Грижа за домашните миленици

Discussion in 'Дом' started by snake, Jan 13, 2010.

  1. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Joined:
    Mar 17, 2010
    Messages:
    1,884
    Likes Received:
    1,227
    Девојки јас да прашам нешто за мојата Манда.
    Пред 2 недели, а можеби и нешто повеќе мачката ми остана надвор една ноќ, а не и е прв пат да остане надвор. Утрото се влечеше со предните нозе, задниот дел кај кичмата беше како сломена и многу ја болеше. Не смеев да ја допрам од што ја болеше. И беше удрена на главата малку. сеуште не знаеме од што и е предизвикано тоа. Ветеринарот дојде дома да ја види рече дека е можно да и е скршена кичмата или набиена и ако за 3 недели не се опорави ќе остане неподвижна :( Но мачката за десетина дена почна да се движи ама не ги витка убаво задните нозе и општо цел заден дел од телото. Ќе остане ли таква? ;( Сте имале сличен случај? Можно е до оздрави целосно и да биде како порано ?
     
  2. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Joined:
    Sep 5, 2010
    Messages:
    2,800
    Likes Received:
    3,270
    Gender:
    Female
    Па претпоставувам чим се движи ќе биде подобро. А тоа што тешко ги движи нозете е резултат на повредата, не може да оздрави и оп! одма да оди слободно - исто како и кај луѓето. Тоа што се движи мислам дека ветува нешто, со текот на времето би требало да оздрави. Сега не знам можно е понатаму и повредата да има некое влијание, на пр. да не се движи најнормално право, помаку да шантра, или пак да не може многу да трча скока итн. Но ти не се разочарувај, мора да биде подобро. :)
    Извести не понатаму како ќе биде мачето. :) :*
     
    OzzyAngel likes this.
  3. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Joined:
    Jul 14, 2011
    Messages:
    447
    Likes Received:
    213
    Дечко ми зема ротвајлер пред 5 ипол месеци, заедно и неговите братчиња и сестричиња беа одделени од мајка им на 45 дена старост и немаа проблем. Еве сега Арон (кучето на дечко ми) е здраво и живо, гајле нема :) Нема врска ако е 45 дена или 1 месец старо кучето за чување...
     
  4. Melody13

    Melody13 Истакнат член

    Joined:
    Mar 10, 2011
    Messages:
    120
    Likes Received:
    215
    Незнам дали го поставувам прашањево на вистинската тема, но.. :)
    Сакам да прашам што треба да набавам, за дома да земам да си го чувам маченцево. Има 3 месеца и нешто, и надвор си ги чувам и него и големиот мачор, тоа си спие во топличко, во собата каде што е парното, но многу заладе, и сакам да земам дома да го чувам. Си го земам од време на време дома и ух само ми преде и само си спие. Сонце малечко :inlove: И сега да се вратам на прашањево.. Никогаш порано немам дома чувано милениче, па затоа прашувам, што треба да земам за маченцево? Например
    co мочкањево и какањево, ќе си имам проблеми. :tmi:
    како да го научам на хигиенски навики? Каде мозам да најдам такви специјални песоци? И дали ви прават проблеми вашите миленици по дома??
     
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,939
    Луѓе помагајте, Буци е многу болен. Ветеринарот вика дека не може да направи ништо, премногу мало било кученцето, не смеел ништо да му даде. Ни рече Андол и капсула да му раствориме во млекото. Од капсулата сега не сака ни млеко да пие. Се тресе целото во кутија дома, до печката, ама страв ми е дека можеби нема да ја преживее ноќта. Ве молам кажете што би можела да направам ;( сега му ги топлев ножињата, камен ладни се. Кога се стоплат е смирува. јаде малку попара, ама млекото не сака ни да го поглене. Не знам што да правам, не сакам да ми умре, а можеби нема ни ноќта да ја преживее. ;(
     
