Да, штом не повраќа и не се пењави претпоставувам дека не е затруено. Може само да е прегладнет и затоа толку е омалаксан. Домашно маче многу тешко се снаоѓа надвор од својот дом. Татко ми е доктор ветеринар, сега го прашав дали може нешто да му е од инекцијата и ми рече дека не би требало, посебно ако е витаминска. Не се нервирај, мачките имаат многу силен организам, ќе оздрави.
Дај боже да е така Девојки ви благодарам многу за советите, ќе го посматреме вечерва, па сабајле ќе видиме како е, ако не е подобро ќе го носиме во Скопје на ветеринар. Фала ви уште еднаш
Цццццццццццццццц , а бе кој му дал на тој диплома ... срамота ! Најжално е што немаш избор , за да идеш кај друг ветеринар ... Се надевам дека се ќе биде во ред со мачето ...
Девојки мачето ја преживеа вечерта Сабајлево се јавивме во неколку ветеринарни амбуланти во Скопје, меѓу кои и на др. Диме и ми рекоа да го повикаме ветеринарот и да му вклучи инфузија, за да видиме како ќе реагира и дали ќе му биде подобро. Инаку од синоќа престана да мјаука, ама сеуште одбива да јаде и е млитаво целото. Само вода пие и со сила што му даваме јогурт, млекце и такви работи. Ветеринарите на кои се јавувавме ми рекоа дека може да е такво од инекцијата против труење, да е предозирано, па затоа се занесувало. Сега ќе го посматраме, па ако не му биде подобро ми рекоа да го однесам во Скопје да му испитаат крв. Ми рекоа дека можеби се работи за некој вирус, бактерија или проблем со бубрезите или црниот дроб. Ама прво рекоа да видам дали ќе му биде подобро од инфузијата и инекциите од синоќа, па ако нема подобрување да го носам во Скопје.
Домашни миленичиња ај вака сеа некој стварно што се разбира да ми каже при купување на расно куче на што посебно да се обрне внимание? педигре? вакцини? дали е прочистено? за се тоа треба да има некои документи нешто? и за педигре ми имаат кажано дека и со тоа праат бизнис, ги фалсификуваат . па како да препознаам право, оригинално педигре? сепак за толку пари нејќам некој да ме праи будала у здрав мозок. имам чувано кучиња, ама прв пат сама ќе си купувам и сум многу среќна.
Домашни миленичиња Прво, информирај се за расата што ја купуваш и преку тоа најлесно ќе препознаеш што е квалитетно куче. Ако можеш, види ги прво родителите какви се, дали нивните карактеристики одговараат на стандардите за расата и слично. Во педигрето, важно е 12 предци уназад да се разликуваат, 12 колена или како да кажам подруго, 12 реда со предци во педигрето да се различни сите, ако не 12 барем 5 значи сите различни да бидат (родители и прародители). Некои луѓе како сигурносен фактор си ги земаат оцените од изложби на родителите и другите предци, па ако те интересира и тоа, ЦАЦИБ е победник во раса на меѓународна изложба, ЦАЦ е истото само во државна изложба, РЦАЦИБ и РЦАЦ се резервен, како второ место, за ако кучето што добило ЦАЦ/ЦАЦИБ од било која причина не продолжи со натпреварување за БИС, БИС (бест ин шоу) победник на целата изложба на сите раси... има и други ама не е толку тоа важно, било каква оцена ако има освоено е само плус во сето тоа, најверојатно нема да ти биде толку важно дали потекнува од шампионско потекло и слично. Вакцини и прочистување, во зависност од тоа колку старо ќе го земаш, ако е над 3 месеци барај си документ за тоа, ако не сама ќе треба да си го вакцинираш и прочистиш кога ќе дојде време за тоа (обично не е пред 3 месеци). Оригинално педигре како да препознаеш не знам, провери го во кинолошки сојуз, јас за ова прв пат слушам дека и тоа стигнале да фалсификуваат.
Домашни миленичиња Треба да обрнеш внимание на СЕ за кучето. А за педигре и јас не знам како се препознава дали е фалсификат или не (луѓево веќе што нема да измислат да направат да земат повеќе пари, налет веќе ) Педигре ти треба само ако го носиш на изложби..
