Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Јас немам проблем со моите маченца затоа што живеам во куќа , дворот ни е заграден па ги пуштаме во дворот и тие тука вршат нужда . Инаку пред влезот во куќата имаме светларник и наместено им е и тука спијат . Главниот проблем со нив ми е во зима кога е мн ладно и има снег , и пошто мачките не поднасаат толкав студ , тогаш ги носам кај баба ми , она живее сама и се топлат до шпоретот па понекогаш и со денови остануваат кај неа . Инаку двете кучиња поголеми што ги чувам дома ми се на ланец во текот на ноќта а преку ден се пуштени , и до пред некое време имав 3 мали кутриња од кои сега само едното го чувам јас , другите две ги подарив затоа што моите се побунија дека мн животни сме чувале .
     
  2. BlovesI

    BlovesI Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    2

    Истово буквално ми се случува и мене , само што на мојов мачор не му е извадено окото ама му тече крв и гној од него. :(((((( умирам од болка значи ми иде да се самоубијам...неможам да го гледам како безпомошно лежи. Денеска му ставивме една инекција и витамин Ц па сега тој само лежи и од време на време чудно мјаука и кога сака да оди-оди ко споулавен. :sweat: :sweat: Леле се надевам дека ке ми оздрави. Не се надевам ЗНАМ! :) Поздрав и до тебе се надевам дека ке оздрави и твојот. :)
     
  3. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Девојки каде можам да му купам на кучето облека, џемперче некое или што знам. Не може да не ја носам надвор а ладно е и се тресе цело време.Инаку пекинезер имам. И да не биде многу скапо. Па не може гола да шета :D
     
  4. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Скоро во секој Пет шоп има облека :)
     
    На Dushica-sk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    во џамбо има убави :)
     
  6. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185

    И јАС САКАМ мачки и чувам и да ви кажам немојте да се смеете ама ова од искуство моите мачки добија такво солзење дури мислев дека очите ке им истечат од оние ВИРШЛИ на кило рефус што ги има во продавниците пилешки ! 100% сум сигурна дека беше од нив сега не им давам ни виршли пилешки ни пак пилешка салама !
     
  7. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Не знам дали доволно разбирливо ке го поставам прашањето , но марам да знам.
    За некој ден одам на пат и моето кученце треба да се вакцинира откако јас ке заминам, а грижата за кучето ке ја превземе сестра ми. е сега проблемт е што не знам колку ке чини вакцината, ако нешто ви значи ова и е трета вакцина, а стара е 3 месеци. Значи прашањето е колку чинат вакцините и дали да ја носи во Автокоманда на вакцина или кај некој подобар ветеринар?
    Мислам дека добро објаснив :lol:
     
  8. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
     

    Прикачени фајлови:

  9. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Вакцината е 500 - 600 ден зависи...А за ветеринар незнам и јас барам некој нормален ама слабо да се најде таков :)
     
  10. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Др. Марин кај социјалното, карши студиото на Дадар, беспрекорен и како човек и како стручњак, и ги сака животните, и се бори додека има и најмала шанса. Јас имам поминато многу ветеринари, ама дефинитивно овој е најдобар. Диме не е лош, ама ни приближно со Марин.
    И уште напомена, немој случајно некој да си игра, и да го носи животното кај Др. Дамјан, некаде кај Нова училиштето. Тоа е детиште кое не го бива, ама татко му има многу пари, му отворил ординација со најсовремена опрема. За снимки, да, таму, ама после тоа со снимките правец друг ветеринар. За моето рече нема надеж и да се успие, не знаеа дали некоја инјекција се става мускулно или како, читаа упатства со таа сестрата, прашуваа, се мислеа. Мајко божја. Џенем фатив и само ги жалам тие што неинформирани ќе отидат таму, ќе бараат спас.
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Оздраве мојот мачор.
    Некое време онака лежеше само, ептен му беше отечено под окцето, некад екај јаболчникот, и тоа само си пукна, истече гнојот со крв помешано. После тоа му купив Прокулин капки за очи, му ставав по една капка дневно (несмее да се претера со дозата), 2-3 дена така додека да му се исчисти окцето пошто имаше од гнојот внатре.
    Од кај што му пукна отокот му се згрутчи крвта и го болеше, неможеше ни да се измие, значи неможев да замислам како се мачи, незнаев што да му правам, несакаше ни да стане да јаде од мака. И реков дека ќе му го најдам чарето.
    Отидов во Аптека и прашав некој лек за отворени рани, што може да се користи и за животни. И ми рече аптекарката дека може и со хидроген 3% само да се исчисти местото, можело и со некој си спреј, а најдобро ми ја препорача една маст Енбицин.
    Во малечко шишенце е, како од секундарен лепак такво. Му ставав неколку дена од таа маст и му заздраве, од хидрогенот не му ставив, ми беше страв да не му влезе во окото.
    И така, сега си е здрав, а богами и се поправи малце, како некое трупче е :D
     
    На rossonerka и Black.Beauty им се допаѓа ова.
  12. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Да, вакцините се отприлика толку, од 400 до 600 ден. А за ветеринар исто и јас го препорачувам Др. Марин (спроти социјално), одличен доктор за животни, проверено верувајте :)
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    А за кај Др. Мартин треба да закажам за вакцина, нешто телефон да не имате, зошто јас нема да бидам тука да ја носам, сестра ми ке ја носи.
    Фала ви на одговорите :*
     
  14. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Бројче немам, визитката ја изгубив некаде, ама нема проблем, не мора да закажуваш, нон стоп е таму, после 9.30, до негде 5 мислам, а сабота до 2.
    Точно карши студиото на Дадар се наоѓа, на прв спрат во тоа како куќа, зграда.
     