  6. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Joined:
    Jan 17, 2011
    Messages:
    242
    Likes Received:
    98
    DАngel а што му е на кученцето да не е отруено па за среќа да пробало смао малку отров, провбај ако не сака со сила да му дадеш малку топло млеко да не е некој отров да го поврати.
    Ако е настинато носи го кај др ветеринар одма не може да ти рече ветеринарот ништо не може да направи, јави се кај друг пробај кај Др.МАрин тој работи нонстоп еве бројче 070340846 или контактирај ја др Верче еве бр и од неа 075291312 или 072310731 ќе ти даде некој совет мора да преживее кученцето не знам што му е, ако е случајно отруено црн јаглен дај му, топли го гушјак го и масирај го, и обавезно на ветеринар те молам
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,939
    Настинато е. Многу е малечко кученцето ни два месеци нема, a ни за еден не сум сигурна. Мајка му умре, па си го земавме пред време. Не сум од Скопје, па немам многу избор околу ветеринарот. Вика до 3 месеци не смеел ниште да му даде. Го топлам и го масирам. Дај кажете што да му правам, да го мачкам нешто или... Многу ми е жал, не сакам да го изгубам ;(
     
  8. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Joined:
    Jul 14, 2011
    Messages:
    447
    Likes Received:
    213
    Ќе си набавиш песок за вршење нужда и таму ќе го учиш да си мочка и кака (во пет шоповиве има, не знам колку пари е), потоа играчки (исто во пет шоп нели) за него за да не ти гребе по мебел и кревети и сл. Надвор не им смета да си седат на ладно многу многу пошто тие го шират влакното за да не им навлезе студ во кожата (слично така кога ние луѓето ќе се наежиме и влакната ќе ни се кренат нагоре :)) За надвор му треба куќичка (на пр. кутија обвиена со стиропор, внатре во неа некои стари парталчиња што имаш за да му биде потопло), треба да има секогаш млака вода и храна покрај куќичката итн. Таблети против внатрешни и надворешни паразити, вакцинација, сето ова за неговото здравје информирај се кај ветеринар и тој се ќе ти каже...Значи на мачките не им смета многу да се надвор кога е студено, пошто ако имаат куќичка ќе се пикнат внатре и немаат гајле, убаво им е...позз :)
     
  9. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Joined:
    Jul 14, 2011
    Messages:
    447
    Likes Received:
    213
    Епа чим не си во Скопје тогаш јави му се на др. Марин и прашај го за совет, се надевам ќе оздрави малото... :worried:
     
    DAngel likes this.
  10. Melody13

    Melody13 Истакнат член

    Joined:
    Mar 10, 2011
    Messages:
    120
    Likes Received:
    215
    Tи благодарам Блек Бјути. Многу бев загрижена да не му студи, бидејќи е многу мало. Tи благодарам за советите :hai:
     
  11. Doberman

    Doberman Популарен член

    Joined:
    Nov 13, 2010
    Messages:
    601
    Likes Received:
    519
    Јас реков дека од 42 (еве да заокружиме на 40 дена) можат да се земаат кученцата.
    Но за самите кученца е најдобро да се одделат од мајката кога ќе имаат од 2 до 2,5 месеци бидејќи тогаш ќе си ја имаат примено првата вакцина и ќе си имаат колку толку стекнато имунитет.

    Но 1 месец (30 дена) старост е премногу рано за да се одвојат кученцата, тие 10/15 дена ПРЕмногу значат, затоа минимална возраст за да се одвојат кученцата е 40/45 дена старост.

    Кученце на 30 дена старост не е способно за ништо, додека на 45 дена старост веќе има запчиња и може самостојно да јаде.

    Сум имала легло од мојата Пудла и разликата е огромна помеѓу 30 дена и 45 дена старо кученце.
    Јас моите кученца ги дадов кога наполнија точно 2 месеци, и кученцата јас лично ги имав вакцинирано на 42 дена старост.
    Имаше луѓе што инсистираа да ги земат порано, но јас фино лепо им кажав од кога можат да ги земат кученцата и луѓето си оставија капар и си ги резервираа кученцата и си чекаа да наполнат 2 месеци.
     
