Како тоа храна што не содржи вистинско месо, ориз и пченка, животинска маст (не е ни наведено од кое животно), леќа, компир и јука ектракт се декларира како предобра храна? Ах да, и додаден менадион и што уште не. Кучињата немаат потреба од менадион…
Не знам, како таква ни ја препорача ветеринар. Леќата освен што е јаглехидрат, исто е и извор на протеин (повеќе од оризот). Иако заедно со пченката и животинските масти се 5%. Јука екстракт има и во Ројал Канин за јазовичари (слика подолу), а нели Ројал Канин се смета за одлична храна и сите ја препорачуваат. Исто така ме интересира како дехидрирано месо не е вистинско месо? Знам дека animal-by-products не се најдобри, но не сум знаела дека дехидрирано месо не е месо. И кое месо во сува храна не е дехидрирано? Нели затоа се вика дехидратат? За менадионот не знаев навистина, фала ти. Ќе ми значи ако ми разјасниш ова погоре, пробувам да научам што е можно повеќе за овие работи
Оризот е тотално непотребен во кучешка храна, не е никаков протеин, а и леќата нуди повеќе јагленохидрати отколку протеин, па и заедно со ориз и пченка… Ако 5% се пченката и животинската маст (којашто не знаеме ни од каде доаѓа), тогаш што се останатите 95%? Нејсе, Ројал канин содржи јука не зашто е одлична храна, туку ужас од храна и е препорачувана ради маркетинг и бизнис, а не зашто е “одлична” храна. Дехидрираното месо само по себе не е лошо, освен што се губи влагата при дехидрирање, и губи минимално од нутриционалните вредности (не е air-dried за да не ги губи), но тука станува збор за сува храна што е испроцесирана со топлина од над 260°C. Во скоро секоја сува храна има дехидрирано месо, сѐ зависи од количеството колку месо содржи и дали има барем малку свежо месо. И дехидрираното месо е подобро од meal-by што не е никакво месо, само ароми, како во РК. И уште една негативна страна е тоа што meat meal може да е наведено во храната со различни имиња како, на пример: ‘chicken meal', 'chicken meat meal', 'dehydrated chicken' или 'dried chicken'.
Си пишува убаво во составот во %. Само дехидрирано месо е 38%, 20% е оризот, 7% е дехидриран лосос, 5% се пченката, леќа и животинските масти, итн. да не набројувам сѐ. Вкупно 30% суров протеин, што е идеално за младо кутре. Значи сепак изразот "не е вистинско месо" не е баш точен. Вистинско свежо месо во дехидратат нема да имаш, на овој или на оној начин се дехидрира. Единствен начин за да знаеш дека кучето ти јаде свежо месо е да го храниш комплетно raw diet или барем 80:20 дехидратат со слежо месо мешано. Јас понекогаш ѝ ја мешам во тој размер со свежо месо. Сепак, со оглед на цената (скоро како Педигре е цената по кг), сметам дека е сосема солидна храна за куче и е далеку поквалитетна од повеќето на пазарот. (Пак ќе спомнам дека е без ГМО, без хемиски стабилизатори, без бои)
Што е со менадионот? Дали храна во која скоро секој витамин е додаден е солидна храна? Компир, пченка и мин. 20% ориз се декларира како солидна храна исто така? Има храна што содржи и тоа и тоа. Не збориме за вистинско месо во дехидратат, туку за храна што содржи вистинско месо. Дехидрататот за кој зборуваш ти, e месо што веќе има изгубено вредности при самиот процес, освен како што наведов погоре е air-dried/freeze-dried. Плус ова: И уште една негативна страна е тоа што meat meal може да е наведено во храната со различни имиња како, на пример: ‘chicken meal', 'chicken meat meal', 'dehydrated chicken' или 'dried chicken'. Протеинот идеално е да е повисок од 30% на сува материја, а јагленохидратите на минимум, т.е. 3-10% е најидеално, сувата храна (повеќето) содржи 60-80%. Витамините се најчесто синтетички, секако само за оние за кои што знаеме. Калциумот и фосфорот е невозможно да бидат балансирани кога се додадени синтетички. Идеална балансирана храна не е 80:20, туку 80:10:10 и оваа храна не е комплетно балансирана дури, бидејќи овој размер е за месо, сепак треба зеленчук, омега 3 (fish, krill, algae and flax oil, nuts/seeds) витамини и минерали. Не реков дека е најлоша храна на маркетот, ниту пак за цената, туку дека според составот - не е предобра храна, ниту пак Ројал е одлична. Но далеку од тоа дека е лоша храна за цената, зашто има далеку полоши, а и поскапи. Ројал е една од нив.
