Земи и ти отвори здружение и копирај целосно од запад, а дотогаш ќе ти повторам уште еднаш, тоа дека може да биде нечие дете утре, кажи и го на државата која има обврска да се грижи, а не на здруженијата кои се волонтерски и на добра воља.
Целта на здруженијата е денеска ако им ќеифне 30 кучиња да соберат, ако им ќеифне едно или ниедно. Ти и многу ко тебе само се зафаќате за здруженијата кои не разбирате дека се ВОЛОНТЕРСКИ, значи без обврска. Државата има ОБВРСКА да ги среди, како сите други држави. Државата има обврска да ги згрижи децата без родители, црвен крст исто така е ВОЛОНТЕРСКА организација, ако има деца без родители нема да речеш леле црвен крст не ги собра, ќе речеш државата кај е. Просто ко 2+2. Си излегла некогаш на протест за кучињата? Си донирала некогаш 100 денари? Да не треба од џеб пари да даваат волонтери пошто тебе ти сметаат кучињата. Ако нема донации, не може да функционира здружението. Ти мислиш којзнае колку пари прават, све земаат за себе. Само странци донираат и странци вдомуваат кучиња, македонче само седи дома и мисли друг треба да го реши проблемот. Дури и да ги земаат 100 проценти од донациите в џеб (не ги земаат, ама да замислиме). Дури и да ги земаат, јас донирам по своја слободна воља. Ако мислам дека ќе ги украдат парите, нема да донирам. И толку. Додека ДАНОЦИ се плаќаат, сакала/нејќела, мора да плаќаш. Е тие пари да ги бараш кај се и зошто не се потрошени кај што треба. А не здруженијата па здруженијата. Отворени се здруженијата за волонтери, оди и ако мислиш дека само пари земаат, повели збогати се и ти. Ако мислиш дека само на највисоките членови им даваат пари, еве отвори ти здружение и терај бизнис штом било лесно. Странците кога донираат бараат сметки фискални од храна, од ветеринар, слики од храната, видеа од кучињата на лекар, итн за да биде транспарентно, да нема лажење. Ама од кај би знаела одстрана тоа. Најубаво е друг да го реши проблемот. Не дека ти имаш обврска да спасуваш кучиња или да донираш, ама барем не зборувај за тие што решиле да оддвојат дел од слободното време да ги решаваат проблемите на државата и биди малку повеќе благодарна.
како ли функциониравме пред 30 години без тие здруженија? и замисли,немаше волку бездомни животни! ако нема бездомни животни, "ќе нема што да работат здруженијата" и ќе нема донации. значи на некого не му е во прилог да се реши проблемот. јас поштено си заработувам,и немам намера да печалам од бездомните. и сама знаеш како се искористуваат донациите.зошто не се вклучат заедно со државните институции за решавање на проблемот, туку се секогаш опозиција? не ми реплицирај,само прочитај и размисли
И јас мислам дека поголем дел од здруженијата за заштита на животните крекаат само за се и сешто а некој и ептен се богатат на сметка на уличните, нешто како власта и опозицијата, наместо да се вклучат во самиот процес на намалување на бројот на улични кучиња.. За време на режимот, им била ставана маркица на улични кучиња, а маркицата значи дека кучето е заловено, кастрирано и вакцинирано и вратено на улица, а во реалноста тие кучиња се беа размнижувале по неколку пати годишно иако некој земал пари за извршување на тој третман во стационарот на смртта, Вардариште, и како последица на тоа, бројот на улични кучиња само во Скопје е околу 12000, секако тука има удел и неодговорното сопствеништво, ама главниот проблем е што не бил третиран проблемот со време..
Пробале да се вклучат ама државата не сака. Пробуваат цело време, ама на државата не и е гајле ни за соработка, ни за кучињата, ни за каснатите граѓани. Јас знам како се искористуваат донациите, ти си таа што не знае. Ти реков, ако мислиш дека се печали од работа со бездомни кучиња, повели и спечали. Не знам што ми вртиш со муабети колку имало кучиња порано, колку немало. Една работа јас ја повторувам цело време. Да не беа здруженијата, многу повеќе кучиња ќе имаше на улица. Ако сега ти се гледаат многу, без здруженијата ќе имаше уште толку плус. Наместо да чекаш волонтерски здруженија да го решат проблемот, лути се на државата и биди благодарна што некој кога ќе заврши со работа после 4, одделува уште 3 часа за да однесе некое куче на стерилизација. Не дека не ме сфаќаш што зборам, ама мора да се сврти муабетов, пошто на секого кога ќе го потсетиш дека здруженијата немаат обврска, сите го вртат муабетот, не дека не те разбираат. Прашај ја државата зошто не сака да се вклучи со кучкарските здруженија, со еколошките здруженија, прашај ја и дојди кажи ни. Мислиш не им текнало на волонтерите да побараат помош од државата, овде нас прв пат тоа ни текна. Државата на луѓе не помага, за кучиња ќе се засекира. А па ако никогаш не си оддвоила време од својот живот да поволонтираш малце, никакво право немаш да кажуваш дека волонтери треба да решат нешто.
