Многу згрешив оти со брит прво не зедов рефус. Мислев вау уба храна, поќе протеин, помрсна, сигурно ќе ја сака. Ама заборавам шо куче имам.
И ја така колку пати ќе купам храна и после тоа завршува на уличните мачиња. И сега си знам земам за проба
Брит одбиваат бидејќи нема никакви филери, никакви емулгатори, засилувачи на вкус и конзерванси. Се што има е месо, житарки, зеленчук, овошје и тревки. Ако куче било пример на ројал и сакаш да го префрлиш на брит, its a BIG no
Кучето многу има поминато оти по околу 8 кила секоја храна ми ја одбива. Брит ја сака од ко ќе почни да гризи. Ама дур гризни... Шо е напредок. Многу храни и да ги гризнеше не ги јадеше. Почнав да му мешам по некое зрно смрдлива храна поефтинка, колку да гризни. Засега функционира. Се надевам ќе трај. :')
Хелп. Имам бишон 6 месечен кој е колку толку научен да моча на пелена, но кога е сам таа пелена ја праи парче, и имаме хаос по дома. Знае да се искака надвор од тоа, но се учиме да го прави тоа надвор. Но, како да го одучам од кинење пелена? Не гризе ништо др, има коски, играчки по дома.
Нашиот исто правеше, со удирање со весник по пелената и карање сега одамна ја нема гризено. А и шетање помага, многу е помирен кога ќе се прошета
Дечки дали некој има вишок таблета против глисти? Веќе се е затворено а на гости сум со мало дете а брат ми се сомнева дека кучето е со глисти. Околина Аеродром.
Не верувам, и лично не би земала кангал никогаш. Но, мој другар има и кангал и азијат. Ги чував 2 седмици летово. Све знам за расите. Можам нешто да помогнам?
Па да, маж ми напнал да земе. Мене ми е страв, не за друго туку дека имам мало дете. Он би го земал од бебе, да расте кај нас. Што мислиш за тоа?
Братучед ми има 3 кангали и азијат од бебиња се раснети со неговите деца, нема никаков проблем си играат со нив.
Може ли некоја општа информација за бишон? Исто така би сакала и препорака за малечко куче, кое ќе се чува во домашни услови. Чување, исхрана, лаење, мирно, побесничко кое куче какво е, ништо не знам за кучиња, а ќерка ми ги обожава, па мораме да земиме некакво. Предлози???
Многу фактори играат улога тука. Како на пример, дали живеете во куќа со двор, колкав двор, дали постојано кучето ќе е в контакт со вас, колку време на ден ќе имате за кучето, од кај ќе го земете кучето дали од пазар3 и слично или одгледувачница? И ред други работи.
Јас имам мини малтезер, има една годинка, 4 кила и нема да расте повеќе. Совршен е за домашни услови. Нас ни беше битно да не пушта влакна (овие кучиња се водат како хипоалергени и не пуштаат влакна), единствена маана е што од солзните жлезди им се бојат влакната под очите па треба секојдневно чистење со памукче и млака вода. Малтезерите се многу мили, игриви и паметни кучиња, не се агресивни, многу брзо учат и лесно се прилагодуваат. Се приврзуваат многу за сопственикот и патат кога не се со него. Прво ќе си мочка на пеленка додека не ги прими сите вакцини, па потоа шетање по 3 пати на ден. Нашиот конкретно лае кратко кога слуша во влез луѓе, и кога беше мал надвор лаеше по други кучиња од страв. Друг проблем со многу лаење немаме. За храна може да прашате што му давале од таму каде што ќе го зимате па да продолжите со истата. Нашиот јаде гранули Nature Protection од лосос или телешко. Готвена храна не би препорачала да давате, ќе ја одјаде неговата. Зависи и од карактерот на кучето, ама во принцип бараат внимание и посветеност, играње и трчкање надвор, посебно кога се помали. Ако нешто поконкретно ве интересира за малтезер, прашајте слободно
Вдомете си. Има мноогу оставени бебиња кучиња, а и поголемки мал раст што имаат и веќе хигиенски навики и брзо ќе се вклопат. Дали ќе биде бесно мислам дека најмногу зависи како ќе го чуваш.
Забележав дека мачорот кој неколку дена не беше дома се чеша кај ушето постојано. Од она што го видов највероватно има шуга. Ќе го однедам на ветеринар в понеделник но како до тогаш да му помогнам?
Имам кутре бишон 6 месеци, кое сеуште не е научено на хигиенски навики. Кога сме дома и го шетаме нема проблем, но навечер ( и покрај тоа што гп вадам кај 20:00 и 23;00) стандард кака и утрото збирам. Истото е и кога сме на рабпта. Давам награди кога е надвор, ама пак џабе. Помош
Па за еден ден не можеш ништо да направиш. Сосема доволно помош е што ќе го однесеш утре на ветеринар. Таму ќе го средат и ќе ти дадат насоки. Единствено, колку можеш спречувај го да се чеша, да не си направи рани.