1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. UnPapillon

    UnPapillon Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2022
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    195
    Што ќе правиме со петардите за два дена... Страв ме фаќа. Лани со моево без затворена во шупа само за да се смири и се мачевме едно саат два сигурно, оваа година нема да сум дома и се плашам како ќе помине..
     
  2. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Диазепам ако е мало 2мг, ако е средно 5мг ако е над 25 кг 10мг
     
    На UnPapillon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. GirlFromMars

    GirlFromMars Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    8
    Здраво девојчиња.
    Мајка ми која живее во Охрид се грижи за нашиот 14 годишен мачор кој ужива во безбедноста и излегува често надвор. Пред некој ден забележала рана на неговата кожа која иако зараснувала тој постојано ја разранувал и чешал. Мислејки дека е алергиска реакција од болви што му се има случено и претходно и дека каивчето не помага му ставила ампула за болви. После тоа му искочиле уште 3 нови рани по телото и му се раскрвариле од чешање. Се исплаши и денес го однесе кај нашиот ветеринар мегутоа бидејќи биле затворен го однесе кај друг, да бидам блага, погруб ветеринар. На страна тоа што човекот незнаел да се справи со испаниченото маче, претпоставил дека е шуга и му ставил инекција против шуга и антибиотик. Планира да го однесе кај нашиот редовен ветеринар наредна недела штом отворат, ама до тогаш дали некој од вас може според сликата да претпостави што може да е проблемот? Бидејќи е постар навистина сме испаничени и жално ни е така да го гледаме. received_2961227237508783.jpeg
     
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Мачето не сака да јаде ништо цел ден денес, буквално до уста му носеме секаква храна и се' одбива, никако не отвора уста. Некако како тажно ми личи, а нема причина за тоа...
    Ве молам за совет, дали е нормално тоа? Искрено, чудно ми е бидејќи секогаш има многу голем апетит.
    @theowndemon Ќе те тагнам тебе за секој случај ако знаеш нешто.
     
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.220
    Допаѓања:
    162.764
    Пол:
    Женски
    Нека ти е под надзор. Дали реагира на некоја болка, види прати му изметот. Можи му треба внимание, можи се уплаши од петарди и такви работи. Јас вчера цела вечер то ги провервав двата. Ќути незасегнати. Последно мојов така ко праеше имаше furball за вадење и то му праеше мачнини па одбиваше јадење и беше агресивен. А и заборјав да додам, пробај дај му надвор од чинивче. Да не му се престимулирани мустаќите.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Му давав и надвор од чинивче и ни така не сака да проба....
    Исплашено и тажно ми личи, го кренав малку и не бегаше, не мјаукаше, не мислам да го боли стомакот, не лежи, си стоеше како седнато малку.
    Можеби од синоќа да е исплашено од петардите и огнометите, не бев дома и не знам како има реагирано.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.220
    Допаѓања:
    162.764
    Пол:
    Женски
    Можи да да, и плашење и престимулација знат да носат маче до нејадење и летаргичност и криење. Јас би го надгледвала денес и утре прва работа би кренала телефон на вет. Ако не се лажам, во исто село бевме, Владе работи Недела и празници од 11 до 1, па во тој период јави му ако уште е вака.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    @theowndemon А што точно значи престимулација на мустаќите?
    Не се разбирам стварно, ова ми е второ маче во животот, првото го имав ептен кратко.
    Ништо не касна ич никако цел ден и цела вечер... Се крие да не го гледаме и плус пушта чудни и тивки звуци, не сака да лежи само стои како седнато и има многу страшен и чуден поглед, ама не е агресивно.
    Му дадовме млеко со шприц сосила, и по 15 мин го поврати :(
    Остава да го галам само по главата мирно, ако го галам на стомак и грб пак пушта чудни звуци.
    @1992g те молам и тебе за совет, @CameliaMiller @Mantub и вас. Стварно не знам што да му правам :(
     
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Прва знак на скоро секоја болест е одбивање јадење.
    Од петардите не му е ти гарантирам, и моето вчера се потресе од петардите, прекинаа и се смири одма, не го продолжуваат стравот до другиот ден да се афектирани.
    Од страв се штрекнуваат, очите им се големи и се раздвижени, цело време се на готовс, а летаргични, седнати на газ, не се исплашени туку снеможени од нешто.
    Криење по ќошиња, исто така тоа го прават кога се болни.
    Моето баш пред некое време, ништо не правеше поразлично, ниту звук, ниту одбиваше храна, ниту беше топло на допир, ама во ќоше се пикаше и така седнато на газе и ме гледа.
    На ветеринар покачена температура, благо покачена така што не ја осетив со рака, ама дефинитивно над нормала.
    Мачето ти е од нешто болно, а од што, мора ветеринар да го види, стварно немам идеја.
    Вакцинирано ли е?
    Ако е вакцинирано и прочистено, веројатно обична настинка што ќе помине со антибиотик, така беше кај моето, го боцна само еднаш со долготраен антибиотик да не го носам пак и со една боцка се среди.
     
