За околу очите има средства, капки по пет шопови, ама таква им е расата, секогаш ќе солзат и ќе се валкаат. За лаењето, лае за да го земеш. Го земаш не лае. Или ќе спие со тебе или ќе го оставиш да полае и ќе види не ќе види, ќе заќути. Претпоставувам е малтезер, такви се џамкала за сѐ и сешто. Го имам 11 години, чим не е по негово, се корне од лаење. И за бањањето, да, на три месеци заради мрсотијата на влакното. Ама ти го чуваш во стан, го шеташ, се прави лом. Чисти му ги нозете и стомакот, а цело капи го бар на месец, месец и пол. Не е убаво да го капиш секоја недела и сл. иако некој го прави тоа.
Да, малатезер е. Леле ама многу е упорно со лаењето. Не би ми било проблем, да не сум во зграда и да не се слуша толку многу, а плус што ми ги буди и децата. А опасно е малиот кога ќе стане. А кафеавото околу очи, од солзите ли е, тоа не се губи? После ќе поминам до пет шоп и ќе барам такви капки. Како не знаев порано за ова. Претходните газди го бањале на 2 недели. Кај мене е веќе трета недела и до сега не сум го избањала. Ќе издржам уште 2 недели. Само шепите му ги чистам кога доаѓаме дома. И веќе знае, чека. Многу брзо учи, воодушевена сум. Мислев дека само мачки имаат ваква способност. А влакната не паѓаат? Чудно ми е, мислев нема такво куче. Го чешлам секој ден, се надевам не е претерано. Многу се спремав уште пред да го земеме, и читав и се. И пак некако ништо не знам. Не дека е некоја филозофија, ама скроз учам и јас што сака, кога сака, зошто сака. Му го учам однесувањето и ваквиот начин ми овозможи да го научам за физиолошки потреби надвор. И многу си го засакав. Леле ми доаѓа да го изедам од љубов. Се гали повеќе од мачката, не ми се верува значи.
Такви се, не се митарат, не пуштаат влакна. Чешлај го за да не се заплеткува. Можеш да го носиш и на груминг, да ти го одржуваат во крзното. Инаку за солзите, тоа е. И капки да земеш дури ги користиш ќе е океј, кога ќе престанеш пак истото. За лаењето, те разбирам ама чаре нема. Таков им е карактерот.
на месец и пол го бањаме ние.Ама дома не,туку во ветеринарната станица го бањаат,шишат,сечат нокти,средуваат заби. Нашево не лае,ама спие со нас на спална ноќе .Додека сме ние во кревет,не мрднува ни тој.
Здраво како да отрстранам крлежи. Имам вучијак и забележав дека има крлежи ампула има уште од пред недела две.. Ве молам помош
Денес со пинцета ама внимателно да не остане пола крлеж внатре. Сигурно има видеа на јутуб. Иначе, утре однеси го на ветеринар ќе му ги извадат.
Дечки, ќе зимам кученце. Lagotto romagnolo, па кажите ми совети некои како за почетник. На што да обрнам повеќе внимание? Совети за исхрана, хигиена, вакцинации, пасоши, се е добредојено. Моментално читам, се едуцирам, сакам да бидам 100% спремна кога ќе дојде дома.
So specijalna alatka mozes se vrti I izleguva, Ili so raka ako vades so narakvici I treba dase fati najdolu nezno da ne se pritiska mnogu I se verti sprotivno od strelkite na casovnikot dodeka ne izleze samiot, poveke pati ke go vrtes dodeka se otkaci
Маслен раствор на Beaphar, најдобар е за чистење. Првин со памук и топла вода накиснуваш и отстрануваш колку може, после со капките беафар.
Ме интересира каква храничка давате на вашите повозрасни кученца? Мојот јаде Royal canin ама ми рекоа дека за негова возраст таа храна е многу тешка и мрсна. Ми препорачаа Spectrum, само што не успеав да ја најдам во пет шоповиве кај нас. Сега се мислам меѓу Exclusion и Advance, тие две ми ги издвоија како лесни и подобри па секој совет е добредојден пред конечно да се решам
Кучешка храна давам многу ретко. Како treats.. Од кога почнавме да и даваме домашна храна, крзното и сјае. Гледам да не е солено и зачинето. Благо и домати никако. Семките во доматите претставуваат како токсини за гастроинтестиналниот тракт. Коски сварени 1-2 пати неделно обавезно. Пилешки во никој случај. Тие се како спици, и можат да направат дупки во цревцата. Јагнешки многу сака. Ние вака.. За 5 годишна лабрадорка.
Кравјо млеко смеам ли да му давам на кученце од 1 месец или има некоја посебна млечна формула за кучиња исто како за бебиња? Дали треба освен млеко да му давам уште нешто на таа возраст и колку често да го хранам? Исто гледав дека има некои спрејови за да се обележе местото каде да оди во тоалет кучето, дали се ефикасни?
На двете кучиња (едното скоро 5 години, другото сега ќе полни 2) давам Некмар, ми ја носат до дома. Долго време беа на Ројал, до пред некои 8-9 месеци.
Кравјо млеко никогаш не им се дава ни на мачки ни на кучиња. Јогурт би можело, но млеко не. Козјо како што знам може. Нема некоја посебна формула за животни, им даваат бебешка формула на мали цицалчиња
jas na moeto mu davam spectrum i sme zadovolni od kocani od pet shop no ne znam dali vrshat dostava za drugite sum slusnala i jas no ne sum gi probala
Kupi I'm specijalna formula na mleko od veterinarna, se rastvara so zeska voda, ke pocekas da izladi probaj na vnatresnata strana od rakata da ne bide zesko ni ladno