Има ли некој искуство со Giardia, кај куче? Мн крвав измет слуз ... Бевме на вет примаше инфузии, инекции апче, мн се плашам.... Колку е сериозно?
Здраво,имам кученце скоро 3 месеци е, ме интересира мислење за храна жта за кучиња што се продава во Кам и Стокомак, дали некој ја има користено и колку е квалитетна?
Здраво на сите! Сакаме да земеме кученце, поточно француски булдог и да си го чуваме дома. Па ме интересира кој има да сподели се во врска со грижата за него, бидејќи до сега не сме чувале, па сакам да сме спремни најдобро што можеме.
Спремете се со нерви. Имаш бебе, ќе донесеш дома уште едно бебе - буквално. Ќе моча, ќе кака наоколу додека не се научи. Ќе јаде специфична храна, па може нема да му чини, па ќе треба да смените... Самото чување на животно е едно од најубавите искуства што можеш да ги имаш во животот. Ама исто така е еднакво едно од најодговорните. Не ми е целта да те премислам, туку да размислите многу добро дали сте спремни и психички, и физички и финансиски - прежално е да го земете, да се врзе за вас, а потоа некому да го дадете. Ако сте сигурни, баш сигурни, тогаш ќе уживате и работите кои не се толку "забавни" (изџвакана папуча, мочка на паркет, шетање во 6 сабајле...) нема да ги доживеете трагично.
Земавме кутре и се ни оди супер до сега освен учењето за во тоалет, го учиме на пелена но повеќе не оди одколку што оди хихи. Имате ли некој совет за ова, како би го научиле?
Изнесувајте го надвор секои 2-3 часа, уринирање во пелени или на подлоги е само уште една заблуда која го учи кучето дека вршење тоалет дома е во ред.
Тоа би било за некој 20тина дена, бидејќи прима вакцини, па ни рекоа да не го изнесуваме, случајно да не се помеша со некое друго кученце.. Фала ви
Дали сте користеле спреј за да не уринира низ домот (обично на исти места) и дали ви помогнал? https://prijateli5.com/prodavnica/m...acina/sprej-protiv-grebene-i-urirene-na-odre/
Здраво сакам да прашам за стерилизација на женско куче веке 3 пати се има окочунено стара е 2иипол години Дали е добро да ја стерилизирам се плашам дека е постара да не и се случе нешто
Пфф, стара, а е само две и пол години. Се чудам зошто не кажуваат и последици од прерана кастрација, ама ајде. Бизнис е пред сѐ.
Здраво на сите, ве молам за некој совет, имам куче кое што е 5 години, пред 1 месец му направија анализа на крв и е позитивно на лишманија, пие терапија но не гледам некое значително подобрување, симптоми кои што ги има се ранички на носето, опаѓање на крзно околу очите по малку, повремена вкочанетост на задни нозе. Прочитав дека има лекови кои ги имало во Грција, ако знае некој кои се тие лекови ве молам некое инфо. Секој совет за третирање е добредојден. Ви Благодарам
Милтефоран е лек за лишманија во Грција. Обавезно набавете. Ги имате тука. agrovet.gr Пишете им мејл и кој оди за Солун нека ви ги земе да почнете побрзо со терапија.
zdravo moze li da mi kazete dali vaseto domasno milenice kuce go vakcinirate sekoja godina protiv besnilo? moeto go vakciniravme samo ednas koga bese malo....sega ima 9 godini ....Im velam na moite deka pisuva deka treba sekoja godina da se vakcinira no nikoj ne saka toa da go napravi....Pisete mi dali vie se vodite po toa ili nema potreba,kuceto ne se mesa mn so dr kucinja no strav mi e od ulicnive i od mackive