Домашни миленичиња Благодарам на помошта ќе пробам како што ми кажа, само страв ми е да не им направи нешто... само тоа ме чуди што према другите е право галениче сака да се гали и умилкува, а на малите беспомошни дечиња им ржи и ги плаши... Морам да го истренирам дур е уште мал
Домашни миленичиња Ако не си сигурна дека можеш да го исконтролираш, стави му заштитна маска на муцката подобро отколку да ризикуваш. Тоа што викаш дека со другите е мил, а со деца не е можеби е знак на несигурност или страв од деца, можеби има некое негативно искуство со некое дете или пак го осеќа нивниот страв и се прави ЛИДЕР(тоа никако не смееш да му го дозволиш). Сепак за да ти биде полесно и на тебе, мораш да му помогнеш да го надмине тој негативен однос кон децата, за да подоцна не прерасне во нешто поголемо. Ако сега не го одвикнеш, после ќе ти биде многу тешко да го превоспиташ, затоа што кучето на кое на време не му е укажано каде греши, ќе смета дека тоа е правилно и тоа ќе му премине во инстинкт.
Домашни миленичиња Имам сибирски самоед старо е 2 месеци и го чуваме дома...одржуваме преголема хигиена,ама како поминува времето се повеќе и повеќе мириса :/ дајте ми некој совет,за некој препарат,парфем и слично.
Домашни миленичиња Прво ќе те прашам дали многу често го бањаш кучето? Јас за ова имам правено муабет со еден ветеринар, и тој ми има кажано дека не е убаво кучињата многу често да се бањаат затоа што така им се отварале некои пори кои ги имаат на кожата и после повеќе мирисале, е сега ова ако го бањаш на два три дена, а не еднаш месечно или еднаш на три месеци.
Домашни миленичиња Немој никако да му ставиш парфем или дезодоранс, НИКАКО. Ќе се ифрли. Другарка пудла намириса и после цела ја бричеа и ја лечеа со месеци со креми. Ќе одиш и ќе купиш шампон за суво миење. Ќе си го миеш постојано со тоа и убаво ќе ти мириса и чист ќе е. Не е ич штетен. А да мало е 2 месеци за во двор да го ставиш, сеуште е мало за да е врзано за вратчето постојано бар уште месец до два чувај го дома. Ние иначе и на тараса го чувавме, ако имаш и ако ти е добро заградена почни да го навикнуваш на надворешна атмосфера Ние Рики кога го преместивме надвор си имавме проблеми неколку дена. Ќе почнеше да лае во текот на ноќта и го враќавме дома, ама така неколку вечери и после се навикна. Ништо не се прави одеднаш. А мочкањето бриши го со алкохол 100%. Многу помага. И да не го бањај често. Убаво ти кажа Боависта. Ама затоа шампон за суво миење е добро. Еве сега дека е врнежливо Рики многу мириса, а кога е суво многу малку. Сепак куче е
Домашни миленичиња Негледам во што е проблемот мајка ти да не ти дава да чуваш куче во стан. Еве на пример јас во стан живеам и чувам 2 кучиња од расите Пудла и Доберман,и моите не ми прават никаков проблем околу кучињата. И плус тоа Доберманот расте дупло поголем од Чау чауто , а јас сепак го чувам во стан и немам никакви проблеми со Доберманот. Така да тоа што живеете во стан не е ама баш никаков проблем да чувате Чау чау. Еве и една фотка од моите 2 кучиња И по слика од мајката и таткото на моето доберманче
Домашни миленичиња Јас па не знам зашто ти е чудно. Огромен е бројот посебно на мајките што недозволуваат кучиња да се чува во домовите. Некои не дозволуваат и во двор да чуваат. Жена како жена сака чисто да и е, да не мириса, посебно ако е некоја живчана, нервозна, уредна е тогаш и како нема да сака животни. Моја пријателка зема самојед иако нејзините беа АПСОЛУТНО против. И велев прво да ги убеди и после да земе. Ама таа беше убедена дека ке омекнат со текот на времето. И знаеш што се случи?? Мајка и и татко и и беа љути, баба и дедо и не и правеа муабет и лом се направија со нејзините родители, никој со никој не правеше муабет, додека девојчево беше на работа никој не сакаше да го ни погледне кучево и на крај го продаде на други. Поголемиот број луѓе не сакаат да чујат за чувањето на кучиња дома. Мислам дека и јас не би чувала дома куче. Така да тоа е голем проблем. И голема е одлуката да се чува куче дома.
