1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Мачето имаше примено вакцина, дали имало примено ревакцина, не знам, го зедов кога беше малечко и го чував неколку месеци... Не знам што се случи, ама ми отиде во 4 дена, ветеринарот само ми кажа дека е вирус кој не е пренослив за нас луѓето, ама не ми го кажа на име вирусот, ми кажа дека леукоцитите му се паднати многу и тоа беше тоа, инфузии примаше два дена и антибиотик, ама не се избори:u:

    @nextredstyle Фала ти мила:hug:
     
    На cresa-jagoda и nextredstyle им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.220
    Допаѓања:
    162.762
    Пол:
    Женски
    Вака, немам сериозен проблем ама предолго трај. :D Мачорот пие вода да. Ко ќе му се пие. Ко ќе не му се пие е проблем. Ама му е интересно да се шлапка. И не можам да го одвикнам. Дур пиеше од бокал - ја копаше водата надвор. Дур пиеше од пајнче - истураше пајнчето. Сега има фонтана - седи со шепите шлапнат и гледа како течи. :D Куќата ми е потоп. Кога и да го фатам предните шепи му се цедат од вода. Играм со него. Има играчки за ко ќе не сум дома. Има таблет негов со видеа шо му оставам ко ќе излегвам. Ова го кажвам од аспект, забавуван е, не му е досадно.

    Имал некој сличен проблем?
    Ако да, како сте го решиле?


    Би рекла дека сум очајна ама полека се помирвам. Предолго трај. :D

    IMG_20230106_040035.jpg
     
  3. ElenaV@

    ElenaV@ Нов член

    Се зачлени на:
    10 септември 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Екипо здраво Имам два ретривери женки дома. Едната е стара 9 години и една мала од 8 месеци. Старата е топ девојка од 3 месеци е со нас , а малата е ужас последните две недели јаде се живо дома лампиони елки прекривачи абе се...Сами се дома отприлика некој два макс три часа. Кога ќе се вратиме дома е ужас изедени фломастери пенкала мастило на сите страни незнам како да ја смирам ...12 год имаме кучиња вакво чудо незнам да било ...некој совет искуство...
     
  4. Irimiri

    Irimiri Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2021
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    115
    Пол:
    Женски
    Моето имаше и му давав апчиња артромакс ( од разни производители ама вака ги барав). Мене на ветеринар ми кажаа мора заради старост да си ги пие витамините доживотно и без прекин.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Таков е мачорот и јас имам и преееееемногу е мрзлив ама кога ќе оди во купатило цел сака да се ваља во вода или врз глава да му тече. Едино можеш водата да му ја префрлиш во купатило па колку и да прави беља со водата барем не треба да чистиш. :)
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.220
    Допаѓања:
    162.762
    Пол:
    Женски
    Полека работам на то пошто... Се плаши од тоалетот наш. :sweat: :D Во тоалет влегва ептен ко ќе се осеќа "храбро" и цело време е на штрек. Дури и песокта не му ја чувам таму ради тој страв.
     
  7. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Некој да има искуство со откажување на задни нозе кај куче? Кучето е лабрадор и е старо 13 години, ни дадоа витамини biogenic pet mobility и масло од лосос. Одкако ги пие како да се дави по цел ден или пак исфрла шлаем и е настината
     
  8. Abklskezs27

    Abklskezs27 Активен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2020
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Здраво , сакам да прашам за ваше искуство бидејќи јас баш не сум запознаена со овој да го речам проблем . Кучето мое има 2 ипол години , до пред да напуни 2 години редовно го носевме во парк за кучиња и никогаш немал проблем со ниедно куче. Меѓутоа после 2 години почна многу агресивно да се однесува према другите кучиња и престанавме да го носиме и да биде во контакт бидејќи не сакаме на никој да правиме непријатно. Иначе кучето не ми е кастрирано , па повеќето ми предложуваат да го кастрирам за однесувањо. Дали може да споделите ваши искуства.
     
  9. Ani45

    Ani45 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2022
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    986
    Пол:
    Женски
    Дали можам да вакцинирам 5 годишно маче? До сега нема примено ниту една вакцина, па не знам дали е прекасно или нема врска возраста..
     
