Сув му е носот. Стомакот не му е тврд, ама не ме остава да го фаќам таму и на грбот, се тревожи, само на главата ме остава да го галам. Сега спие малку на стомак, напредок мал е тоа бидејќи цел ден само седеше и никако не спиеше. Не знам дали непцето му е бледо, ќе видам кога ќе се разбуди.
Температура е изгледа сепак. Колку кг има? Ако има околу 5 можеш четврт аналгин. Ќе мумпомогне за температура и болки ако има.
Не е дебело маче за возраста, околу 7-8 месеци е старо. Сигурно има 2-3 килограми, не мислам дека има повеќе. Ќе пробам некако да му дадам малку аналгин.
Не млеко не не, мачки се lactose intolerant ќе дехидрира. Оди кај владе са за сат отвора, сите знаци ги има дека има некоја мака. Дефинитивно не е до мустаќи, кога има мака со мустаќи не јади од пајнче оти му допират на садот. Исто аналгин знам дека генерално не смеат воопшто. Како и да е, како е сега мачето? Го спакова за на вет?
Што направивте? Аналгин нема потреба, се дава кај покачена температура, а ладно на допир има хипотермија не висока температура, плус се дава само под надзор на лекар.
@theowndemon @Mantub @Cosmi @Angie1432 Фала ви за грижата и за советите. Го однесовме на ветеринар пред некој саат, господинот имал повишена температура. Го фати дијареа денес и пак повраќаше, не беше игрив и пак се криеше. Ветеринарот му стави инфузија, му провери крв и кажа дека бил некој вирус ама не бил страшен и пренослив за нас луѓето. Крвта крш, леукоцитите единица, а од 5 натаму требало да бидат. Требало да јаде само супа или јогурт и утре ако не е подобар пак да прими инфузија. Пак не јаде ништо еве, ама се тешам дека ќе се накрене од инфузијата малку барем, уште не е живнат, само лежи, ама се потсмирив дека го виде ветеринар. Инаку синоќа ништо не му дадов од страна на апче, ми беше страв да не искомплицирам нешто додатно. Денес беше ладен на телото пак, ама главата му беше топла.
За жал нема што да се направи, мора да се почека да се избори сам организмот. Ако не е страшен вирус како што кажал ветеринарот (парво), ќе се опорави дај му време. Инфузија штом му дале не се секирај, хидриран е од инфузијата, а утре пак однеси го на уште една.
Доста време помина од инфузијата, и некој витамин му ставија башка, ама никако не јаде, не ни намирисува храна а до уста му носам, го кревам кенка и цел згрчен стои, не сака да лежи пак само ко подседнат стои.... Не знам дали да ѕвонам на ветеринар, и тој кажа дека треба сам да се избори организмот. Некако вие поангажирани сте, имате разни искуства, не дека стручно лице нема.... Добив совет од луѓе кои чуваат мачиња утре да му дадам инфузија од аптека како ние луѓето што купуваме во домашна употреба што се раствара. Што мислиш за тоа? Синоќа знам дека бев досадна, и денес може сум, ама ветувам не прашувам веќе ништо, само за инфузијата ме интересира мислење
Не си досадна, прашувај све. За домашна инфузија не сум, тоа треба да се даде венски, да се пази да не се направи емболус, не е нешто претешко, ама ако немаш искуство најубаво да го однесеш на ветеринар. Таа инфузија од аптека не е ништо посебно, физиолошки раствор, на ветеринар си знаат, во физиолошкиот раствор ќе стават и декстроза, витамини, електролити, калиум, работи што не може дома да се дозираат, а ако му дадеш само физиолошки раствор ќе мислиш си завршила работа, а не е толку хранлива особено за маче што ништо не јаде, не пие, мора да прима појачана инфузија за да не дехидрира. Се надевам не ти е финансиски терет, знам дека некогаш терапиите се скали, ама мислам дека со уште една утре и ќе почне да му станува подобро. Ако беше парво досега ќе умреше, а освен тоа, се друго колку толку се третира.
Ич не е живнато ич, а многу саати поминаа од инфузијата. Храна пак не сака ни да помириса, му дадов супа прееска ја поврати за некое време, после по препорака на ветеринар уште два пати на два саати му дадов чај од нане и тој го поврати.... Цело време седи на нозе, многу ретко лежи. Телото пак му е целото ладно а на главата е топличко. Ветеринарот ни за апче ми рече за температурата ни ништо, а се гледа дека има, само рече утре уште една инфузија, имал вирус и ќе морало самото да се избори. Ич не реагира ни со погледот, ептен споро и не често, и со прстот му движев да ме прати, ама слабо ме прати, некогаш не ме ни регистрира, и дишењето му е забавено, и внуците го анимираа ко и секогаш ама и со нив е исто. Не сакам да кобам, ама се плашам, предвреме го исплакав. Ова ми е казна што до пред 10 години не сакав мачки и ми беа лоши и дволични и се најлошо. Ова ми е второ маче што го засакав ко човек, и не сакам да ми замине, сабајле до 5 дежурав до него, вечерва пак, а уствари не можам да му помогнам
Ајде утре ќе го однесеш на инфузија пак. Апчиња за температура не му давај без совет од лекар, со температурата е меч со две острици, убаво е да се крева, да го уништи вирусот, ама да не се крене премногу. Може не се подобрува, ама не се ни влошува, не губи надеж. И нема казни тоа е, малите мачиња, кучиња се многу подложни на секакви вирози.
Кажи ми ветеринарот што ти кажа?само дека е некаков вирус? Да нема проблем нешто со мешето,или да има болки,па затоа да не може да лежи?не знам колку е ефикасно,ама мислам дека имам читано дека се дава јаглен(од тие ние што ги пиеме) за да му се смират цревцата
Рече дека е вирус да, така кажа според крвна слика, ама не кажа кој е, рече не бил пренослив за нас луѓето. Вчера никако не оставаше да го чепкам никаде, освен на главата, сега нежно го масирав на грбот и стомакот неколку минути, го кренав ама сака само да стои на нозе како подседнато, ако го кренам се згрчува целото и не реагира ни со погледот, ни нозете не ги мрда никако, јазикот малку му е изваден надвор овие неколку саати, тешко дише и ладно му е телото, само на главата е топло. Два дена повраќа, ама ветеринарот рече надразнет му бил желудникот и нормално било за вирусот, ама јас сум исплашена бидејќи прв пат се соочувам со вакво нешто и стресно ми е и жално.
@Rama ќе биде добар. Треба во инфузијата да стават и реглан или фамосан против повраќање, лек против грчеви, и сите витамини во ампулна амбалажа а и тамифлу не е лошо. Ќе земеш неколку конзерви медицинска recovery храна.
Здраво, ми треба совет. Имам бишонче старо една година, последниов период имаме голем проблем. Не сака да ја јаде неговата храна, а грицки и наша храна си јаде. До сеа сменив два три типа на храна, прво superior care за бели кучиња со риба па со јагнешко, сега некмар со пилешко. Веќе многу се нервирам и не знам што да правам. Го оставам, не му давам ништо освен неговата храна, доаѓа до степен да прегладне и поврати и пак не јаде. Секој совет ми е добредојден.
@Rama како е мачето? Јас да прашам за мојата, последно многу кашла и се дави од влакната, а не ги исфрла ко порано со повраќање. Дали покрај храната што ја јаде редовно за стерилизирани можам и за против hairballs да давам и која е добра?