Домашни миленичиња Педигрето не е само за на изложби, тоа е на некој начин потврда за чистокрвноста на кучето, како и за генетските предиспозиции на тоа легло, односно какви гени носи тоа куче. Не сум се сретнала до сега со фалсификувано педигре, меѓутоа можеш да го провериш со тоа што ќе го однесеш во Кинолошки сојуз, таму имаат евиденција на сите легла, зошто они всушност ги издаваат па ќе проверат дали навистина постои тоа легло и т.н. По сумљиви ми се овие што ги "увезуваат" од Балканов зошто сепак друг Кинолошки, друга земја, немаш контакт со сопственик и сл. затоа мој совет ти е да земеш куче од легло во Македонија. Што се однесува на вакцини и прочистување од паразити, тоа ќе те информира газдата, доколку е вакцинирано ќе треба да ти ја даде и здравствената книшка на кученцето зошто таму пишува што примило, кога, и кај кој ветеринар.
Бу Виста, мачките имаат силен организам, ќе оздрави ќе видиш... А јас сакав да прашам...моево маче има внатрешни паразити и тоа му излегуваат од газето, како бели црвчиња. Многу ми е страв да не фатиме некоја болест. Веќе два пати и даваме апче против глисти. Па ветринарот рече да и ја зголемиме дозата. И дадовме и поголема доза, некоја недела беше чиста и сега гледам пак. ХЕЛП????
Домашни миленичиња Како прво и основно при купување на расно куче, првата работа што треба да ја направиш е да се одлучиш што раса ќе чуваш. Расните кучиња не се за џабе направени, секое расно куче си има свои одредени карактеристики кои што се пропишани во стандардот на секоја раса. Постојат околу 360 раси на кучиња и секоја раса си е посебна на свој начин. Имаш темпераментни раси, имаш флегматични раси, краткодлаки, долгодлаки, мали, средни, големи ... значи избор огромен. Е сега еве зошто ти викам дека треба да обрнеш внимание на изборот на расата што ќе ја земеш. Луѓето прават огромна грешка кога зимаат погрешна раса која што не им одговара. Еве ти чист пример: Доберманот е премногу темпераментно куче и си бара секојдневно по минимум 1 час шетање и истрчување. Е сега ако ти немаш толку слободно време за да го шеташ и истрчуваш, ќе се створи друг проблем со тоа што Доберманот ќе почне да станува нервозен бидејќи има вишак енергија во себе а нема кај да се истрча и да си ја потроши. Од друга страна пак постојат раси кои што не бараат толку многу шетање и истрчување, пример Англискиот булдог доволно е 10 минути пред зграда да го прошеташ колку да си изврши физиолошки потреби и не му треба истрчување, тоа е идеално куче за зафатени луѓе кои што немаат доволно слободно време за шетање на кучето. Значи поентата ми е, бирај раса според карактерот, карактеристиките и потребите на расата, и според твоите можности колку имаш слободно време да му посветиш. Но најбитно е да избереш раса со карактер кој што ќе ти одговара на тебе, затоа и се створени расите и секоја раса си има свој карактер. Околу твоите прашања, Секое расно куче мора да има педигре (родовник) бидејќи педигрето е доказ, валиден документ со кој што се потврдува дека расата е чиста. Доколку нема педигре неможеш да бидеш сигурна какво потекло има, а доколку не му го знаеш потеклото недај боже кога ќе порасне случајно може да се погоди баш со неговиот/неговата брат/сестра да го спариш кучето. И што праиме после ? Ќе дојде до мешање на роднинските гени и ќе се родат после кутриња со глувост, слепост и слични болести. Ете затоа е важно педигрето за да не се случат вакви ствари. И не е точно тоа што погоре некој спомна дека педигре ти е потребно само доколку кучето го носиш на изложба, кажав погоре зошто е потребно педигрето. За фалсификат педигре знам дека тогаш изби скандал пред неколку години дека Мелита правела, бидејќи она ги набавува кучињата од Србија од таму секакви преваранти, па ништо чудно и неа да ја измамиле и на неа да и дале фалсификат педигре, па после она така го донела кучето во МК со фалс педигре. Мој совет не зимај куче од препродавачи, најдобро е да си земаш кученце од добра одгледувачница. За дали е фалс педигрето, можеш да провериш со тоа што ќе се јавиш во Кинолошкиот сојуз на МК и секое педигре си има свој сериски број и фино лепо ќе се јавиш во Кинолошкиот сојуз на МК и ќе ги прашаш дали кај нив е заведено куче од таа и таа раса до тоа и тоа име под тој сериски број на педигре и така ќе провериш дали е фалс или оргинал педигрето бидејќи само Кинолошкиот сојуз во МК издава педигриња и си има детална евиденција за се. Јас се знам со многу луѓе што чуваат разни раси на кучиња бидејќи сум дресер и плус редовно одам на сите изложби на кучиња и едноставно во тие кругови се движам и имам многу контакти со кучкари, па ако сакаш можам да ти помогнам или да те посоветувам од каде да земеш здраво и квалитетно кученце
Домашни миленичиња Сакам да ве прашам нешто. На моето куче околу муцката му паѓаат влакненцата и црвено му е, ептен ми е жал да го гледам такво, ми се плаче .. Што мислите од што му е тоа ?
