1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Па сега дали мора, не дека мора, јас чував женка 10 години, не ја стерилизирв, само не ја парев и немаше мака се додека не и открија тумор на матка па секако мораше да се одстрани.
    Со стерилизирање превенираш тумори, карциноми на репродуктивни органи, но мене лично ми е многу тешко да стерилизирам животно, знам дека нема друго чаре особено за бездомните кучиња и нема некоја разлика меѓу стерилизирање и недозволување да се пари, ама ете етичка дилема е, ако тебе не ти пречи, таман е за возраста.
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Mantub благодарам за одговорот

    Баш од таа причина и јас прашувам...Тешко ми паѓа стерилизацијата, од емотивен аспект нормално. Само стравот од развој на овие тумори и карциноми ме колеба...Инаку никогаш не би ја стерилизирала.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  3. januari19

    januari19 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    1.748
    Пол:
    Женски
    Првото куче не го стерелизиравме и не го паревме. Доживеа длабока старост 18 години од кои последните 6 години ги поминавме по лекари заради тумор на матката. Никој не сакаше да ја оперира дека стара па да не умре сите ми велеа колку проживее толку. Никогаш нема да заборавам колку се мачеше, едвај одеше, па крварење па некои инсекти ни се собираа по дома па миризби чудни....
    Сега имам машко и женско куче.
    Едниот е кастриран, другава е стерелизирана.
    Подобра одлука не можеше да направиме. Чиста работа. Два дена и беше тешко после тоа како нова.
    Да ме прашува некој мене стерелизација и кастрација би биле задолжителни работи во грижа за еден миленик.
     
    На misshope и LollySky им се допаѓа ова.
  4. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    Немора да се стерилизира има и апчиња делуваат за 6 месеци и на секои 6 месеци треба да пие по едно апче.
     
  5. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    3.102
    Пол:
    Женски
    Најдобро да си прашате н ветерниар каде што ќе ви ја прегледаат и ќе ви кажат. Со стерилизацијата освен што превенирате карциноми превенирате и СПБ кои може да ги добие од парк кога си игра со други кучиња, но исто така ја штитите да не ја напаѓаат мажјаци во парк на улица и сл. Јас моето куче несакав да го стерилизирам од причина што ми беше жал, но како растеше растеа и неговите нагони и постојано плачеше среде ноќ и кроеше планови како да избега, што еднашка и му успеа. Затоа ветернинарот ми рече само кастрација. Откако го направивме тоа веќе немавме никаков проблем.
     
  6. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.992
    Допаѓања:
    10.382
    Пол:
    Женски
    А за мачки има?
     
  7. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    Има и за мачки (за женки), ама и за мачки и за кучиња подобро е кастрација.
    Со апчињата не престануваат со парење туку при парење неможат да останат трудни, исто како контрацептивни таблети за луѓето.
    Може и покрај апчињата да се случи некогаш да имаат мали, и често ако се употребува може и да се разболи мачето(кучето), сепак стерилизација е подобро според мене.
    ( Не сум ветеринар, ова од што имам слушнато од еден ветеринар и од интернет)
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  8. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.992
    Допаѓања:
    10.382
    Пол:
    Женски
    Се подразбира дека стерилизација е најдобар избор, но во случај да не може да се стерилизира животното во моментот, а е сезона на парење.
     
    На Just_a_kid му/ѝ се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.543
    Допаѓања:
    34.805
    Пол:
    Женски
    Кога веќе зборувате за кастрирање.... Моето бишонче има година и пол, сакав да го кастрирам, меѓутоа излезе дека нема видиливи тестиси т.е или се уште не му се излезени или нема да излезат воопшто.
    Ветеринарот ми рече дека постои опција оперативно да се отстранат тестисите кај вакви случаи. Дали некој правел ваква интервенција? Како поминавте?
    Исто, ме интересира дали постои опција сами да му се спуштат тестисите кога ќе биде поголем? Читав некаде дека до 2 години можело да не му бидат спуштени. Доколку постои опција, тогаш подобро е да почекам сами да му се спуштат, па да правиме класична кастрација.
    Секако сум решена да го кастрирам и не планирам да го парам.
     