Оријен е една од најдобрите на маркетот моментално, Акана е исто така од иста компанија. Една мала споредба: Оријен содржи околу 75-80% месо од кое 50% е свежо, Оријен содржи најмалку 6 вида на свежо месо и се водат според “whole pray model” што значи дека храната содржи и органи, срцевина и коски/‘рскавица. Акана содржи околу 40-65% месо, зависи од изборот, од кое свежо е 9 - 30%. Нуди најмалце 3 вида на месо, но најчесто не е “whole prey”. Протеин: Оријен нуди некаде помеѓу 38 - 42% протеин, Акана помеѓу 25 - 35%. Јагленохидрати: Оријен макс. 25%, Акана 25% - 35%. Suma sumarum, Акана е со попристојна цена, додека Оријен е со ‘маалку’ подобар квалитет и состојки. На Фармина е ок, наведен е цел состав, 34% протеин, мастите се малку високи 41%. *Уште ова заборавив да пишам, Ројал канин (Марс компанијата) ја купија Оријен и Акана, така што се надевам дека нема да го уништат составот и да ја направат една од најдобрите суви храни моментално, исто како Ројал, со евтини состојки како animal by, meat by, corn, maize, tapioca starch etc. состојки.
На неколку места забележав дека му паѓа крзното на моето куче, а редовно му давам витамини што ми ги препорача ветеринар. Многу се загрижив, од што може да му е така? Утре обавезно го носам на ветеринар.
Ми личи на ringworm. Ќе треба под УВ лампа (wood’s lamp) да се провери, а потоа ќе ти биде препишана соодветна терапија, најчесто анти-фунгална маст и таблети.
Од Брит страницата за нарачка на храна на фејсбук ми кажаа дека од брит јуниор имале само брит јуниор с. Моето куче е лабрадор, што значи дека е далеку од small (мала раса). Ве молам кажете ми дали е проблем да го хранам со јуниор с бидејќи од брит увозниците ми кажаа дека е во ред затоа што брит јуниор с и брит папи биле со иста формула. (брит јуниор м и л немале). Доколку знаете исто ве молам кажете ми каде на друго место можам да ја најдам храната на брит.
Подобро прекини со хранење на Брит бидејќи веќе нема увоз. Ројал Канин увозниците ги купија лиценците на Monge и Brit за увоз и на многу други, па ги згаснуваат. Тоа е таа нелојална конкуренција. Брит С не е за лабрадор, нема доволно состојки за големо куче во раст. Премини на Sam's field, бренд кој доаѓа од Брит фабриката кој Ројал сега за сега не можат да го купат, или, премини на Пурина Про План Медиум или Про План робуст.Со тие немаш утка.
Имам бишон фризе, старо 2 години. Што да превземаме во врска со црвените очиња? Јаде специјална храна за бели кучиња, го бајнам со трикси за бели кучиња и му давам суплименти и пак има кафеаво околу очи и уста
Секогаш ќе има. Има сега еден суплемент, Diamond eyes, https://mypetshop.mk/shop/diamond-pet-eye-preparat-protiv-damki-od-solzi-kaj-kuchinata/, задоволни се од него сите што ги имам прашано. А за тоник, само Virbac средство за околу очи.
За овие што мислите? https://www.reflexmama.com/reflex-plus-adult-dog-food-with-chicken-for-mini-small-breeds https://www.reflexmama.com/reflex-plus-adult-dog-food-with-salmon-for-mini-small-breeds
Processed Chicken Protein, Wheat, Corn, Chicken Fat, Rice, Sugar Beet, Liver Aroma, Whey Powder, Ова доволно кажува, хранава е за кози
Овој со активен јаглен, Cat Royale мене ми се покажа како најдобар. Вреќа од 5кг е 290 мислам овде кај што го купувам.
Здраво имам едно прашање мачорот пред некој ден му се прошири 3тиот очен капак скоро до средината на окото,знам дека нормално си се појавува додека спијат но сеа ми падна чудно, има некој искуство со ваков случај?