имаше и мојот мачор таков проблем ама не беше со Спојлер гној, нешто лигаво како да имаше и ми дадо една плаво зелена течност го мачкав и му помина за една недела и после и влакната му пораснаа пак прашај за тоа на ветеринар не знам точно како се викаше а и татко ми не се сеќава
Вака сега, чувам мачор арно ама едното око му е извадено со операција поради инфекција, морале да му го извадат за да не се зарази и другото и да ослепе. На тоа место кај што треба да има око му е сошиено и зараснато. Значи мојот мачор има само едно око. Денес нешто му се случува, има некој чуден оток кај јаболчникот и му течат солзи. Малку чмае така како омалаксан е... Ме плаши да не му се јави инфекција и на тоа око па да мора да му го вадиме и да остане скроз слепо. Незнам дали е нешто сериозно или е само настинка, да напоменам дека и носето му е суво, и многу обилно почна да мочка што не беше случај до пред ден два... Дали се работи за настинка или? Ве молам доколку некој знае нека ми пише лп. Благодарам.
[СДК] Сакам да кажам... Јас имам маче, Бетмен се вика. Неговиот син , беше слеп. Немаше инфекции, ништо. Арно ама, почна како што викаш носот да му се суши, цело време мочаше и какаше, само млеко пиеше. Не јадеше, и ја се исплашив. Си викам што ли му е сега. Почекав некој ден, мачево почна тешко да диши.. Братучетка ми го однесе на ветеринар, оти јас бев нашколо. Ветеринаров рекол дека , заради промена на време. Мачево ми умре по 1 недела Неможе да ти е инфекција, ако била зошто не се појавила порано. Настинка може да е, провери му го дишењето, набљудуј го, ако тешко дише однеси го. Ако лесно, ќе му помине. Многу ме бендисуваат вакви личности што се грижат за своите миленичиња, има некои МАЧЕ Е ЌЕ МУ ПОМИНЕ.
мачките најмногу страдаат од настинка и воспаление на белите дробови да одиш Хитно на веетеринар заедно со мачорот !
Домашни миленичиња Дома имам персиска мачка женска е кога беше мала ја чував дома кога порасна ја пустив надвор бидејки почна да прави бела сега е надвор сакам да ве прашам во врска со вакцинирајнето дали треба да ја вакцинирам или да и дадам некои апчиња,кога беше маала и давав витамински дај кажете нешто поззззз. . . . !?
Незнаев кај да го поставам прашањево..Дали знае некој што можам да му ставам на папагалчево мое наместо просо,сирото има уште многу малку... тигрица е иначе...Незнам како заборавив денес да му купам
Јас на мојата тигрица освен просо и давав и посуво лепче или двопек, марула, лисје од купус, малку јаболка или кората од јаболкото, и тоа не само тогаш кога немаше просо туку еднаш до два пати неделно но не смее да се претерува.
Јас на моето папагалче во водата му ставам и неколку капки лимонче, така ми кажаа во продавницата, ем хранливо било ем здраво.
Пожелно е да си ја вакцинираш мачката, а неопходно е да и даваш апчиња против внатрешни и надворешни паразити. Однеси ја на вет. др. Марин (најдобар е) и се ќе ти каже. Позз
Девојки колку често ги бањате вашите миленичиња, конкретно кучињата. Моето е мало , има 3 месеци и многу рунтаво крзно, арно ама пошто е уште мала и нема контрола над физиолошките нагони, кај опавчето е многу прљава. Дали бањањето може да и наштети?
Леле, ова маченцево мое! Се запнало и кака таму кај што спие!! Ах, не можам да го научам да кака кај што треба Како ги навикнавте вие вашите миленици вие???
Јас имам морско прасенце и кака каде што ќе стаса. Значи буквално не одбира ни време ни место. Се кака кај што спие, во чинијата со млеко, секаде. Ми изгриза до сега дури два пара слушалки од мобилен, на баба ми и ги гризи столиците, едноставно ужива во животот. хехехе....Ама си го обожавам.
Јас навистина не знам како да постапам со папагалчево. Дека ми е ново, уште е малечко, но ПРЕТЕРАНО е исплашено, на најмал звук рипнува, нон-стоп е на штрек посматра дали е некој блиску кафез и додека јаде само се врти лево-десно, да не има некој околу. Го пуштивме да лета низ соба, ко лудо се лупна од ѕид неколку пати, многу беше успаничено и си се врати во кафез. Никако не можам да дојдам до него, да го чепнам, нема теоретска шанса. Колку дена му треба да се адаптира, или пак ќе остане вакво забегано душиче?
Не и наштетува воопшто бањањето. Инаку еднаш месечно се бањаат кучињата.. Епааа обезбеди му песок за нужда и таму научи го, и со тек на време ќе се научи, значи стави го на песокот, копкај му за да види и со тек на време ќе си го научи местото, просто како грав Кафезот закачи го негде високо каде што може да ги гледа сите, така нема да биде на штрек, пошо нема кој околу кафезот да му поминува. Обично месец-месец ипол им треба да се прилагодат.Нормално е да е истерано од памет пошто средината му е нова и му треба време да се прилагоди, ама со тек на време, не се секирај. Ама не го пуштај одма надвор од кафез, туку нека си седи таму прво недела дена па после тоа пушај го.
Имав и јас едно маченце од две недели го чував дома, го најдов на улица. Го научивме да си врши нужда на балкон во песок. Ние конкретно му стававме песок обичен и во него едни капки за срце за кои ми кажа баба ми бидејќи чувала персиска мачка дома, кои ја привлекувале мачката. Секогаш кога ќе го видиш да душка по земја, како да бара нешто земи го во раце и стави го на песок. Со тек на време ќе се навикне и сама ќе оди до песокот или ќе чека пред врата како моето.
Фала ви за советите Иначе да се пофалам, ова моево малечко колку надарено билоо.. Уште од вториот ден си кака во песокот. Јеееј!
не знам колку мачки досега сме имале, инаку сите во семејството подеднакво се грижиме за нив, мајка ми ќе стане наутро прво нив ќе ги нарани па после таа ќе јаде. Едноставно го сакам родот на мачки но тоа не значи дека сум помалку чуствителна и за другите животни