1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Пиги фејс персиските имаат проблем со солзење сум приметила, ама да не можат да отворат очи, да не сте грешка?
    Кој ви кажа дека имаат сите проблем?
    За чистење има капки, и вода и памукче, и за да нема под очите ко црно да се збира
    Ама неотворање очи е проблем за на ветеринар, не е кај сите така
    Чувам двајца, затоа знам...
    Едната е дол фејс, нема ни солзење кај неа, кај малото има солзење само, не е да не може да отвори очиња
     
  2. Marli

    Marli Активен член

    Се зачлени на:
    18 април 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Vlazen egzem kaj kuce, imal li nekoj iskustvo so ovaa bolest,kako se leci?
     
  3. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    543
    Допаѓања:
    208
    како се вика ветеринарната амбуланта на др.Владе?
     
  4. ELLLLLL

    ELLLLLL Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2022
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Какво мислење имате за храната Maxima од кам со оглед на тоа што е доста евтина?
     
  5. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Прочитај состав позади на храната
    барем први две состојки треба да се месо
     
  6. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.192
    Пол:
    Женски
    Лош квалитет, не содржи никакво месо, сѐ е meal-by. Ориз, пченка, глутен… Непотребни состојки за карнивори.
     
  7. ELLLLLL

    ELLLLLL Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2022
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Бидејќи прв пат чувам куче би ве замолила да ми предложите која храна да ја земам но да не е од оние скапите како што се royal canin, brit care. (кучето е старо 2 месеци)
     
  8. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.315
    Допаѓања:
    11.731
    Пол:
    Женски
    Happy dog за junior, и добро би било да му ја топите храната со вода или јогурт, толку мало суви гранули нема да јади
     
  9. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    387
    Пол:
    Машки
    Моја препорака е - додека е мало давајте им поквалитетно јадење
     
    На Slatkish255 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ELLLLLL

    ELLLLLL Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2022
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    А да ве прашам какво мислење имате за храната spectrum?
     
  11. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.192
    Пол:
    Женски
    Неубав состав, не содржи вистинско месо, туку meal by, ориз, пченка, полна со адитиви и јагленохидрати…
     
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.221
    Допаѓања:
    162.775
    Пол:
    Женски
    Сакам да се вратам на темава. Иако ја кажав и на хирург - вет хранава пред операцијата и ја одобри, мојот имаше пак проблем. Во ова храна видовме на декларација дека е против hairballs и ги разложва и има уринарен аспект шо бил важен за кастрирани мачори. Сега моментално е само со уринарна исхрана од Пурина и Ројал Канин. Пошто имаше опструкција на мочни канали. И има сечена бешика и 10 дена носеше катетар. Предиспозиции се кастрирани мачори, храната влијае иако кај мене ја изолиравме ( мора да е полезна за уринарно здравје; пурина про план, уринарните храни, храни за стерилизирани животни итн.; Како и други поквалитетни храни), ама сакав да кажам дека не било сеедно после кастрација, исто и ниво на стрес, песок и слично. Сега сум со два песоци ( по логиката на +1 пакетче песок од бројот на мачки), со кетнип напрскано сегде да се намали стресот и шоне. Пошто најверојатно ова беше проблем со стрес пошто пак имаше мака со ушите и непосредно пред опструкцијата бевме на ветеринар за чистење уши и беше м н о г у вознемирен. Некој ден покасно и целосно затнување. И после секоја контрола после операција јавуваше благи знаци на опструкција ради стрес. И сега е океј. И то е најважно.

    Поентата ми е, знам дека зборавме за храна, која е квалитетна и за стерилизирани и кастрирани животни. И сакав само да рефлектирам на последниов месец. Пошто операцијата беше ургентна и неќам да замислам шо ќе беше ако не сфатев шо се случва и закаснев.
     
  13. DevilGirl212

    DevilGirl212 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.319
    Пол:
    Женски
    Што е поефикасно за болви кај мачка прашок или ампули?
     
  14. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.192
    Пол:
    Женски
    Ампула.
     
    На DevilGirl212 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BarbaraMorii

    BarbaraMorii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Женски
    Видов многу вознемирувачка снимка на фб…Куче инвалид неможе да оди се влече сирото со болки вие од болки…Неможам да заспијам цела вечер сакам да му помогнам некако незнам како…Кучево се наога во Кичево..Може ли некој да го ниси во Ск мора мислам на ренген да се носи..Патни трошкови ке покријам и за лекувањето максимално што можам….Можеме ли некако да се организираме повеке души да му помогнеме за живи гревови е ем со болки ем неможе да се движи на улица и гладно :sweat::sweat::sweat::sweat:
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Linda24

    Linda24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2021
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Na maka sum so kuceto staro e 7 meseci eve tret den nejke da jadi da pie sedi tazno odneseno na veterimar mu davaat infuzii se e badijala samo povrajka kako plunka i ima proliv ama ne tolku ve molam nekoj so iskustvo sto bi mozelo da mu pomognit
     
  17. Ani45

    Ani45 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2022
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    986
    Пол:
    Женски
    Дали му направија крвна слика да кажат од што му е? Колку дена е на терапија, може треба да поминат неколку дена..
     
  18. Linda24

    Linda24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2021
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    NE mu napravija krvna slika 2 dena prima terapija nema nikakvo podobruvanje sega duri pocna cudno da mirisat.. i ispustat nekoi zvuci samo ima bolka vo stomak ne znam kakp da mu pomognam
     
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Вакцинирано е?
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Maylin

    Maylin Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2019
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека некој ќе го види мислењево тука...
    Вака, имам кучка, малечок раст е некое мешанче. Досега раѓаше еднаш до два пати годишно, искрено до сега воопшто не гледавме проблем во тоа, секогаш раѓаше по неколку кученца, ги растевме и им наоѓавме дом, и таа им се радуваше многу...
    Е сега, завчера се породи само едно мртво кученце, и од тогаш овие 3 дена се п е к о л н и. По цели денови квичи, вришти на цел глас, вчера цел ден ме носеше кај местото каде што се породи, нервозно копаше со рацете, се вртеше и што уште не, сето тоа квичејќи... Го тргнавме кученцето уште одма, го исчистивме местото да не може да го намириса, ја зедовме пред врата и само лежи, болно квичи и те гледа во очи, како да бара помош... Одма викнав ветеринар, тој прво се посомнева да не има уште кученца во неа и не може да ги роди, и даде 2-3 инекции и рече за 2-3 часа би требало да ги исфрли ако има уште. Исто и даде антибиотик во случај да не има сепса. Не исфрли ништо, значи немала кученца во неа, а сепак по цели денови болно плаче и те гледа во очи... Се си мислам да не е од тага по кученцето... Ради тоа пробувам да ја утешам некако, колоквиумска ми е и овие денови ми се страшно окупирани и не можам да сум по цел ден со неа, ама гледам секој момент да сум со неа, ја галам, пробувам да ја разиграм, и давам оревчиња (луда е по ореви и пак вчера ми ги одбиваше, не сакаше ни да лижне, по тоа одма се гледа дека не е во ред). Денес е као "подобра", во смисла плаче ама не секоја секунда, ама па затоа цел ден лежи...

    Прво ме интересира, како можам да препознаам дали има физички болки? Затоа што кога ќе ја викнам шета, скока на две нозе да ја галам, оди нормално, јаде, пие вода... Единствено што прави загрижувачки е тоа што по цел ден квичи и тоа прегласно и болно и те гледа во очи (како да бара помош, претажно е), и лежи по цел ден дури не ја викнеш... Душата ми се кине, секое мислење би ми било добредојдено...