Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.479
    Допаѓања:
    5.314
    Пол:
    Женски
    Здраво дали можеби некој чува кокер? Сакам да поставам милион прашања …
     
  2. Yuno

    Yuno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2019
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво. Можеби пишувам на погрешна тема се извинувам ама имам случај моментално и не знам што да превземам. Ми ја немаше мачката 24ч се врати утрово околу вратот имаше челична жица и офарбана е со виолетова мрсна боја онаа за ѕидови фарбање што може да се користи и сега бојата и е стврдната и и тежи на капаците со тоа окото и е затворено исто и носот и е офарбан и увото...се јавив на ветеринар ми рекоа со млака вода никако да не користам разредувач ама бојата не излегува дали некој знае како можам да и ја исчистам бојата? Однапред ви благодарам. Еве и слика како е бојосана. IMG_20231021_132156~2.jpg
     
  3. Irreplaceablee

    Irreplaceablee Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2016
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    10.378
    Пол:
    Женски
    Повели :)
     
  4. Dea.1519

    Dea.1519 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали знаете која е цената за крвна слика за куче?
     
  5. nikoj17

    nikoj17 Нов член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Предложете ми добра ветеринарна станица во источна Македонија,може и Куманово и Скопје.
     
  6. Hristina7991

    Hristina7991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2020
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Дали знае некој ветеринарна амбуланта што има дневен престој за кучиња?
     
  7. traffika

    traffika Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2023
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Сакам да прашам дали знаете што може да биде причина маче да нејке да моча. Вчера најдов маче на улица цел ден не е мочало, ниту пак срало
     
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.062
    Допаѓања:
    173.606
    Пол:
    Женски
    Колку мало збораме маче?

    Ептен мали мачиња, бебиња, вршат измет со то шо мајки ги лижат на органите да стимулираат мочкање и какање. Мислам дека некој имаше пишано со влажна, млака крпа да се масира на газето после јадење за да се стимулира празнење. Ама сум немала искуство со ова. Ако е постаро, можи да има опструкција. Во секој случај јави се и советувај се (идеално однеси) на ветеринар.
     
    На traffika му/ѝ се допаѓа ова.
  9. traffika

    traffika Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2023
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    незнам да ти кажам колку месеци е.. Според моја претпоставка 5-6. Се гледа дека мачето е чувано дома... После ќе видам да му купам апче за глисти и за болви, па ќе прашам
     
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.062
    Допаѓања:
    173.606
    Пол:
    Женски
    Чим е поголемо дирек на вет. Мојот преќина да мочка така и беше опструкција. Животозагрозувачко е ако не се интервенира брзо. Подобро ништо да не е па и превентивно да го однесиш на вет него да испадни нешто сериозно и да не однесиш.
     
  11. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    2.215
    Пол:
    Женски
    Да не продава некој ограда за миленик, оние од платно округли затворени?
     
  12. Tete Capdevila

    Tete Capdevila Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2016
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Имам куче (мажјак) , старо 5 години. До сега сме немале проблеми со бегање од дома, но во последните 3 недели тоа е без престан. Постојано бега, ќе ја прерипа оградата и де кај комшии во двор се пика де на улици се шета. Страв ми е да не исплаши некој или во најлош случај да му се деси нешто лошо. Го ставам на ланец, ама па цело време да е врзано некако жал ми е. Од што би можело да е? (Да напоменам не е кастрирано, дали можеби е до тоа и дали со парење/кастрација ќе се смири)
     
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.062
    Допаѓања:
    173.606
    Пол:
    Женски
    Кучињата машки, не се цело време напалени. Туку се сензитивни на феромони шо испуштаат кучките кога се in heat. И ги излудва. И мора да најдат кај е кучката и нели, да се парат. Така да јас би типувала дека има плодна кучка в комшии. :D

    Друго би било ако не е доволно шетан или ако се плаши, пример сега од петардите многу кучиња се вознемирени и бегаат.
     
  14. Tete Capdevila

    Tete Capdevila Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2016
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Секој ден по два пати го шетам, а уште пред нова година почна господинот со бегањето. Во комшии имаме само една кучка - кастрирана Може сиротиов покушал со неа па дека не му иде, бара замени
     
  15. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    3.793
    Пол:
    Женски
    Чарето ти е само да го кастирате. Нема друго. Ние имавме истиот проблем, откако го кастриравме се смири
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Butterflyy*19*87

    Butterflyy*19*87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво. Нова сум тука па затоа не замерувајте ако веќе има поставено вакво прашање.
    Дали и каде кај нас може да се најде RENAL храна за мачки ( за бубрези) ама кесички? Не сака никако да ги прифати конзервите. Гледам дека во Србија има ама кај нас не можам да најдам.
     
  17. Mydla

    Mydla Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2023
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    88
    Некој да ми даде идеја наде да најдам креветче за куче, големо 110х80см, да е издржливо, не плишано, квалитетно, цената не е важна. Сегде кај шо прашав, таа големина ја немаат...
     
  18. LuckyCharm

    LuckyCharm Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    196
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.
    На мачорчето наше пред 2 дена му се појави оток од десната страна, под вилицата. До работното место на сопругот има ветеринарен центар, веднаш прашал и му рекле да го сликаме отокот. Им го покажал и му кажале дека е абцес, како резултат на борба со мачори, сезона на парење и ќе помине. Дека нема потреба да го носиме кај нив, не е сериозно, антибиотик 8 дена и ќе се повлече.
    Да напоменам дека неема никаква надворешна повреда или знак на каснување, само внатрешниот оток.
    Синчето е премногу загрижено и сопругот мораше 3 пати да оди и да разговара со 3 различни ветеринари од истото место и сите истото го тврдат, дека е абцес и сам ќе се повлече, нема потреба од преглед и загриженост.
    Дали на некој што чува мачор му се случило слично нешто?
    Еве и сликичка во прилог, се гледа отокот на десната страна од вратчето.
    Ви благодарам.


    20240110_132618.jpg
     
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.691
    Допаѓања:
    128.824
    Пол:
    Женски
    Штом нема, не може без преглед да се заклучи дека е од борба со мачори.
    Подобро би било да го прегледаат.
     
    На LuckyCharm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LuckyCharm

    LuckyCharm Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    196
    Пол:
    Женски
    Е баш тоа е тоа што ме загрижува.
    И како може само од слика да се донесе заклучок за што се работи. И тоа и тројцата ветеринари со исто мислење.
    Само плус прашаа дали е весел и дали си јаде нормално.
    Да....исто си се однесува како и порано и си јаде.
    Денес оточето како да е помеко на допир и се спушта надолу. Се надевам дека се во право.
    Му даваме антибиотик, ако не се повлекува...... за ден, два го носиме на преглед.