  10. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.385
    Допаѓања:
    38.279
    Пол:
    Женски
    Нема врска возраста, можеш да вакцинираш слободно. Особено за вирусите.
     
    На Ani45 и theowndemon им се допаѓа ова.
  11. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.252
    Пол:
    Женски
    Да си го кастрираш :)

    Или достигнал зрелост баш тој период, или имало женка и се закачил поради неа, и ќе продолжи да се закачка
    Ама кастрирање ти е решение
     
  12. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    4.233
    Пол:
    Женски
    Некој да има искуство со повреда на предна нога кај маче?

    Нема отворена рана, нема баш ништо но куца. Не можеме да провериме дали во прашање се скршени нокти или шепата е повредена пошто не дава да го допреш.

    Одбива храна и вода. Само спие.
     
  13. Zokiccc

    Zokiccc Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2021
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Дечки ве молам помагајте, мачоров цел ден ни ржи на сите дома, ама не знаевме зошто, прегеска го кренав и ми ги закопа ноктите и ми ржеше и јас го пуштив на земја и почна тој да трчи и да мјаука и кога ќе видам по него се беше крв, кога ќе видам со извинување од неговиот п**** или од анусот течеше крв бледо розева крв, од што може да ми биде и на сета таа ми избега надвор вела вечер го барам, знам дека ќе се врати ама го мислам што може да му е, чим се врати одма одиме на ветеринар.
     
  14. ELLLLLL

    ELLLLLL Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2022
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
  15. A❤G

    A❤G Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2023
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    Zdravo na site mi treba pomos imam kuce maltezer megutoa eve dva dena mnogu se trese I omalaksano e odbiva da jade I ne saka na mestoto kaj sto go ostavam da sedi tuku nadvor lezi vo dvor mnogu e omalaksano
     
  16. babymaybe123

    babymaybe123 Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2022
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Имам женско маче 5 месечно ,го вакцинирав пред 1 месец и влезе во циклус неможев да го стерилизирам арно ама фати вирус и примаше антибиотици ..му помина па го ревакцинирав пред 4дена
    ...веќе 2 недели има бело жолтеникав исцедок..се јавувам на ветеринар ми викс мора да пројде 2 недели од ревакцинацијс...многу сум исплашена незнам од што може да е ..инаку не излегува ич од дома
     
  17. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    6.115
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки. Земав кученце мешавина на златен ретривер и лабрадор. Старо е месец и половина. Сакав да прашам за начин на исхрана што да му се дава? За сега му давам некои гранули за пет шоп, но сите различно ми кажуваат колку да го хранам. Ветеринарот спомнал по 5-6 зрна да му се дава 5-6 пати во денот, но мене ми се чини како да е малку тоа. Совет некој да ми даде каква храна да купам и колку пати дневно треба да се рани со која количина? Фала многу на одговорите.
     
  18. Hunger

    Hunger Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Препорака за добар ветеринар во Скопје, во околината на Аеродром? 8-|
     
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.220
    Допаѓања:
    162.762
    Пол:
    Женски
    Дали во некој наш пет шоп се продават филтри за фонтана?

    Имав нарачано ама не стигнаа. Прашав на три места Битола и добов негативен одговор. Не ми менва во кој град е таму кај шо има. Ептен кнап сум со тие шо ми дојдоја со фонтаната наскоро ќе ми требат нови.
     
  20. KarolinA.

    KarolinA. Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Не знам дали прашањето е за тука. Но во последно мојата кучка која има 9 год. има солзички истечени од очињата. Последно на ветеринар беше пред една година и беше во ред.
    Јаде, пие нормално се, си игра ако ја играш. Во однесување би рекла дека не е променета, но понекогаш изгледа тажна.

    Ме загрижува, но не знам дали само си премислувам дека нешто ја боли или дека нешто не е во ред (како што старее мене се потешко ми паѓа).
    Од она што го знам дека ако нешто не е во ред со нив не јадат или имаат дијареа. Таа си е океј во тој поглед.
    Што да правам? :(