  15. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Повели 02/3-113-101 :)
     
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Девојки ве молам за помош :(
    Дечко ми има 4 годишен мачор и го немаше некаде околу 2 недели,вчера дојде но е ослабен како костур. Не обрнавме многу внимание, дека нели го немаше долго време, но не загрижи тоа што не сака ништо да јаде и по цел ден спие. Ај го оставивме синоќа, ама и денес истото.
    Видовме не бива така и го однесовме на ветеринар иако јас бев против, бидејки имам лошо искуство со овдешниот ветеринар, а само една ветеринарна станица е. Дечко ми инсистираше и го однесовме.
    Во ветеринарната станица немаат никакви апарати за да го прегледаат па дијагнозата ја поставуваат само од гледање. Ветеринарот му стави 3 инекции. Пред да му ги стави го прашав какви се инекциите, бидејки и на едно мое куче кое умре му ставаа инекции и на крај излезе дека кучето добило некаков шок од инекциите и умре по неколку часа. Ама ветеринарот ми рече дека се витамински инекции и му ги стави. Дијагноза не постави, рече дека можеби се затруло од некое растение, не од отров, а рече дека може да е и нешто друго. Бидна што бидна, го донесовме мачето и му стана полошо. Почна да се занесува со задните нозе, да мјаука силно, едвај се движи :( И одма ми се врати филмот со моето куче. Па затоа ме интересира дали е можно тие инекции да имаат некакво штетно дејство? Што би можело да му биде?
     
  17. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Сте требало веднаш да го однесете мачорот на вет штом се вратил дома после некое време...сте требале одма да реагирате! Кога веќе си имала лошо искуство кај тој ветеринар, по се изгледа не си од ск, тогаш сте требале кај др. Марин во Скопје да го донесете некако, тој е чудо од доктор за животни, ги сака животните и се прави за нив за да им помогне. Не ги носете животните кај неискусни ветеринари, не ризикувајте и не ги правете пак истите грешки, пошо сепак за животинче се работи и тоа е од крв и месо, како и ние луѓето....
     
    На BoaVista и enca.69 им се допаѓа ова.
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Па веднаш реагиравме. Мачорот дојде синоќа, откако забележавме дека не сака да јаде, денес веднаш го однесовме на ветеринар. Е сега јасно ми е за стручноста и можностите на овдешните ветеринари, а плус тоа имав и негативно искуство со нив, ама па ако не се способни и незнаат, треба да ни кажат да си го бараме чарето, не вака ни викаат ништо не му е, ќе му ставиме витамини бла бла. А убаво го прашав ветеринарот за инекциите и му напоменав за ситуацијата со кучето, и на тоа добив одговор дека мачето ќе биде како ново за неколку дена. А за носење во Скопје не е проблем, пари за животни не жалам. И не ми е малтретирање да отидам и до Скопји, ако се работи за здравјето на животинчето, само што не се надевавме дека е нешто сериозно(барем не изгледаше така) и се се случи многу брзо.


    Едит- еве сега му се јавив на ветеринарот и му кажувам каква е работава и пак го прашав што точно му стави, ми вика витамински инекции и една против труење. А мачето не споира да мјаука силно како нешто да го боли. Незнам што да правиме веќе ;(
     
  19. Irida

    Irida Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    963
    Цел живот чувам мачки и сум се соочувала со најразлични проблеми. Штом мачорот го немало подолго време тој сигурно се хранел на улица па така да никаква болест не може да се исклучи. Во најдобар случај може само да е исплашен и депресивен. Меѓутоа може да е затруен или пак да има глисти. Дали мачорот има примено апче против глисти и дали е кастриран? Како што знам некастрираните мачори полесно заболуваат.
    Боа, прочитај на сајтот може да ти биде корисно http://www.animalmedica.mk/korisno.html
    Многу ми е жал за мачорчето, дај боже да оздрави ;(
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Не е кастриран, а апче против глисти има примено :(
    Инаку не делува на затруено маче, не повраќа, нема ниту еден симптом на затруеност со отров. Ама па се мислам да не се затруло од некое растение или печурки(ако ги има во ова време).
    Вака на прв поглед личи на настинато маче, малаксано, не сака да јаде, само вода пие. Ама откако го однесовме на ветеринар, само мјаука, се жали нешто, сака да излезе, а се занесува и тешко оди. А претходно не беше такво, само малаксано, ослабнато и не сакаше да јаде :(