Пробај, јас му давам на кучето и е посмирено. Само б6 не ѝ помага, вака е поокеј. Само пази на килажата и дозирањето.
Ај уште еден проблем девојки да решам.Која е подобра храна за стомачето .Се работи за shih tzu 7 мес.
Здраво. Сакам со вас да го споделам моето негативно искуство со докторот по ветеринарна медицина Ивица од ветеринарната амбуланта Вет Тим во Драчево. После бројните препораки кои ги добив за човеков, одлучив моето милениче да му го доверам нему. Но, овој крајно непрофесионален и неодговорен ,,доктор" не знае или не може да ги лекува онака како што треба, па ги доведува до крајна фаза каде единствено што може да понуди е еутаназија. А во меѓувреме луѓето очајно се надеваат за спасот на нивните миленици, додека овој доктор се богати на нивна сметка. Подоцна дознав дека мојот пример не е единствен. Така да едно огромно НЕ за доктор Ивица од Драчево, прескокнете го по секоја цена.
Zdravo.Patuval nekoj za Albanija so kuce ? Sto e potrebno od dokumenti i iskustvo vo letuvanje so kuce tamu
Конкретно што се случи? И јас имам негативно искуство. Носев куче со ушна инфекција, без да испита што ја предизвикува, дали ушна шуга, дали бактерија или квасна габа, ми набута комбинирана терапија, и ампула, и неколку вида капки и симпарика и маст, што покриваат трите проблеми, ама битно да ти набута се што може и плус орални антибиотици, и тоа без да испита. Користев, после третман почна пак, па бевме кај Марин и испитаа квасна габа малесезија. Немало потреби од никакви антибиотици, ампули, апчиња симпарика и кортикостероиди, само една врста капки и маст кетоконазол. Толку.
Здраво Ми треба да транспортирам мало маченце од Центар до општина Аеродром, затворено во транспортер. Дали знаете некоја такси компанија од Скопје која би прифатила транспортер со милениче? Ве молам за одговор. Благодарам многу однапред
15167 и 15194. Јас со овие се имам неколку пати возено со куче и тоа и со поголемо и помало. Само кажи им однапред дека ќе носиш мачка во транспортер.
Вечерва кога го погалив мачорот по грбот забележав како топки од двете страни и силно смјаука го боли и стомакот му е тврд. Не знам што можи да е а утре не работи ветеринарната клиника. Не знам како можам да му помогнам. Сега лежи надвор не сака да му се приближам. Дали некој знае што можи да е?
Здраво, кучето ми е 3 месеци старо а има болви како можам да ги истребам оти таа апулата се давала од 4 месеци ??
Девојки дали има некоја екипа, фирма што доаѓа да фати и острани птици ( голуби) во затворен простор - магацин.
На мојот мачор ветеринарот му даваше апчиња и плус ми даде гел да му ги чистам. До сега му се нема повторено
Неопитроид прашок ќе му ставиш и кога ќе го исчистиш купи му огрлица на форесто најдобри се траат до 1 година, да не се замараш со ампули.
Ај и овде ќе пишам. Здраво дечки, денеска купив див александар папагал беше 5000 денари. Секој довет е добредојден. Моментално е мн депресивен и уплашен што е нормално. Е сега ми кажаа дека наводно не е постар од 6 месеци, меѓутоа има прстен на вратот одзаднатастрана до пола врат. Значи дека ме излажале ? Евеслика.