми биде сосема различно искуство. Уште ова... дали има некаде да се купи куче кое е постаро од 3 месеци?