А зошто не и купуваш за стерилизирани, на пурина има, тука е негде цената со обичната? Или ја храниш со домашно јадење?
Во мојов град не знам ни дали има таква храна. Но ако почне да се дебелее (што не верувам), ќе почнам со таква.
Има неколку пет шопови што пуштаат по карго низ цела Македонија. Ако ја храниш со домашно јадење, затоа може да е слаба. Мачка не е како куче, куче може и со дел растителна храна да се храни и да биде здраво, мачката е карнивор и мора само месо. А ако ја храниш со купечка, имаш од Пурина жолти паковки за стерилизирани или порачај по карго.
Јас би ти рекла не. Сѐ е повеќе маркетинг отколку вистина. Скоро сите суви храни се полни со јаглехидрати, шеќери, нездрави масти, вештачки бои, процесирани и воопшто не содржат вистинско месо. Причината за уринарни проблеми не е типот на храна, односно стерилизирана или не, за персиска мачка или за бенгал, туку недоволна хидратација. Сувата храна нуди најмногу 10% вода, што не е воопшто доволно. Јас би ти препорачала течна храна, или барем да мешаш. Било која течна храна е подобра од сувата, помалку калории и повеќе вода.
Јас ќе се согласам со тебе. Мојот мачор е кастриран еве веќе 7ма година и го храниме со нормална храна и ништо не му е (чукам во дрво). Фала богу, ниту ветеринарот ни кажа за таква храна, ниту знаев дека постои, дознав пред скоро. Сите што ги знам што имаат мачки и им се кастрирани не ги хранат со специјалната храна. Секако, битно е да му мешаш и течна и сува зошто не е убаво да јаде еднолична храна исто како кај луѓето. А здравствените проблеми си доаѓаат и со возраста на мачката но и со самата мачка. Тие се исто како и луѓето.
Добра е храната од ДМ. Нема житарки, а тоа е најбитно за мачките. Доста квалитетна храна според мене, со пристапна цена. Имаат и за кастрирани, едни ко прстенчиња, личат на тие житарките на Нестле што ги јадеме со млеко, таква форма имаат. Мојата ги обожава. Вака изгледа ќесата:
И јас не ја хранам мачката со храна за стерилиризирани, пробавме, ама никако не издржува само сува храна да јаде, доминантно мокра сака. Баш ќе видам во мој ДМ дали има сува храна за стерилизирани, а инаку ја храниме со мокра храна од ДМ. Едит: @Mishela Таа на сликата е за стерилизирани?
Дебелеењето е повеќе ради хормоните. Мачорот јаде и за стерилизирани и за нестерилизирани.Му мењаме на периоди. Нема проблеми.
Мислам дека нема врска ако се храни со квалитетна храна. Јас ја земам од кај вет, со поголем % протеин и без многу вештачки додатоци уште пред да му ги сечам. После кастрација не ми спомна за специјална храна туку продолжив со та шо си ја јадеше и други предлози на вет пошто неќам да се навикни само на 1 храна. Со помалку се заситва за разлика од други храни шо сум земала претходно. Ама непосредно по стерилизација многу апетит имаше и ми се згој и сега на диета е и пак му се нормализира апетитот ко претходно. Ама тој период еден, insatiable беше. Ваљда дур му се средат хормоните.
Да, таа е. Позади на декларацијата има две табели со дозерки по кг, од кои едната е за стерилизирани мачки. Кај ниту едни други гранули што и ги имам купено од таму нема вакво нешто па со тие терам зашто многу ги сака. Најбитно е да немаат житарки во составот, какви и да се гранулите. На мачките не им требаат житарки, немаат никаква нутритивна вредност во нивната исхрана, само ги дујат и ги дебелеат.
@Mishela колку е цената? Јас имам купувано од таа sensitive што е во ДМ, ја сака неа ама ваква немам видено. Јас комбинирам од Пурина за стерилизирани и паучи од кај ветеринар исто за стерилизирани, повеќе ко ужинка на неколку дена. Еднаш пробав и поскапа од кај ветеринарот, дијареа и направи и се вратив на Пурина.
139 денари, ќесата е 500 грама. Мојава Пурина не ги сака, овие од ДМ ги јаде од сликава горе, а порано и ги купував исто од ДМ тие едни ко триаголничиња со лосос, ги сакаше ептен. Sam's field и земам од пет шоп, има едни со паткино месо мислам, онака и се, јаде ако баш мора, откако ќе ја разбуди цела зграда од мјаукање. Купувам повремено и едни други колку да смени. И многу малку беше доволно за да е сита, супер беше составот, само не го памтам името. Ќе ги сликам кога ќе одам следен пат да и пазарам. Со мокрава храна маки тешки, јаде само едни Пурина како мали конзервички или ќесичките течна храна Пурина за стерилизирани мачиња. Од оние со желатин се гади од мало, не сака да ги види и не и ги ни купувам веќе. Од ДМ има едни ќесички со микс мисиркино и говедско мислам, тие ги сака. Како мали парченца се, две варијатни има и составот изгледа супер. Не се ни нешто скапи, 36 денари ќесичка така нешто.
@Mishela фала, ќе земам да пробаме. Мојава да не види од ќесичките, особено лосос, дури и турам во чинијата се турка, се качува на мене ко да нема храна видено.
Риба е живот. Смешни се многу кога се работи за нивната омилена храна. И мојата начисто се исклучува кога и давам лосос, не можам да опишам во каков транс паѓа додека јаде, пресмешна ми е.