да ја проверат само дали има беснило (што е повеќе од невозможно) 1500 денари?! ааа да да, што е ова бре! Kога пред се знам дека нема беснило, па оваа пара не им ја давам и самите кажаа сите вакцини ги има земено, ондак.... да е за вакцина ајде де, ама за обичен преглед и тоа дали имала беснило, треба јас да имам беснило за да дадам 1500 денари
Домашни миленичиња Ти чуваш самојЕд , а не самојАд Инаку никако немој да го тепаш кученцето кога ќе изврши нужда на погрешно место во домот. Прво научи го да врши нужда во домот само на едно место (на пример на тераса) а откога ќе го научиш да врши нужда на едно место од домот, следен чекор е да го научиш да си трпи и да не врши нужда низ домот. За да го научиш да врши нужда на едно место од домот треба секогаш кога ќе приметиш дека сака да оди по нужда треба да го однесеш на определеното место и ако таму изврши нужда треба да го пофалиш и да го погалиш за да свати кученцето дека тоа што го направило е правилно. А ако изврши нужда на погрешно место, немој да го тепаш туку само викни му со остар тон за да го опоменеш дека на погрешно место извршило нужда. А тоа што гризе е сосем нормална работа бидејќи има 3 месеци и сега ќе почне да ги менува млечните заби и бидејќи ја чеша затоа гризе. Купи и повеќе гумени играчки со кои што ќе се занимава. И на пример ако ти изгризала папуча а ти тоа отполе ја приметиш, немој да ја караш бидејќи нема да свати зошто ја караш. Карај ја само кога ќе ја начекаш на дело како гризе папучи, мебел и сл.
Моето кутре го бањам на месец ипол - два, со шампон што го купив од Џамбо. Уствари 2 во 1 е, шампон + регенератор за fluffy крзно Не прави проблем за бањање, многу си е мирна и штом ќе ја ставиме во када си седи и си ќути. Има едни грицки за кучиња, што се доста калорични, нив ги обожава. Прво си игра со нив, ги тркала, нешто им рже и на крај ап! - ги јаде. Работава - I won motherf*ker И многу сака телешко од конзерва специјално за кучиња. Секојдневно ја чешлам и на месец дена самата ја шишам. Шишките некогаш и на две недели и ги скратувам за да не и пречат. Е за шишањето малку прави проблем
Мене ми се јави проблем. Малтезерот ми е шишан кратко и денес после капењето пробав да си го исчешлам. Но бегаше. Штом чешелот ќе го допреше тој бегаше. И ’ржеше. Го чешлам со еден поинаков чешел, од порано е тој, ама сега го сменив као за нешто подобро. Запците се метални и прв пат го чешлам со таков... Не знам што му е. Дали го боли, дали го репа...??? Дали да продолжам да го чешлам со стариот или да се обидувам повторно со новиов??
Можеби новиот чешел го кубе, па затоа пробај види дали со стариот чешел исто одбива да биде чешлано, пошто со него можеби е навикнато и не го кубе...
денес ке ја носам на вакцина мојата ада , а врне ке ми се направи лом како што е бела, малце ја пуштив во двор се направи цела кафеава, сега не сакам да ја носам нна дожд да не ми настине од дождот
моментално сум со маченце малечко дома, ама во скопје сум и не знам од каде може да купам ампула против болви, ај кажете некоја ветеринарна амбуланта во аеродром или центар и по колку се ампулите овде од прилика ако знае некој???
Во центар (позади социјално) е вет.др. Марин, и мислам дека кај него има ампули, а за цената не знам точно колку се. Аптека за миленици има и во Автокоманда кај Ветеринарниот факултет, таму е и вет.болница
Драги мои! Еве и тука ќе објавам: барам совесен, вистински љубител на животни а посебно на мачиња. имам малечко маченце 2 месеца старо и немам услови да го чувам, почнав често да патувам, не ми се остава само дома, ептен е мило и мирно со стекнати навики, обожава да нанка по цел ден и да преде во скут! црно бело и бушавко! ако има заинтересиран ве молам за побрз одговор тука или во лп! ќе ви пратам и слика п.с се наоѓам во Скопје поздрав
Вака..знам дека кучињата несмеат да јадат благи работи и работи со шекер бидејки ќе ослепат, но дали тоа значи и за овошни плодови и шекерот што го содржат тие? Моето куче јаде јаболки, крушки и киви, но дали е штетно тоа по неговото здравје?