    Black.Beauty likes this.
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2011
    Messages:
    2,107
    Likes Received:
    1,642
    Кечво го хранам со кучешка храна за неговата возраст.
    Дали е неопходен дополнителен калциум??
     
  13. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Joined:
    Jul 14, 2011
    Messages:
    447
    Likes Received:
    213
    Пожелно е да прима калциум таблети, не е ништо страшно тоа, само давај му еднаш дневно калциум таблета кога е изморено (од трчање, скокање, играње), и тоа на гладно срце и потоа дај му храна и тоа е тоа, сето ова пожелно е навечер кога ќе го шеташ, нека се истрча и таман пред да легне ќе биде доволно изморено за да изеде една таблета и да се наручка и да спие убаво :)
     
    WhiteAngel likes this.
  14. Doberman

    Doberman Популарен член

    Joined:
    Nov 13, 2010
    Messages:
    601
    Likes Received:
    519
    Зависи од квалитетот на кучешката храна, ако храната е квалитетна и содржи доволен процент на месо и протеини тогаш нема потреба од никакви додатоци во исхраната, но доколку кучешката храна не е квалитетна тогаш ќе треба да даваш додатоци во исхраната.

    Ефтините и неквалитетни кучешки храни можат да направат само проблеми и подобро е да се избегнуваат.
    100 пати подобро е да се храни кучето со домашно приготвена храна отколку со неквалитетна кучешка храна.

    Од кој бренд ти е кучешката храна ?
     
    WhiteAngel likes this.
  15. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Joined:
    Dec 1, 2009
    Messages:
    482
    Likes Received:
    352
    Зошто на кутрето му се црвени очињата и влажни?

    Да не има некоја инфекција?? :^)
     
  16. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Joined:
    Jul 14, 2011
    Messages:
    447
    Likes Received:
    213
    Можеби фатило инфекција, однеси го на ветеринар што поскоро...или прашај за совет некој вет.
     
  17. Chupe

    Chupe Популарен член

    Joined:
    Jan 25, 2011
    Messages:
    656
    Likes Received:
    422
    Домашни миленичиња

    феминки ај малце помош, мојата нова кучка , стара 2 месеци, некако не сака да се навикне да врши нужда надвор од домот, некој совет?
     
  18. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Joined:
    Jun 13, 2011
    Messages:
    697
    Likes Received:
    1,288
    Gender:
    Female
    Домашни миленичиња

    Трпение - спасение.
    Карај ја секогаш кога ќе изврши нужда внатре, а пофалувај ја и гали ја кога ќе врши нужда надвор.
    Ќе натопиш весник во урината и ќе го ставиш надвор, па потоа ќе ја однесеш блиску до весникот и ќе ја натераш да мириса. И зборувај и‘, многу зборувај и‘, да се навикне на твојот глас и да те слуша.
    Пробај го принципот награди и казни, ама баш секогаш. Носи ја на местата каде и‘ е дозволено да си кака. Треба да и‘ посветуваш многу внимание додека ја научиш.
     
  19. ivann

    ivann Активен член

    Joined:
    Nov 8, 2011
    Messages:
    31
    Likes Received:
    10
    Ај Девојки помагајте овде..
    Имам мачор и на врато е загноено... незнам како да објаснам
    кожата му е црвена и влакна има некаде попаднато и од кожата излегва гној..
    и мачката се чеша и некогаш и како малце крв има

    Бев на ветеринар ми препорача ветеринарот ампула која се раствора во 1.4л вода.
    ја имав таа ампула.. го прскам на вратот.. веќе 1 недела.. но нема некој мн јак ефект...
    Ме загрижува вистина да не знајте некој подобар совет што да превземам ...
    позз. :)
     
  20. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2011
    Messages:
    2,107
    Likes Received:
    1,642
    Ох леле, тек сега видов... :$
    Земам Еуканува, а ако нема таква Педигри Џуниор ама ретко бидејки пекинезерот не ми ја јаде таа. Значи, воглавно со Еукануба.