    На theowndemon и Rama им се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    @Mantub Вака не ми личи ич на топло дека е. Прочистено е за глисти баш пред околу 2 недели, му дадов половинка апче дека е помало, родено е пролетта некаде и после го зедов јас.
    Очите не му се ич широки, напротив како замижани и исплашени, ама одвреме навреме прави страшни погледи, не сака ич да лежи како што кажав, ниту пак касна нешто, цел ден до уста му носиме и не сака ни да помириса.
    Млекото го поврати за брзо и пред да го поврати испушти чудни гласни звуци, а пред тоа тивко мјаучи само и не сака галење никаде освен по главата.
    Фала ти многу на одговорот. Не знам што ќе му правам, утре ќе барам дежурен ветеринар ако има, ама многу се плашам дека нема да преживее вечерва, премногу е чудно :(
    И кога ќе биде скриено, додека го барам, никако не одговора, буквално не сака да биде најдено.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Има исцедок од очи, нос или крвава дијареа?
    Најопасен е парво вирусот, го покрива вакцината, ама ако не е вакцинирано за жал може да го фати, фелин панлеукопенија се вика парво вирус кај мачки, покрај неспецифичните симптоми како летаргија, благо покачена температура, одбивање храна, дава и крвава дијареа. Е сега парво без терапија брзо се развива, од 12 до 24 часа може да умре.
    Под терапија мислам на инфузии со витамини, зошто лек нема, се остава мачето само да се избори.
    Ако состојбата не му се влошува, цел ден ти изгледа исто, можеби и не е парво.
    А ако е горно респираторен вирус би требало да кива, да има мрсули на носот и очите.
    Дома нема баш што да му правиш, освен да му измериш температура ако сакаш и знаеш како, од 38 до 39 со 2 е нормалната кај мачки, ама и да има покачена што ќе му правиш, секако ја покачува температурата за да се избори со што и да се бори, нема смисла да му ја спушташ со лекови.
    Нуди му течности вечерва и обавезно утре на ветеринар, мора да се најде некој.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Нема исцедок ни од нос, ни од уста и очи, не забележав ни нешто чудно во изметот.
    Не кива ич, не кашла.
    Состојбата му е иста, цел ден е такво. Прво реков ајде исплашено е од петардите, плус таков си е малку и општо е плашлив, реков ќе се стабилизира, ама не и не.
    Вакцинирано е, ама не знам која вакцина и за што ја примил, не го носев јас.
    Многу многу се трудев и за храна и за течност цел ден ама не сака и не.
    Утре ќе барам некое чаре, само Дај Боже да преживее вечерва. Фала ти многу, и извини на гњаважата.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Вакцини се две, едната вакцина е тровалентната која покрива парво, калици вирус (горно респираторен вирус) и херпес вирус.
    За таа вакцина после првиот пат има и ревакцина, после само еднаш годишно.
    Ако е вакцинирано, и да заболи симптомите ќе му се мали и шансите да преживее се големи.
    Ако е заболено или повредено од нешто друго, веројатно ќе се среди зошто овие вирусите се опасни за кои всушност и се вакцинираат, а за друго ќе се најде терапија.
    Другата вакцина е против беснило, не верувам да е таа, ќе имаше и чип и пасош.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Нема чип и пасош, не се разбирам која вакцина му е ставена, не се разбирам многу во грижата за мачки, јас само му го дадов апчето за глисти. Сега сакам да оздрави, и сериозно сум загрижена, утре ќе барам дежурен ветеринар и се надевам се ќе биде добро.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    @Mantub
    Мантуб уште ова и не те гњавам веќе.
    Сега пак поврати малку од млекото, едвај малку, се мачеше ептен да поврати и мјаукаше силно. Многу е ладно, никако не испушта топлина ама ич.
    Добар знак е ова или лош?
     
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Уффф тоа е не е добар знак :( не му давај повеќе млеко, што повеќе повраќа тоа побрзо ќе дехидрира.
    Ама тоа што е ладно ич не ми се свиѓа :(
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Не му дадов сега млеко ич, прееска само пред 2-3 саати и толку му беше за цел ден.
    Никако не е топол никако од прееска е ладен на допир низ цело тело, имав претчувство дека оди на лошо;(
     
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.042
    Допаѓања:
    87.187
    Пол:
    Женски
    @Rama
    Ако имаш електролити за луѓе дај му.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Немам моментално. Го галев да го загреам и го покрив малку да се стопли, многу е ладно мачето и не испушта топлина како што испушташе во нормални услови.
     
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.042
    Допаѓања:
    87.187
    Пол:
    Женски
    Носот сув му е?
    Ако можеш види непцето дали му е бледо и стомакот дали е тврд?
    Можно е да има температура твоево.
    Не знам дали можеш аналгин малку да му дадеш.
    Парацетамол не смее.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.