1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Некој трик нешто да кажете како да ја убедам мојата инаетчика од мачка да го касне апчето за глисти?
    Со саати се мачев денес, и во виршла и дадов и во салама и не и не, упорно го плука а храната ја јаде. Пробав и растворено во шприц, ем борби беше уста да отвори, ем пак не успеав да и дадам:@
    И претходните пати беше исто, ама денес беше врвот, не можам да се нервирам веќе, ќе ме полуди ова маче:@
     
  2. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    1.839
    Дали им садите трева на мачките? Веќе некое време одложуваме, а не излегуваат надвор
     
    На ivanka_medenka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    1.839
    Ако можеш однеси ја на ветеринар да и го стават в грло
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ivonaa1

    ivonaa1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Добро вечер, дали ќе може да ми помогнете? Вака имам мачка што пред две недели се омачи и има 4 мали мачиња, две од нив се супер но третото маче има едно око затворено, а четцртото двете му се затворени залепени и не може да ги отвори . Пробав со газа намокрена да му ги измијам но кога го допрев му потече течност густа бела како гној. Дали се работи за некоја инфекција или можеби дека е уште мало па не му се отворени? Да напоменам дека очните капаци му се како закоравени тврди и целосно затворени
     
  5. Shy&Glam

    Shy&Glam Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2018
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Здраво. Дали некој правел операција на скршена вилица на маче да ми каже колку чини? Моето си дојде од некаде и ми се виде во устата како да му е скршена вилицата, но ми избега, изгледа од болка не сакаше да го допрам. Утре планирам некако да го фатам и да го однесам на ветеринар, но не знам како се со цените за операција на вилица. Би била благодарна доколку некој ми каже. Поздрав
     
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.925
    Пол:
    Женски
    @Shy&Glam имав можност да присуствувам на операција на маче т.е шиење на лице место. Беше удрено од кола и мислам дека некаде платив околу 2000 за шиењето - тоа беше набрзина закрпено зашто така налагаше ситуацијата (секако имаше и др.трошоци, физиолошки, газа..).

    После се искомплицира, никој не се нафати за да ја дозаврши, зашто се искина претходно шиеното. Дури траеше ова, почна да мириса на скапано, едноставно кај и да се прашаше сите одбиваа. Да не те разочарувам, ама чим е дојдено до тоа нема некој спас.
     
  7. Shy&Glam

    Shy&Glam Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2018
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу. Не знам како е уште живо, а едвај успева неколку голтки вода да внесе (му ставам средство за болка во водата и му ја оставам) и тоа ако нема никој околу него. Не можам никако да го намамам. Има сила во него, се движи, оди, но устата му е отворена цела. Се надевам сега кога сум слободна ќе успеам некако да го фатам.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Ја замотав во крпа да не ми мрда ич, и сосила и го ставив апчето во грло. Се противеше, го плукаше, ама по неколку обиди успеав, и ја држев затворена устата додека да го голтне, абе ко со лав да се борев исто:worried:
     
    На h.ope му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Јас кога му давам на кучето му дувам во носот и му ја држам муцката затворена а со другата рака му го масирам вратот за да голтне инаку со храна го плука. Пробај следен пат може ќе успее. :D
     
    На h.ope му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    И јас и ја држев устата додека да голтне и ја масирав за гуша.
    Што врска има дувањето во нос? Ме зезаш? Како ќе дувнам во малото носе на маче:D
     
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Не те зезам хахах, имам така прочитано за кучиња дека демек функционирало за да рефлексно голтнат. За мачка може да е потешко да ама па ако ништо не функционира... :D
     
  12. ivanka_medenka

    ivanka_medenka Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2023
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    48
    zosto odlozuvate? pa toa e prelesno, uste utre nasadete im! Najdobro e vo zzemja, ama ako ja cuvate doma, eve poveke idei... "magicnata treva za macki" sto ja prodavaat na internet e istata pcenica sto ja sadime za Veligden

    https://sezahrana.mk/како-да-засадите-пченична-трева-за-вел/
     
    На h.ope му/ѝ се допаѓа ова.
  13. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    1.839
    На ivanka_medenka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ivanka_medenka

    ivanka_medenka Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2023
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    48
    vo sekoja prodavnica

    [​IMG]
     
    На h.ope му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hellena Oreiro

    Hellena Oreiro Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво, што да правам со огромен број на крлежи кај моето куче. Цело лето немаше и сега пред една недела ги закачи, додека го шетав надвор. Кучето дома го чуваме цело време. Пред три дена го искапив и му ставив ампула против паразити. Но уште има многу ми е страв дома да не ги закачиме оти на паркет кај што лежи остануваат живи по две три мали по три милиметри и сите живи се.... Помогнете со совети, првпат вакви мали има рој на него во овие негови 10 годинки
     
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Побарајте на ветеринар има едно средство за бањање што убива вакви работи. Само ќе треба после пак ампула.
     
    На Hellena Oreiro му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Однеси го на ветеринар. Во меѓувреме намачкај го со масло ќе почнат сами да му паѓаат. Само однеси го во двор да не паѓаат дома. Ама секако ќе треба на ветеринар.
     
    На Hellena Oreiro му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.426
    Допаѓања:
    10.467
    Пол:
    Женски
    Колку ве чини чувањето на вашите миленици во хотел за животни за една недела?
    Кај нас нема, па доколку некој се нафати да знам колку би требало да платам барем од прилика.
     
  19. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.810
    Допаѓања:
    10.928
    Пол:
    Женски
    Здраво мајка ми побарала апче за паразити и само ова и го дале. Колку треба да дадам за маче од 1 месец, не и објасниле ништо. Да барам други апчиња?
     

    Прикачени фајлови:

  20. Hilari899

    Hilari899 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакам да прашам за препорака за најобар ветеринарен центар во Скопје.
    Имам проблеми со мојата мачка, конкретно има напади со кашлица веќе извесен период. Дополнително ме интересира ако знаете колку се движат цените за крвна слика и биохемиска анализа и дали можеби вие сте имале случај со таков напад од кашлица на вашиот миленик и истата да трае се до повраќање на влакна но по неколку дена повторно да се јави проблемот.

    Ви благодарам.