Од каде купувате играчки и занимации за поголем раст кучиња? Му купувам од оние гумените топчиња и коски, абе ни една недела не ги остава читави. Сѐ живо испокина, сакам да најдам нешто поиздржливо барем месец дена да му потраат, али чисто сумњам дека постои такво нешто. Ќе им го најде одма чарето.
Колку време е така? Работев краток период во пет шоп, знам дека куглите се зезнати и газдата не ги препорачуваше баш. Плус, менувањето на водата е стрес за рибата. Мислам дека продававме некои прочистувачи за вода, вака нешто. https://prijateli5.com/prodavnica/a...entiva/akvasana-za-zlatna-ripka-100ml-prodak/ Побарај.
Да провериш во Комбо, Џамбо, ние обично му бараме некои такви тврди коски ама и тие парам парче ги прави..Многу ретко се наоѓа нешто што не е гумено
Значи сите кучиња се исти. Ние по дома без папучи шетаме, еден пар не ни остана читав. Што мерак ќе имаше толку да краде и да кине папучи не знам. И ја очекувам играчките да не ги кине... секако, нема грешка.
Вие што чувате куче во стан, лесно се учи ако е мало? Дали е премало месец дена старо кутре да го земам, може да јаде само или ќе треба некое млеко? И дали би се дресирало лесно особено за вц со оглед на тоа што не е раса обично куче е? Едит: И кога прв пат смее да се бања?
Лесно ќе го научиш да мочка, кака на пелена, ќе го насочуваш таму и ќе му даваш грицки кога ќе мочка/кака таму и ќе се научи. После за понатака ќе мораш по неколку пати на ден да го симнуваш надвор, за да се научи инстиктивно дека треба да врши нужда. Месец дена не е многу мало ама може да цивка и плаче откако ќе го одделите од мајката. Кучињата се препаметни а со храна и грицки учат сѐ. За бањањето ќе се консултираш со ветеринар, меѓутоа ако нема потреба нема да го бањаш, не е убаво и често да се бањаат. А инаку ако е месец дена старо сметај дека ги нема веројатно примено првите три најважни вакцини и може да не можеш да го вадиш воопшто надвор, и да чекаш уште некои 2 месеца додека можеш.
@theowndemon Како поупатена да те прашам, вдомив маче кое има околу 2 месеци, пред десетина дена му дадов осминка Бихелдон за прочистување, ама не извади видливо глисти низ измет, го пратев два дена внимателно Треба пак да му дадам без разлика што нема глисти? Во пет шопот ми рече да му дадам пак. Чат џпт вика не штом не исфрлило глисти. И сега што да правам? Исто ме интересира кога да барам ветеринар за прва вакцина? Имам изгубено маче од парво вирус многу се плашам сега и сакам да го средам што поскоро. Исто читав дека за жал постоеле многу мутации на вирусот сега и дека некогаш ни вакцината не штитела доволно
Јас би му дала пак. Прво прочиствање секогаш на два пати, како шо ти рекле во пет шоп. Исто ако некогаш има паразити - пак два пати. Во иднина ако остани чисто, по еднаш можиш и ќе е доволно. За вакцини и општо се, јас се крстам во Владе во Animal Care Clinic, на паркингот зад трите кули. Мене тој и мачор ми има оперирано и тој ми вакцинира животните. Јас со цела душа му вервам. И знам дека е стресно со вируси, мојов еве 6 години и од лани надвор го немам изваено зошто некој вирус имаше од пуст страв. Ама вакцината е та шо е, подобро со неа него без неа. Ќе биди во ред, важно боцни и чувај го изолирано по инструкции на вет, зошто после вакцина најлесно можи да закачи нешто и мора да е на чисто.
Фала ти. Ќе му дадам сега пак осминче Да, знам каде е Владе, пред неколку години имав лечено маче таму, знам сите го фалат, ама искрено јас не бев баш задоволна. Не му обрна баш многу внимание на мачето. Пре би го одбрала Мано или Чупона, имам океј искуство со нив и јас и мои пријатели, посебно со Мано. Сепак фала ти
Чупона немам одено, Мано одев долго време. Супер се и двата ама за едноставен проблем одев секој месец за третман шо Владе го среди од два пати. И ко дојде време за операција и кастрација некако ептен инстиктивно Владе го одбрав. Знам дека личи незаинтересирано ама мислам дека е убедливо еден од најстручните шо имаме.