Домашни миленичиња Ехх, многу сакам доберман. Може да ми кажеш колку те кошта грижата околу него, јадење, ветеринари, сечењето на ушите и опашот, одржувањето на хигиената.
Домашни миленичиња Баш ми е мило што сакаш Добермани,и мило ми е што општо луѓето полека почнуваат да сваќаат дека Доберманот не е ѕвер како што некои исфрусртрирани лудаци сакаат да го претстават. Според мене Доберманот е прекрасна раса и еднаш штом земеш Доберман засекогаш ќе чуваш Доберман. Е сега во врска со твоите прашања околу колку кошта грижата за еден Доберман... Да ти кажам има грижа и „грижа„ . Јас фала богу имам пари за најквалитетна грижа на моите кучиња,под најквалитетна грижа се подразбира: најквалитетна храна,најквалитетни шампони,најдобар ветеринар... Кога би немала пари да му пружам најдобра нега на мојот Доберман,тогаш не би ни земала Доберман,бидејќи Доберманите не се мали кучиња,а колку поголемо куче толку повеќе грижи и трошоци. Е сега конкретно да ти одговорам колку ме кошта Доберманот, -Самото Доберманче го платив 450 евра,што е евтино според шампионското потекло што го има,реална цена би била 600/700 евра. -Јаде најквалитетна сува дехидрирана храна за кучиња од брендот Eukanuba Junior ,јуниор е специјална формула за млади кутриња и таа храна е поскапа, 1 килограм Еукануба јуниор кошта 260 денари а Доберманчето моментално јаде 200 грама на ден = на 5 дена 1 кило 260 денари.А кога ќе порасне ќе јаде по околу 400/450 грама Еукануба Адулт. -На ветеринар го носам кај најдобриот ветеринар во Скопје,кај Диме во Капиштец и има примено 2 петовалентни вакцини за имунитет = 600 + 600 = 1200 за 2 вакцини. -Доберманчето го купив со купирано=пресечено опавче ,а за купирање на ушите ќе го носам наредната недела. Значи целосно сума што имам дадено сега за сега за Доберманчето е отприлика ваква: -Доберманчето 450 евра -За храната Еукануба досега имам дадено околу 50 евра -За вакцини 20 евра -За останато (поводници,огрлици,шампони,чешли...) 20/30 евра Или се вкупно досега за 1,5 месец колку што го чувам имам дадено 550 евра. Е сега таа сума од 550 евра што ја имам дадено за околу 50тина дена колку што е кај мене Доберманчето е за најквалитетна нега што можам да му ја прижам,а инаку со неквалитетна нега би поминала и со 100 евра наместо 550 евра,али како што пишав погоре штом сум зела куче ќе му ги пружам најдобрите услови а доколку немам финансии да му ги пружам најдобрите услови тогаш ниту би го земала.
Домашни миленичиња леле многу скапо ти е одржувањево.... добро,ако можеш да си го дозволиш,зашто да не! јас на моево (скоро 4 месеци е) му давам кучешка храна, ама малава повеќе сака наша човечка така да комбинирано... таа храна она што ја јаде е 45 денари 300грама! најубава и е, другиве не ги сака инаку јас го купив вакцинирано,со сите вакцини и искрено не ми беше важно дали ќе има врвно потекло, педигре (нема) или не знам што! најважно ми беше да си имам кученце, тоа е се што сум сакала а доберманот си е доберман! пред се елегантно куче,а после и верен чувар на куќата и газдите
Домашни миленичиња Ти благодарам на одговорот. Доберманите ми се многу грациозни кучиња, би сакала да чувам многу. За одржувањето не ми е проблем да му обезбедам се. Ме кочи високата цена за негова набавка. Ама ај кога ќе си заработам Многу добро кажано, доколку неможеш да му обезбедиш добри усолви на кучето подобро не го ни зимај, ова го пошутувам
Домашни миленичиња Па добро сега,не е баш евтино одржувањето на Доберман,ама не е ни скапо. На пример да ја тргнеме таа сума што ја платив 450 евра за доберманчето,за грижа тоест храна,вакцини,огрлици,поводници...имам дадено 100 евра,и мислам дека 100 евра за 50тина дена колку што го имама Доберманчето не е некоја огромна сума. Е сега од тие 100 евра што ги имам досега дадено за грижа на Доберманчето,најмногу пари ми влече храната 50 евра. Е сега ти веројатно си го купила твоето кученце повозрасно штом велиш дека ги имало сите вакцини примено,сигурно си го купила постаро од 3 месеци. А јас доберманчето го купив на 45 дена старост и имаше примено само 1 вакцина,бидејќи првата вакцина се става на отприлика 40 дена старост на кученцето.И потоа јас му ставив 2 ревакцини. Да околу педигрето не се прави муабет,некој сака кучето да му е со педигре,а некој не му е важно,секој си има право на избор какво куче ќе земе. И да тука се сложувам со тебе дека Доберманот е елегантен и врвен чувар. Или јас со 3 збора би го опишала Доберманот Елеганција+Перфекција+Совршенство=Доберман
Болно домашно милениче на мојата мачка опашот и е спуштен и кога ќе ја допрам мјаучи претпоставувам дека си го повредила доколку има ли некоја од вас вакво искуство нека пише...и да прашам каде има ветеринар во велес ????
