Слободно давај и "нормална" храна, она што јадела и до сега, само гледај да се придржуваш на пропишаната дневна доза според нејзината килажа. Јас имам куче и лани ја стерилизирав, до сега е потполно иста, не е поправена и баш е фит
Zdravo si vdomiv novo kucence bidejki majkata na kucenceto go otruja i e mesance od pinc imam jas doma uste 2 kucinja edna haska koja e vo dvor i miniaturen pinc koj sekako go cuvam vnatre i si gi znae higienskite naviki e sega prasanjeto mi e kako da go naucam novoto kuce da ne mi mocka i kaka po tepisite vejke 1 mesec ipol maka macam so nego ... ve molam za sovet doma sum so detence od 2 godini i 6 maleckoto nekogas koga ke mu padne nekoja grizina na tepih znae da ja pikne od dolu vo usta dali bi mi pomognalo da zemam pesok .. ili ne znam ve molam pomos...
Здраво нова сум на форумот, па сакам да прашам дали некој би знаел што може да биде тоа. Имам маче околу 1 година денес дојде во многу лоша состојба дома мајка ми до дека ни викна тоа веќе умираше. Се влечело на двете нозе, почнало да му излегува пења од уста, и се испосерало и за рок од 5 минути до дека татко ми проба да го спаси тоа не покажуваше никакви знаци. Дали некој знае од што може да му е, дали е отров или каснато од змија или пак од трето , затоа што имам уште мачиња и ми е страв да не и се деси истото...
Здраво, маченцето има 2 месеци, не јади сува храна, научено е од претходна сопственичка само на паштета. Цел ден има дијареа со крв па утре одиме на ветеринар... Некој совет како да ја навикнам на сува храна?
Каква паштета? Мислиш мокра храна за мачки или буквално паштета? Јас ти препорачувам да земеш храна за мали мачиња од Whiskas, и сува и мокра, и мешај и слободно ако сака само мокра. Значи ќе и мешаш сува и мокра и постепено ставај и повеќе сува храна.
Буквална паштета.. И дадов да мирисни почна да јади, познато и е веќе пошто се друго прво мириса па бега Ќе пробам... А како да и го смирам мешето сега? До утре барем да е помирна
У ж а с. Маче од 2 месеци едвај од цицка треба да е оттргнато, паштета нема никакви нутритивни вредности за раст на мало маче. Никако не и давај, подобро да не јаде отколку паштета да изеде. Ако случајно имаш овчо кисело млеко, дај му тоа. (Немој кравјо). Утре на ветеринар одма и убаво објасни му дека е хрането (само) со паштети. Паштетата сама по себе не е токсична за мачки, но за мало маче од 2 месеци нема шанси. Мислам дека проблемот е во тоа што многу мала со таква храна е хранета и нема внесувано ништо што треба и стомакот и е хаос. Ќе се среди не се секирај, само потрудете се после ветеринар квалитетно да ја храните стриктно со мачешка храна, додека не порасне малце.
Имаш паштети во дм за мачиња, исто ко овие паштети од продавница на изглед се, пробај со такви прво ете После со мокра храна за мачиња и полека ќе воведеш и сува Не е здраво на паштети на луѓе да е, плус знам дека е жално на маче мало да му забрануваш и да гледаш како не јаде ама за негово добро е па Ќе земеш храна за мачиња и ќе му ја оставиш, ќе огладне, ќе јаде Не е ваљда надвор па да јаде друго, ќе нема избор, ќе се навикне Ама прво на ветеринар да смирите меше
Здраво. Имам пред зграда мало маченце со мајка си е ама гледам дека е полно болви. Дали можам да го напрскам со неопитроид? Не знам дали има одреден возраст затоа прашувам, а и мајката го лиже па страв ми е неа да не и наштетам.
Малечко е и слабечко мачето, не знам точна килажа, ама сепак фала на одговорот, како и да е, ќе се консултирам и со ветеринар, само сега сум малку во тесно и сакав да знам од прилика....
Некој што има персиско маче да ми одговори ако може, што ставате на очињата (како што ми кажаа сите персиски имаат проблем со очињата)? Стававме капки, нишо не помага, не може да отвори очи и по неколку саати во денот?
Секој ден чистење со малце топла водичка и памукче, 2 пати на ден. Сепак препорачувам капки за прљавштина околу очи од beaphar, тие се маслен раствор, првин очите со водичка и памук, па накапуваш маслен раствор на памук и триеш. Наутро со водичка, навечер со капки. Tear stain remover Beaphar, барај, се продаваат во шоповите на ројал канин во Рамстор и Ситимол