Добро слепилото е често кај кучињата дијабетичари, а дијабетисот не се добива со прекумерно јадење благо. Иако да, не е здраво да јадат животните благо, не е нормално да му дадеш чоколадна торта да изеде, ама на моево сме му дале и коцка чоколадо, политанка и здраво живо е. Па и нему му се јаде нешто вкусничко. Знаеш и ние луѓето не смееме да јадеме благо многу, а пак јадеме и здрави сме нели? Е добро сега најбитно мрсна храна да не јаде и премногу зачинета и солена. Дури мене тоа многу побитно ми е од тоа да му дадам коцка чоколадо. Но овошјето е здраво за животните, па тоа содржи витамини, а тие се и те како потребни за едно куче. Значи препорачливо е да јадат овошје животните! На моево постојано му даваме се и сешто. Еве периодов многу сака банани, тие му се омилени. А смешен е кога јаде мандарина посебно некоја покиселка Круши, јаболки јаде, цреши јаде. А мора да признам најомилена му е лубеницата, не можам да ви опишам колку сака. Летово не можевме да јадеме во двор лубеница од него, ни скокаше да земе, ненаситно Еве прочитај си за овошјето дека е препорачливо http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx ... stID=36487
јас сакам да прашам на која возраст е најдобро да се земе кутре? т.е. кога е право време за одделување од мајката?
Моево Џони пред 2-3 дена почна многу да кива, а после тоа еднаш и поврати. Таа вечер цело време го оставив да спие на топло до печката и му дадов да пие млекце со половина парацетамол во него издробено. Го испи и сега е подобро. Но сега пак со задното лево ноџе криви, неможе да згазне (не знам зошто, дали се удрило или пак го скршило? ) и кога му го масирам ќути и убаво му е, а ако го движам малку повеќе вика и го боли. Сега гледам отечено му е целото ноџе, многу дебело му е и не гази на него воопшто, подрипнува само. Што може да биде?
Кутрињата можат да се одвојат од мајката после 40-45 дена од нивното раѓање...доколку сакаш ептен од мали нозе да го чуваш, а иначе може кога сакаш да земеш куче без разлика која возраст е...нема врска дали е повеќе или помалку од 1 година старо...
Однеси го веднаш на ветеринар и ќе ти кажат точно што му е на милото, не се секирај можеби се удрило па го боли привремено, но сепак однеси го на вет чим му е потечена ногата, реагирај брзо за да не се влоши работата....ќе биде ок
Домашни миленичиња Луѓе, кученцето ми е болно. Знам дека е премногу малечко и сестра ми ми кажуваше дека уште не ни оди најдобро, ама сега бев да го видам за прв пат. Преде како маче и се тресе целото. Што можам да направам?
Ја пак мислам дека е важно на која возраст ќе се земе милениче ете за кутре зборуваме во случајов. Би ти препорачала ако го чуваш дома да го земеш дур е на помала возраст т.е нема месец за да можеш да го навикнеш на новата околина/средина и од мало да го научиш на убавите навики што треба да ги има за одење во веце итн. А најубаво да нема ни месец ете до месец два според мене. И овде знам дека тие што чуваат кучиња ќе кажат дека кога би се бирало помеѓу помало куче-бебе и веќе пораснато куче да речеме две годишно за да земеш да го чуваш и да се грижиш за него ќе препорачаат да се земе помало. Како што ќе го навикнеш/научиш на почеток така треба да се однесува, нормално ти и големо куче дека нова средина, ненавикнато пак ќе мораш одново да го привикнуваш на тебе, на новиот газда, на новиот дом... Секако дека љубовта кон кучето ќе ти биде иста ако веќе си се нафатил да земеш безразлика дали е мало или големо, ама сигурна сум дека има разлика ако кучето ти го израснеш и го земеш израснато, ем уз тебе расте, ти го растеш, ти се грижиш за него и тоа ќе има малку поинаков однос, а со другото куче ќе му треба време додека се навикне на промената и можеш да имаш потешкотии превоспитувајќи го или па можда ќе треба да го дресираш. Сепак зависи и од кого ќе го земеш и на каков живот било навикнато претходно.
Не знам точно, но подобро информирај се кај ветеринар, еве ти го препорачувам вет.др.Марин (02) 3113-101
Овошјата содржат мала количина на шеќери (глукоза - природен шеќер) и не се воопшто штетни за кучињата. Јаболкото е одлично, јас скоро секој ден и давам по 1 јаболко на мојата пудла. Од 2 до 2,5 (максимум 3) месечна возраст е најдобро да се земе кученцето. Многу погрешен совет Кученцето несмее да се оддели од мајката пред да наполни минимум 6 недели (42 дена), а не па да се оддели на само 1 месец старост. Ако се оддели кученцето на 1 месец старост големи се шансите дека нема да преживее бидејќи во мајчиното млеко има анти тела кои што се многу потребни за да се развие кученцето и тие анти тела и хранливи материи неможе да ги замени апсолутно никоја храна. Кученцето за да се оддели од мајката треба да има минимум 6 недели (42 дена) и да ја има примено првата вакцина. Најдобро е кученцето да се оддели од мајката измеѓу 2 и 3 месеци, бидејќи тогаш кученцето ќе биде малку потпораснато, ќе може самото да јаде кучешка храна и што е најважно од се' ќе си ја има примено првата вакцина и ќе си има стекнато имунитет.