да ти одговорам. немаше волонтери и здруженија,ама немаше толку бездомни. или не знаете на каде терате,или па знаете ама така ви чини. убаво знаеш што зборам. освен паника,друго ништо и не правите п.с волонтерите умреа 45та,во ратот
Добро. И да е така ко што велиш, што ти е гајле? Ти земаат од џеб пари? Не, само ако сакаш донираш, ако не, никому ништо. Државата ти зема пари од џеб преку даноци секој месец, ама спијте си на тоа уше дека здруженијата се должни за нешто.
ми сметаат бездомните,што не можам да прошетам дете и куче од нив. што немате појма од однесување на кучиња во глутница,и исто како нив лаете бесцелно. ми смета и лицемерие, има луѓе во земјава што немаат реклама над глава "вдомив куче",и замисли не добиваат донации и не се фалат.
Ако ти сметаат бездомниците и не можеш да прошеташ, пожали се на државата. Таа треба да ги среди тие работи. Здружение ако сум, ако сакаш ти денес да прошеташ, ако сакам ќе ги соберам кучињата, ако нејќам нема да ги соберам, може на кафе ќе одам. Исто и ти, ако сакаш ќе донираш донација, ако не сакаш нема да донираш. Ама данок МОРА да платиш, ако не платиш ќе те казнат. Исто и државата, МОРА да го реши проблемот со кучиња, ако не го реши, буни се. Толку проста математика на возрасен човек објаснувам 5 пати.
Еве јас како активист ќе ти кажам за што служат здруженијата. Не сум член на здружение повеќе сакам сама да помогам и ми е посигурно. 1.пред 30 години не чувале кучиња кој стигне. Обврска е голема а не играчка за деца како што прават сега. Мало бело бушавко ама ќе порасне треба вакцини храна шетање па господата немаат време и кучето завршува на улица напуштено. Ако е расно има поголеми шанси да го земат здруженија бидејки има поголеми шанси да се вдоми. 2.се додека стерелизација и кастрација ви се апстрактна именка ќе има напуштени улични кучиња по улиците. Еве отворите на фб на секој втор пост е оставени мали кученца покрај контињер зошто нели "одговорниот сопственик" не сака да даде пари за стерелизација зошто кој е он да суди дали неговата кучка сака да се пари или не. Природа да било. Епа не е природа да ја размножува и да ги фрлаш бебиња и друг да ги зема да ги чува. Најчесто се тоа здруженијата за животни. 3.кој стигне размножува животни. Јас не сум љубител на расни кучиња баш заради тоа што се злоупотребуваат за заработка. Насилно размножување па продажба на малите па они не мирисале па биле од кралско потекло.. Фуј. Дали знаете каде завршуваат децата на вашите миленици??? Еве земете за пример малтезорот од Куманово каде што претпоставувам дека има некој од вас кој што купил од "огледувачница" куче. Фрлен на планина зошто била стара и неможела да раѓа. Кој ќе му помогне на тоа куче пак здруженијата. 4.поголе дел на здруженија се финансираат со донации од надвор. И најголем дел од кучињата се вдомуваат во странство зошто овде и да го вдомиш завршува доживотно на ланец, со сува корка леб и без вода. Веч видено со свои очи. @нина122 тоа што сте го направиле е навистина прекрасно. Да му дадете шанса на нов живот е нешто најблаводарно што може да го направите. Околу агресијата најдобро е да одитете во Лајка повторно и да поработи со тие дресери таму зошто ќе биде многу потешко со шетање на надвор недај боже може да направи беља. Има можност да се работи со карактерот и темпераментот на секое куче. Јас имам вдомено куче кое беше малтретиран и користено како мамка за борби со кучиња има 7 години уште мака мачам со ржење зошто кучето си има трауми. Ама ние дома сме го прифатиле како таков носен е и на дресура првата година кога го најдовме. Го шетаме исклучиво на поводник, со маска. Со други кучиња се дружи живее и со уште едно куче кое го вдоми ме пред 5 години исто така оставена на планина со бебиња. Двајцата се неразделни ама си има жути минути и ние сме го прифатиле како таков. Ќе ви прикачам слики да видите како изгледа купување на животно од огледувачница. Па вие размислете дали сакате да вдомите или да купите.
Незнам не сум се заинтересирала да дознам. Ама сигурно имаат објавено на фб или на web страна доколку имаат. Јас моето куче го носев на дресура приватно.
Имаат дресери сигурно, како иначе ќе се справат со агресивни кучиња, само на плоштад колку агресивни кучиња собраа, сите ги средија, ги дресираа, дел од нив и ги вдомија. Сум гледала и на видеа дека имаат дресери, како дресираат кучиња.
Еве им ја отворив страната немаат објавено со име и презиме кој е дресер ама на фб имаат слика и приказни дека пред вдомување поминуваат социјализација од дресери. Јас немам некое позитивно мислење за Лајка така да можеби и дресерите се без искуство и партиски вработени
Без разлика какви се што се обрати се повторно кај нив. Мора да ти помогнат. Треба да се работи со такви кучиња и со сопствениците. Искуствено со моето куче ми беше кажано дека мора да бидеме доминантни или он ќе биде алфа мажјак во "нашата глутница". Или доколку сакаш и си финансиски моќна можеш да го однесеш на приватна дресура.
може да видам линк или фотка од дресерите? за да заловиш куче не треба да си дресер,ти треба само алат