Пурина можиш, ја имам забележвано ко ќе купвам. Јас лично користам паста, х2 неделно по 2мл ми се чини, на препорака на ветеринар. Од тогаш немал мака, машала.
Нема подобрување цели три дена, и да има одвреме навреме е малку ептен и пак се влошува, многу е лошо, го преплакав
Ах... Прими сочувство. Жал ми е. Стварно. Ама сега е на место кај шо не боли. Спојлер: Се расплакав со муабето, на ризик отвори П.С. видов во прашања за религија и бев ко "неее ". Стварно ми е жал. Во мојата гла кога сум губела миленик сум си се убедвала дека еве сега е тука до мене, си ја глакам. Ме гледа мене и Величе ( оти му е мајка) и го учи Пес ( претходното куче) како да не чува. И дека ко ќе лај Пес на воздух или кога Величе гледа во место - дека си ги гледат тие шо претходно сум ги сакала исто колку нив сега. Шознам, дава некој комфорт. И знам дека сега се расплакав. Да си проверам календарчето. :')
Дали некој има искуство со артритис кај куче? Нашето наполни 11 години во декември и уште пред година дена почна да покажува повремени знаци на артрит во десната задна нога, таа му е искривена уште од бебе, не знаеме дали е роден така или од повреда додека бил мал ама сепак кривеше со неа, сега се случува на неколку месеци да има како напад, не може да стапне на неа, не се качува по скали и покажува знаци на болка при фаќање на ногата. Деновиве мислам дека пак е во болки, мирен е повеќе од вообичаено, се случува на моменти да почне да се тресе како од страв и да се крие по дома, цел ден е нормален, си јаде, шета, игра и наеднаш почнува да реагира вака и се гушка во нас, се гали ама се гледа дека е исплашен. Мајка ми мисли дека го боли и знае дека после покажување на болка следи ветеринар па се понаша вака ради тоа ама јас мислам дека не е понашањево само ради страв од вет. Секогаш кога има напад пие терапија и е е како нов ама терапијата е само за месец и после пак исто, сакам некое потрајно решение. Мала раса е и 11 години не е многу според мене, не покажува други знаци на старо куче, вид има добар и слух исто, здрави заби, последна крвна слика му е супер и ехо на органи супер, освен шеќер на граница ама кога му испитуваа беше на гликозна терапија па вајда ради тоа му беше на граница, и само ова е загриженоста. Стварно ми е мака да го гледам вака, знам дека со староста е нормално да станува побавен и да има промени ама не мислам дека треба да трпи болка и дека треба да го оставиме да се мачи со артритисов. Секој совет или искуство ќе помогнат.
Тек сеа гледам. Очигледно за парво станувало збор, а исто така очигледно не било вакцинирано. Жалам што со го изгубила мачето, следен пат вакцинирај со време.
Не ама на крвна слика некоја му правеа и покажа, за жал нема каде да го снимам тука и во околината. Мислиш нешто друго може да е?
не може по кс артритис да кажат. може и дисплазија да е. ќе дојдете во Скопје на снимање и ќе се види што е за да се даде соодветна терапија.