Ветеринарот ми рече дека треба да го парам кучето. Бидејќи немам искуство со ова, може да ми дадете некој совет како да му најдам партнерка? Претпоставувам дека ќе биде тешко зашто не е расно...
@CoverGirl10 Не знам кај каков ветеринар одиш што ти дошол со таков глуп предлог и зошто треба да го париш наместо да го кастрираш. Какви здравствени потешкотии има па парење ќе ги реши? Сигурно е проблем со однесувањето што кастрација ќе го реши трајно, а не парење секоја година. Машките кучиња не страдааат од проблеми ако никогаш не се парат. Немој, биди одговорен сопственик и не допринесувај во и така огромниот проблем со бездомни кучиња. Дури и да е расно луѓето се неодговорни и не се свесни на што се нафаќаат кога земаат мало слатко кученце. Имам машко, расно, 5 години никогаш не парено ниту ќе биде парен и е во одлично здравје.
Нема реална причина зошто “треба” да го париш. Особено нерасно. И да најдеш женка, тие кучиња многу веројатно ќе завршат фрлени или на улица пошто тешко се даваат расни не па нерасни. Ако ветеринаторот смета дека со парење ќе се смири и скроти кучето, не. Еве јас мојот го парам, има 2 години ама карактерот си му е ист, темпераментен, никаква промена нема пред да почне да пари и сега. Друга причина е рак на тестиси, но за тоа подобро е да го кастрираш. Нема гаранција дека ако го спариш нема да добие рак понатака. Трето зошто би требало да го париш, не знам.
Zdravo Maceto e 5 mesecno go cuvame vo stan pretezno mu davame suva hrana da jade eve sega ovie 3 dena nitu jade nitu pie voda se obiduvame so soprugot tecnosti kako mleko jogurt no jade mnogu malku ne e lezi celo vremeveselo e mu dadov apce za glisti ova 2 vtor pat od koga go procistuvame. Od vcera uspeavme so galenje da go naterame da jadi no veke od denes pocna sto i da apni da povraka Ve molam ako ste se soocile so vakov problem so vasite milenici spodelete . Inace momentalno ne sum vo moznost da go nosamna vet. Vi Blagodaram
@Vekiiii124 храната недоварена ја повраќа? Може има проблем со стомакот, опструкција некоја или инфекција, многу работи можат да се. Да не имате храна сменето? Мојата имаше од промена на храна дијареа, ама штом се вратив на старата се среди. Вода мора да пие особено на жешкото сега. Види ја дали има температура, фати кај ушињата дали се многу жешки. Ако не си во можност за на ветеринар, јави се за совет кај некој, ќе ти каже ако можете нешто дома да направите. А песок користи, мочка редовно?
Da napomenam ne e vakcinirano . Se konsultirav so Veterinar mi rece za probiotik. Pa ke vidime Fala vi mnogu na sovetite
Od Veterinarno mi dadoa Pro Plan i Hydro pet dali bi mu pomognalo za tecna stolica i povrakanje mislenje?
Реглан апче наутро и навечер пробиотик за кучиња. Хидрото е окау за електролитен баланс. Про планот не ми се покажале добри досега. Дали направивте парво тест и тест за паразити?
Грешка, мислев за куче е. Може и за мачка, пола апче реглан. И секако тест за паразити, поготово од giardia.
Да прашам и овде може некој има искуство. Имаме вдомено постаро женско куче вероватно има +10. Последниве две години почнаа да и искачаат израстоци по телото, ушите и сега и на капакот на едното око. Носена е на три различни ветеринари и истото и го кажуваат, доколку не растат да не се третира зошто кучето е старо може да почине на операција. Претходното куче кое го чувавме до длабока старост имаше тумор за кој сметам дека ако беше отстранет ќе живееше подолго ама исто од ветеринари е кај нас добивав ист одговор. Едниот израсток наувото веќе почна да расте, останите се скоро па во иста големина. Спремна сум да ја носам и надвор од МК да и се укаже медицинска помош, овде нашиве ветеринари не ми оставаат впечаток дека се вистински заинтересирани да најдат решение. Ве молам доколку некој познава ветеринар што ќе сака да помогне или има искуство да ми пише.
Dadeno e apce za paraziti no toa ne bese problemot od Pro planot i Hydro se pokaza super vcera mu dadov Pro plan i Hydro veke od deneska bese mnogu podobar pocna samo da si jade i igra.
Контактирајте ја универзитетската клиника во Софија. Поклон до земја за доброчинот што сте вдомиле бабичка од улица
Имам машко маче кое е старо околу 3 месеци, го зедов пред 1 месец и уште тогаш на стомакот долу имаше едно мало топче, сега тоа топче го напипав и е колку еден лешник. Не знам што да правам... Другарка која се разбира во чување на мачки ми рече дека тоа било некој тумор, и нејзината мачка имала такво топче па живеела долги години. Ве молам за совет.