Совет од некој што повеќе се разбира во папагали....На моето папагалче(тигрица) некако како да му се тресат крилцата.... Вака кога си седи не,ама кога се растегнува или после летање како да му се тресат... Знае ли некој од што може да му е тоа и дали може да биде нешто посериозно....
Боа виста, и моето маче го немаше краток период и се врати ослабено, не престануваше да мјаука. Не знаевме што му е, многу не преплаши. Ама за ден-два се врати во нормала. Најверојатно (по наши претпоставки) беше депримирано, уплашено, изгубено, па затоа така мјаукаше без престан.
Има ампули против глисти, малку се поскапи, ама се многу ефикасни. И апчињата за глисти се даваат 2-3 недели, еднаш неделно, барем така ми кажа мојот ветеринар. Побарај ампули, и давај му јогурт по малку, треба да се среди. Да кажам уште за кученцето, со муцето, може да е зачеток на шуга, ама и не мора да значи. Ако имаш услови на ветеринар носи го, ако не по телефон јави се во некоја ветеринарна станица, еве кај Диме во Капиштец, ќе ти даде совет и по телефон. А она што можеш дома да го направиш е да земеш пудра за деца, бекутан на пример, ефтина е а многу ефикасна, и да му ставаш по неколку пати на ден. Можеш да зазвониш и кај др. Марин, некоја од феминките го имаше пишано бројот на претходната страна. Нема да има проблем, ќе ти објасни, и има една маст која тој ја дава ама и ти можеш од аптека да ја купиш.
Мислам дека не се работи за тоа..... Целосно некако му се тресат, и кога ќе му ги допрам осеќам на прстот некаква вибрација (како да го наречам тоа).....Незнам дали нешто е повредено па го болат,или му студи(ама не верувам дека може да му студи зошто дома ептен ни е јако парново)...
Парното не треба да биде многу јако, за негово добро. Или пак ете чим е јако парното тогаш мораш да го преместиш папагалчето на друго место каде е умерена температурата и не смее на промаја да биде, да не настине...Можеби му е од топлината а можеби и не. Не знам како да ти помогнав околу ова повеќе, едино да прашаш некој кој чува папагалче и го имал овој проблем...
Фала во секој случај (инаку кога кажав за парното дека е јако не мислев дека е толку топло-сакав да кажам дека не може да е настинат....)
девојки ве молам за помош,чувам златен ретривер и претежно преку цел ден беше во двор ,не дома ,е сега утрово кога го пуштив надвор кога виде за прв пат снег ,кефови правеше и цела се накисна е сега не сакам цело време да е затворена дома а не сакам и да накиснува,ми треба мислење како на ладново да се справувам со кучето многу сум загрижена ве молам за совет што да правам
На кучињата им треба прошетка во било какво време, не треба нон-стоп да се дома, ете во зимно време кога ќе се прошета надвор и ќе се накисне, внеси го дома и исуши го убаво...нека седи на топло...