Александар се вика дечкото 2017 година беше платив 300 евра. За задоволство очекував повеќе ама со оглед на тоа што ова е истрамаутизаирано куче и предходно не видело љубов среќна сум што сите овие години е среќен со нас дома и како старее покажува помалку агресија. Сега тарифи незнам искрено. Сум читала за Киско дека го фалат вака по социјални мрежи. За цена сега последниве години незнам. Али сигурно е поскапо од порано.
Ќе ве замолам за препорака за добар ветеринар.Се работи за проблем кој неможеме да го откриеме носено е кучето кај ветеринар ама не сме задоволни.Некаде каде што ќе и напраат подетални прегледи.Не е битно каде низ Мк само да е најдобриот.
Лани кај Киско беше 400евра. Се обидовте ли на ветеринарната клиника што е во склоп на факултетот за ветерина да го откриете проблемот? Мојата ветеринарка таму препраќа случаеви. Ама не таа приватната туку таа што е од факултетот, мислам до 14ч работаат само. Искрено, ако знаеш да читаш состав, ќе видиш дека храната е ѓубре, исто како да храниш кокошки а не карнивор. Првите состојки во храната барем 3 треба да се од животинско потекло, а не да бидат пченка, ориз, просо и месни преработки. Ако имаш одреден буџет кажи ми, ќе ти предложам некоја да ти одговара на буџетот, исто дали е мало маче, или возрасно?
Здраво имам кутре Бишон Фризе, го носиме на фризер но сакаме да купиме и машинка за да го средуваме и дома од време на време. Каква машинка би ми препрачале?
Пак јас со мојте проблеми. Лајка не враќаат на меил, им пишав дека почнало да покажува агресија и се што се случи, денеска едвај го одвоив кучето од другото мало куче, ќе го удавеше луѓе како го фати за врат, до сега не беше нетолерантно кон него, денес да можеше ќе го удавеше.. Не можам да го контролирам, не ме слуша, а не е баш мало, има 12 кила, мислам дека и инат почна да тера и по негово.. Човек дома не смее да ни дојде, стана ептен непредвидливо во однесувањето и напаѓа.. Читав нешто на интернет дека требало да го гризнам за уво за да ме слуша, ќе пробам и така ама не знам колку ќе делува, безнадежна сум..
Сакав да отворам нова тема, ама мислам дека ќе ми го префрлат прашањето овде секако. Сакам конкретно да прашам за лепење уво на шнауцер со лепак или било каква друга солуција за да се спушти увото кое упорно му се крева нагоре. Увото се исправа упорно и покрај месеци лепење со трака, пробано два начини, околу самото уво со превирткување и околу цела глава. Кучето веќе направи 7 месеци и ме фрустрира ова веќе. Дали постои естетски зафат? Друга солуција? Било што? Не ми требаат одговори од типот, "зошто не го оставиш така", "го мачиш'', "греота е", "сигурно и така е прекрасно " и сл. Одма да ви кажам, тоа не е ништо болно или мачно за кучето. Барам конкретен одговор на прашањето, ако некој од вас знае. Фала ви.
Јас имам обратен проблем, моево треба да го држи нагоре исправено. Му ставив на вет со цврста влошка за чевли исечена во форма на увото, ја залепивме и ја држеше месец дена, џабе. Пак си го спушта надолу, го крева само кога е напнат или лут. И јас барав зафат ама кај нас нема ништо дури и смешно им е на ветеринариве што се замарам со увото. Мој совет по логика од мојов случај е да му направиш калап од нешто што ќе му тежи и ќе му го влече надолу увото и да му го залепиш. Да го држи минимум 1 месец, а во меѓувреме да му даваш калциум за да му се зацврсти ‘рскавицата така.
Ти благодарам за одговорот. И јас помислив на тоа, да направам некој слој повеќе од траката на врвот на увото за да тежи, а за калциумот не знаев. Камо порано да ми кажеа. Добив совет од еден човек што чува фокс териери, да ставам лепак од овој што го користат децава у школо, најибичен во стик. Ама за тоа да го пробам, чекам да ми дојде терминот за груминг за да се скрати влакното прво, вака ќе го раскашавам ќе го уплеткам. А времето си поминува, лета, кучево расте. Мене претходниве два методи ми даваа резултат кога ќе го одлепев, се додека не легне навечер на долго спиење на таа страна и од сабајле пак радарот исправен. Инаку и јас го однесов и на вет и само ми рекоа да го лепам преку цела глава. Е џабе. Искрено многу се нервирам. А естетски зафат е сигурно можен, само колку кај нас некој се замара со тоа е јасно, никој изгледа. Работата е што не ги примаат на изложба со таков, иако за некого неважен, "дефект". Кучето е прекрасно инаку, од прекрасни предци и би се обидела со изложување доколку се среди увото. Се нервирам зошто увото не му беше такво кога го земавме, туку на 3 ипол месеци фати таков правец.
Се соочил некој со кучешка кашлица..? Мојата 4ти ден кашла, има нагони за повраќање а кога ќе поврати само нешто како шлајмови повраќа.. На ветеринар бевме, денес 3ти ден боцкање ама нема подобрување.. Тука кај нас знам барем 7 кучиња со истиов проблем настанат последниве 5-6 дена. Сите се сомневаат на вирус ама нема саглам ветеринари кај нас. Ќе треба за СК да ја носам ако до понеделник ќе се подоправи.. Срце ме боли кога ја гледам како се мачи
Мила, моето куче многу време така повраќаше, бело беше како пења, дури грозно за гледање. Не сум од Скопје и баш таму специјално го однесовме да го видат, и му открија дека има проблем со варење на храната и дека е веќе над 10 години, желудничето не му работи добро. Месо, коски, неможе да поднесе, веднаш ги повраќа, а јаде само кучешка храна, нешто суво само, другото го повраќа. Изгледа ќе да е до желудничето и кај вас, пази на храната само. Однеси го за Скопје ќе ти кажат најдобро, кај нас е многу добар сега, си јаде тоа што му е кажано и не повраќа веќе, не се грижи, ќе му помине како на кутре.
Има вирус во градов, најверојатно е вирус кај нас. Моето јаде само сува храна и тоа истата цело време. Година ипол лабрадорка, ја чувам бетер од мало бебе ама ете некогаш не можеме да ги дочуваме.. Се надевам антибиотиков ќе помогне, ќе видам уште овие 2 дена...
Здраво, моето куче од урово има дијареа веќе можеби 4 пати . Не повраќа ама леже цело време не е расположена. Пред 2 дена ја носев на шишање друго ништо нема сменето. Шета во двор имаме голем двор истиот ден коа ја шишаа ја шетавме малку во парк ама ништо нема изедено а и да имаше порано ќе покажеше. Сега гледам на 01.03 има закажано за вакцина таа повеќе валентната што се става еднаш годишно, да не е веќе изминато дејството па да се заразила... Ветеринарот дури во 4 отвара, до тогаш ккао да и помогнам ,и што би можело да биде причината дали има некој идеа ?
Ако има пролив дај ѝ малку линекс, спазмекс, диастоп што имаш за дијареа. Ако е до 5 кг, четвртина таблета дај ѝ.