Фала ви на советите, скоро се од ова ми е пробано и ми успева само еднаш кога ќе пробаме пак на истиот начин не дава мн осеќа заспан е и јас се приближувам со раката полека да капнам и тој ја врти главата се трга веднаш. Терапијата е долга 1 месец три пати на ден, треба да ставам едни па да чекам 10мин, па други пак да чекам така 4 пати. Јас не знам дали некое куче ке издржи толку малтретирање скоро цел ден.
so sreka i lesno i pobrzo da ozdravi probuvaj dodeka ne mu pomine stravot i davaj mu najgrada gricki posle se inaku ako e mnogu naporno razgovaraj so veterinarot za moznost za dr terapija ako ne uspeva sekoe kuce e razlicno
@Milobebence како ја одржуваш хигиената на зајачето? Мене ми кажаа никако бањање, досега беше бел ама последните 2,3 месеци е лом и не знам како да го исчистам. Се мислам да го бањам кога ќе се стопли повеќе или не смеам никако? Со влажни не бива.
Ние долниот дел го бањаме со чиста вода.Да знам и јас дека не се бањаат зајачињата поготово главата да не им влезе вода во ушите.Но,ние така почнавме така тераме еве 7 години.Нашето многу ја менува бојата на крзното де е бледо сивкасно де е кафенко.Инаку тие сами се мијат.Незнам што совет да ти дадам за крзното.Ние долниот дел и го миеме зошто кога ќе ја фати пролив односно има потечна столица лом се прави и мора тој дел да и го измиеме.Да побарате шампон во вид на прашок без да го капете со вода.Прашајте во пет шоповите да ви понудат нешто.
Не го бањај грбот и главата, газето, нозе, стомак можеш ама со млака вода, ни топла, ни ладна. Исто за сушење суши го со фен ама ставај го на она што дува ладен воздух, да не го загреваш. Глеј што повеќе можеш со сув шампон за миленици и влажни, што поретко вода @anggell
Вие што си ги имате изгубено милениците после долги години чување како се справивте со тагата и со тоа што ги нема? Денес ја изгубивме кутката што ја чувавме 10 години, беше како дел од семејството и не можам да се помирам дека ја нема. Не ме теши фактот што јас веќе имам кутре во мојот стан затоа што со неа пораснав, и ден денес ја шетав, сакав и пазев. Не можам да се помирам со фактот дека веќе ја нема и дека никогаш нема да ја има
Душа мила, нека почива во мир. Знам како ти е, имав женка лабрадор, од бебе ја чувавме и почина пред седум ипол години. Не беше многу стара, ама се разболе и не можевме ништо да направиме за да преживее, беше прекасно. Беше многу весело, да не речам хиперактивно кутре, не застануваше буквално, сакаше нон стоп да си игра. Последните денови како да не беше истата, по цел ден само лежеше, не сакаше ни да јаде, немаше веќе сила.. ми беше многу жал да ја гледам таква, најмногу од сѐ ме болеше тоа што не можев никако да ѝ помогнам.. Ми беше претешко кога почина, се осеќав исто како кога ми почина член од фамилија, зашто за тоа и ја сметав, кој мисли поинаку ич нека не зима куче. Никад нема да го заборавам денот кога почина, и ден денес памтам точна дата, ги чувам сите слики со неа. Фамилијарно бевме премногу приврзани за неа, не сакавме да земеме друго куче. Тешко беше да се навикнам и да прифатам дека веќе ја нема, првите денови ми беа ужасни, нон стоп плачев. Нема да ја заборавиш никогаш, секогаш ќе се сеќаваш на неа и на заедничките моменти, на времето што сте го поминале заедно. Негувај ги спомените и уживај во моментите со другото кутре, посвети ѝ се максимално. Со тек на време се навикнуваш да живееш со фактот дека веќе ја нема, ама не забораваш. Јас тек лани летото, после толку години земав ново кученце. Ми донесе радост и позитивна енергија, ми го смени животот на подобро и до негде ја пополни празнината, ама никогаш не ја заборавив неа.
И нашата беше лабрадорка. 10 години ја чувавме. Искрено не мислев дека ќе ми е волку тешко ама сега всушност сфаќам колкав дел она завземала од мене. И денес како да се распарчи нешто во мене, празнина чувствувам неопислива. Ти благодарам за секој убав збор. Ќе се навикнеме само време ќе треба затоа што ја гледавме како член од семејството. Моите нема шанси пак да земат куче ептен им е тешко, а јас пробувам да ја ублажам болката со моето, ама не е исто. Секогаш ќе ми е во мисли и нон стоп кога ќе помислам на неа ќе си пуштам солза
@bookslover не поминува вистински, се навикнуваш со тек на време. Кучето го немам од 2022, еден од мачорите од лани. Нема ден да не ги помислам, да не ми фалат. На почеток дури грижа на совест имав кога ќе се фатам среќна со останатите живи, меѓутоа со тек на време прифаќаш дека и смртта е дел од животот, па сеќавањата помалку болат, повеќе стануваат убав, драг спомен. Ако немаш други миленици, дај си малку време и земи ново милениче, не затоа што било кое може да го замени тоа што го нема (не може), туку затоа што има многу вистина во она grief is love with nowhere to go.
Дали знаете што ми е потребно за да патувам со куче во странство, конкретно Србија? Дали треба да е во бокс и дали бараат сертификат дека ги има примено сите вакцини?
Helouuuu, Би ве замолила да ми препорачате добри фризери за миленици, со добро работно искуство и пристап. Благодарам однапред!!