  10. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    До 2 години не се парат кучињата, така што можеш и да почекаш да наполни 2 години па ќе видиш дали ќе му се спуштат.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  11. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.192
    Пол:
    Женски
    Јас имав ваков случај, но со мачор. Некои се така родени и во некои случаи е наследно. Појавата се викa крипторхизам. Кај мене мачорот имаше еден тестис, а другиот беше во стомакот, не спуштен. Го кастрираа и со многу мал рез му го извадија неспуштениот тестис. Процесот е малку покомплициран отколку нормална кастрација, но ништп страшно. Добар ветеринар без проблем ќе ја изврши интервенцијата.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  12. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.380
    Допаѓања:
    16.902
    Пол:
    Женски
    Незнам да објаснам точно ама имав читано некаде дека тие апчиња и не се така наивни.Тоа се хормонални апчиња.Докторите повеќе препорачуваат кастрација стерилизација и тоа од најмала возраст.
     
    На misshope и Just_a_kid им се допаѓа ова.
  13. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    3.102
    Пол:
    Женски
    Па исто како кај луѓето. Млади девојчиња ко бонбони зимаат норлево и прават хаос во хормоналниот систем. Тоа се хормонски бомби и исто како кај луѓето не може секој да ги зема. Што и да правите консултирајте се со ветернинар, ако треба и кај двајца, тројца прашајте за мислење. Не си играјте, греота се
     
    На LollySky, Just_a_kid и simona_baby им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.222
    Допаѓања:
    162.778
    Пол:
    Женски
    Во врска стерилизација, особено кај женки ( и кучиња и мачки) не одлагајте туку прајте шо поскоро. Јас сум со машки па кастрирав/м како шо се потребите и со водење од ветеринар цело време за тајмингот. И уз муабет ми спомна за важноста на стерилизација кај женки. Накратко женка која не се пари, е под поголем ризик за туморозни маси во матка, јајници и слично за разлика од женка која се пари. Ова лаички кажано. Ветеринарот стручно кажа ама искрено не сум некоја шо памти премногу. Онака сакав само да го фрлам ова како информација шо беше споделена со мене.
     
    На awkey, LollySky и januari19 им се допаѓа ова.
  15. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.992
    Допаѓања:
    10.382
    Пол:
    Женски
    Дали мора на стерилизирана мачка да и се дава специјална храна за стерилизирани?
     
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Да
     
  17. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.992
    Допаѓања:
    10.382
    Пол:
    Женски
    Кои се последиците ако не и се дава?
     
  18. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Ние го прашавме ветеринарот дали да и купиме храна за стерилизирани. Тој ни рече еми ако ви се даваат повеќе пари купете.. Немала врска храната..
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.385
    Допаѓања:
    38.279
    Пол:
    Женски
    Мене па ми рече дека мора за стерилизирана, зошто се склони кон дебелеење, а таа е специјална без многу маснотии.
    И не се поскапи од обичните, има на Пурина со нормална цена.
     
    На theowndemon, S.W.A.G и Mantub им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    На стерилизирани мачки им треба отприлика 30 посто помалку калорична храна одколку на нестерилизирана.
    Многу е лесно со регуларна храна да се здебелат и да си направат проблеми со срце, дијабет, карциноми и со зглобовите на нозете.
    Посебната храна е прилагодена со калории.
    Плус, поголем ризик имаат од уринарни проблеми, камчиња во бубрези ако се хранат со регуларна храна, а се стерилизирани.
    Тоа ќе пишев.
    Тука негде се со цените.
     
    На theowndemon, kristina.k и S.W.A.G им се допаѓа ова.