Болно домашно милениче nice-girl може да е опашот , ама може да ја боли и газето. Треба да и даваш апчиња за прочистување за да не фати глисти. Пробај испипкај и ја опашката за да видиш каде ја боли. Ако е опашката ќе мора да ја носиш на ветеринар да и ја наместат и врзат со цврст завој, тоа и е продолжен рбет, ако го повреди може и фатално да биде. Се надевам дека не е страшно и ќе оздрави
Болно домашно милениче Најубаво ти е да ја однесеш на ветеринар,само неможам да ти кажам кај има во Велес,не сум од таму
Болно домашно милениче Јас кога имав мачор исто не даваше едно време да се допре за опашот, не го однесов на ветеринар, што ми беше грешка, бидејќи после месец дена(изгледа му било скршено), му зарасте криво и имаше крив опаш кутрото 100% го има некој клоцнато, има бездушни луѓе. Носи го на ветеринар, нема да има проблем.
Болно домашно милениче благодарам на одговорите ...денес е многу подобро и опашот го крева ја доправ и не реагира како вчера
Домашни миленичиња Обожавам домашни миленичиња. И кучки и мачки, што и да се. Јас имав преслатко жолтко маченце, ама почна се почесто и почесто да излегува да се шета, а дома веќе не можевме да го чуваме цело време затворено и еве веќе од кога се нема вратено.. Пред некое време ни доаѓаше понекогаш, навратуваше и се здебелило, којзнае каде се рани. Брат ми го видел низ населбава, ама бегало од него. А исто вујко ми чува две кучиња, мајката што е мешана питбул и загар или така нешто и синот што е скоро чистокрвен питбул. Леле ова синов колку е само немирен, има неполни 2 години, само нешто гриза, тегне, ама многу сака да го чешкам под вратот и одма ми се смирува, ќе тргнеш рака и одма те гриза или скока . А мајката па срцка е, има 6 години и веќе стара е, отпрво ќе ти скока и после ќе се смири. А и многу е болежлива. А кога беше мала и она како синчето. Абе, си ги обожавам, ептен ми се срценца и двете.
Домашни миленичиња Dali ke moze nekoj koj sto ima iskustvo so cuvanje na sibirski samoed da mi pomogne? Jas i maz mi mnogu sakame zivotni i sakame da mu kupime na sinceto sibirski samoed koj ima 50 dena(malecko dusice) a sinceto ni ima 3,5 godini i mnogu saka kutrinja. Pa bi sakala da mi pisete nekoj sovet okolu navikite, cuvanjeto,higienata,odnosot kon malite deca... Sakame da go cuvame vo nadvoresniot hodnik, a ponekogas i vo soba(mislam deka toa ke bide pocesto)za da go izgnjavime Ve molam za sto poskor odgovor,poradi toa sto mozno e da go kupime uste denes [mod-kirilica:9xwkmnxm][/mod-kirilica:9xwkmnxm]
Домашни миленичиња Самоједот бара многу внимание од газдата. Пружа љубов, бара љубов. Навкините ги стекнува како и другите кучиња, со тепање се весник по газот и покажување каде треба да се врши нуждата. Што се однесува до навикните за јадење, како ќе го научиш, така ќе јаде. Обавезно е потребна ракавица за отстранување на влакната од телото на кучето, сигурно нема да сакаш детето да ти јаде влакна. А самоједите обожаваат мали деца. Особено ако уште од малечко е земено и заедно растат. Имаат само еден проблем, лесно може да се приврзат со друг. Ако не му обрнувате доволно внимание, може да избега и нема да има проблем да се прилагоди на новата средина. Исто така бараат доволно простор за лудување, трчање, празнење на вишокот енергија. Само ходник не знам дали ќе му биде доволен. Најдобро е голем двор, рај е за нив !!! И да, ќе заборавев, мразат високи температури.