Германски шпиц, бели мали, убав примерок е 400-500 евра, со педигре зборувам. Малтезерите и бишоните се поинаква фци група. Исто мали бели, ги имаш со попристапни цени од 300 евра нагоре. За другото прашање, правилно е кутрето да се даде на 3ипол месеци бидејќи ќе ги има сите вакцини, ќе е одвикнато од цицање и ќе е каде каде посамостојно, полесно за учење хигиенски навики. Ако ти го дадат тогаш, си земала од одгледувач а не од штанцер и си направила правилен избор. Среќно
Малтезери, бишони, јорки… И пак обрни внимание од кај ќе го земеш ради работите кои ти ги потенцирав во прошлото мислење. За да го земеш постаро треба да се договориш со одгчедувачот. Правилно е над 3ипол месеци ама сите ги шиткаат побрзо пошо се трошак и обврска.
Може куче да се дресира за вршење измет на одредено место ко мачките? Ама стварно да се научи, не да моча понекад на под.
Моето така прави, кога треба да врши нужда тропа со шепите на вратата, и си оди регуларно во тоалет како нас, го научиле во Лајка, не го учев јас, ама може да се научи.
Видете Јоркшир териер, и тие се мали и убави, можете да ги најдете до 100€ тие, ако не ви е важен изложбен квалитет, може и поефтини, раснат до 3-4 кила.
Баш гледам на сликата има едно бело. https://www.facebook.com/groups/977446202350024/posts/4760101004084506/
Може да, но не им е природно. Додека се мали и немаат примено вакцина, на пелена дома во некое ќоше или во вц стави, кај ти одговара таму. После од кога ќе им заврши карантинот поради вакцините ќе го научиш надвор. Потешко се учат на пелена него ли во трева, бидејќи како што кажав не им е природно, инаку може секако.
Како мислиш регуларно како нас? Си тропка за надвор на врата така? Баш ми е мило, изненадуваат Лајка ептен во последно време, а и браво што си вдомила
Zdravo Imam kuche meshavinka e, staro e godina i 8 meseci i e visok okolu 50 cm. Ve molam moze li da mi kazete koja od prilika e idealna tezina za nego? Blagodaram
Никој не може тоа да ти каже бидејќи е мешано кутре, инаку секоја раса си има стандард колку треба да е. Нека биде весело, нека трчка, нека си игра, здраво нека е, килограмите не се важни. Јас имам мешанка стара 9 години, годинава 10 ќе прави, ко костур е, ќе рече некој кучево не видело храна со денови, а она едноставно си е таква. јаде и трча, не допира по цел ден, а и количински не јаде којзнае колку, фрлам храна од нејзе секој ден. Висока е може 50тина цм или помалку, повеќе од 25кг не качила никогаш Треба да му ги осеќаш задните ребра на допир, но не премногу, тоа е идеално. Еве слики отприлика како би требало да изгледа.
Bas poradi toa pisav, koj kako dojde lelee kucevo slabo. A gledano e cuvano hraneto podobro i od mene i bas se zamisliv. Inace super si e veselo trca si jade se normalno ima 21 kg i do sega sve bilo vo red. A do sega ne sum cuvala kuce i vikam da se konsultiram i so vas.
Ако ти е исчистено од глисти и ако е здраво, нема што да му се замараш за килажа освен ако не е предебело бидејќи ќе има проблеми. Ко нас и тие се, некои пребирливи, слаби, некои па да имаат храна цел ден ќе јадат па мораш да им ограничуваш и така. Како што ти кажав, ако е весело, здраво, кг не се важни, не се смотани тие, ако е гладно ќе си јаде, не ќе протестира. Твојата должност како сопственик е завршена со тоа што му обезбедуваш храна, негово е дали ќе ја јаде и колку ќе јаде. Ти најдобро си го познаваш кучето, ако е нешто не дај боже болно ќе го сетиш нели ?
Штанцери има многу и тоа со регистрирани одгледувачница,продаваат со. Фалц вакцини,полни со паразитски болести кои се опасни и за љуѓе,генетски болни и инцесни затоа што не се знае кое со кое е шарено,чопоративно ги чуваат. Внимавајте француски бучдози, норми, се е тоа фаличник. Пред да купите од одгледувачница задолжително да си барате договор на нотар да гарантира дека е здраво кучето. Од кај Дарко Гевгелија тешка превара е да не купувате болни ги продава,исто од Кумановката малтезери,бишони,шицуа,француски бучдози,болни од парво
Ги знам доста добро, јас знам да напраам разлика. Мене кутре ми дадоа 3ипол месеци, морав да го чекам да го извакцинираат, и ден денеска чекаат слики да ја гледаат понекогаш, исто барање имаа да наминат и да ја видат кога ќе се во близина. Штанцерите не ги интересира кај ќе заврши кутрето, ниту пак ти бара слики да си го види кутрето, туку само да си ги земе парите и толку.
Да штанцери и тоа регистрирани одгледувачница има ептен многу, инцесни ги продаваат,затоа договор на нотар е200денари нека гарантира дека е здраво,дека не е инцесно затоа што во чопор ги чуваат не се знае кое со кое е шарено, па откако ќе потписи ќе дадете пари ,во спротивно голем сред,кучето болно се мачи и нема да преживее или ќе живее неколку години само и нон стоп по ветеринари. Препродавачи и одгледувачница се најкритично,продаваат се и сешто Во право си веќе се знаат сите тие и треба да се знаат. Затоа секој што сака да купи куче треба да се распрашам убаво за неколку легла уназад .
Здраво. Имам чау чау куче, родено е на 8.12. Досега немам чувано куче и ме интересира кога можам да го изнесувам надвор на шетање( моментално се прочистуваме од глисти и во понеделник треба да прими прва вакцина) Кога се чипира и вади пасош и колку чини тоа?