Јас прв пат слушам за форестото такви коментари. Ние на лабрадорката наша 10 години ѝ купувавме форесто никогаш ништо не ѝ било, сега и на нашето кутре му купуваме форесто исто никаква реакција. Колешки околу мене исто со форесто. И ампула ти е решение ама ти е краткотрајно. Е сега можеш да пробаш со форесто и да видиш како ќе реагира па ако нешто се нафрли или слично, да продолжиш со ампула.
Nie koristime foresto i scalibur zavisno od sezona foresto kako podobro prolet go zemame do esen obicno. Ne sme imale problem. Za tabletite imam slusano deka davaat mn negativni efekti do epileticni napadi paraliza i slicno
Здраво, дали некој има позитивно искуство во поскоро време со некој хотел/пансион за миленици (во Скопје) поточно за куче ме интересира?
Дали некој може да сподели искуство со шишање куче во 5Центар во East Gate? Се работи за возрасна кучка (11 години) дома си ја чуваме во стан. Минатиот пат после шишање доби габична инфекција, па сакаме да смениме салон, си велиме да не е од шишањето.
Здраво, имам мало маче старо 2-3 недели. Во консултација со ветеринар, а и дека беше недела ми рече да му давам кравјо млеко. Денес му купив млеко во прав. Ќе ставам слика од него. Ако некој има користено такво да ми каже како го подготвува, во кој сооднос. На него пишува 1 лажица на 150-200мл вода, ама сепак не знам колку е добра. Направив по тој сооднос, не сака баш да го пие.
Ако прашуваш за др Владе од Битола, арогантен е, но сепак стручен во неговата област. Јас го однесов моето куче за операција на тумор од тестисите и бидејќи беше старо 12 години ми препорачаа за кај него заради инхалационата анестезија. Супер помина цела процедура убаво го третираше, само односот му е таков, кога го прашав колку е опасно да не се разбуди ( нели сите што си ги сакаме милениците исплашени сме и сакаме некој утешителен збор) , ми вели: Е сега како ме праша ти, како да ти кажам сега кога ќе патуваш со колата што мислиш дали ќе направам сообраќајка или не..
Zdravo, moeto kucence cel den nisto ne jade ne pie ni voda i povrakja. Ne saka nii da igra. Od sto moze da i e ve molam pomos, zagrizena sum.
Бевте на ветеринар? Ако не - видете кај има дежурен зошто си пишала касно. Јасни знаци дека не е во ред нешто кај миленик е: одбивање храна и вода, па дури после го симптоми како повраќање, пролив, губење на енергија итн. Кај тебе ги има двете. Третото е мониторирање измет. Ова е итен случај за на ветеринар со информациите шо ги даде. Дали е тровање или вирус да знајш во моментов не ти менва. Ти менва ко ќе видиш симптом шо е алармантен одма да однесиш миленикот на вет.
Здраво, имам мало маче старо околу еден месец. Мајка му го отфрли и го хранев со формула, но доби дијареа. Од дијареата доби пролапс на дебелото црево. Го однесов на ветеринар и го зашијаа, ми дадоа таблети за дијареата кои треба да ги прима 10 дена. Денес е 4 ден и веќе нема дијареа и не знам дали да му ги продолжам или да престанам со нив, да не добие запек. Инаку му давам јуниор храна блендирана со малку вода бидејќи млекото не го сакаше. Секое мислење ми е важно.
Не знам. Јас би рекла ако ми е речено да прима 10 дена, проблемот нема да се реши на 10тиот ден точно, туку порано. Јас се држам до то шо ми вели ветеринарот. Ако ти е мисла да преќиниш апчиња зошто нема мака - јас би прашала. Јасно ќе му кажам дека ми е страв да не напрај запек и дали има таков ризик од апчињата. Прашај дали да преќиниш или сепак уште треба. На крај на ден не сме вет и не знајме каков ефект ќе има ова и какви апчиња се.
Здраво земавме малтезер па ме интересираат неколку работи . Кучето е стар о11 недели прими 2 вакцини прочистено е и сосема добро надвор сеуште не го изнесуваме. Само дома не останува ама и кога некој од нас излегува плаче и цивка некоја минутка па се смирува . Моите прашања се во однос на тренирањето на пелена . Имам поставено пелена на околу 2 метра од местото што му е негово а неговото место е одбележано со подлога која е цврста намената за играње на бебиња 2х2 метри . Тоасекако има на располагање 50 кв површина дома . Не е затворено во ништо досега . Но од 01.10 ке треба да останува само отприлика некој 3-4 часа додека не се приберат децата од училиште ама тие се големи ке можат да го симнати да го прошетаат а утринската прошетка ке ја реализирам јас . Е сега кај него е изразена фазата гризење а и добива моменти на растрчување со ржење и лаење што верувам е дел од нормалниот развој . Прашањета ми се неколку дали да земам оградица како playpan и да го затворам за тие неколку саати кога ке биде само . Во тојслучај пелената ке треба да сепрефрла внатре нема ли тоа да го збуни како 2 места. И уште нешто тој често завршува работа за мочкање на неговата бебешка подлога наместо на пелената па се мислам дали го буни ? Зашто веке не прави беља на паркет на пример теписи немам ... Ви благодарам
Да ве прашам тие што имате мачиња од каков звук или мирис бегаат? Имам по дворот 10 мачиња наизменично доагаат, не ми сметаат што ми се по двор, и на маса што се качуваат ама луѓе само што отворам вратата наутро мириса на мочки и каки. Цел двор ми е лом. Ова секојдневно со мм чистиме со четка прашок и сјај, буквално рибање е. И секој ден иста песна. Имам такво од Тему како вибрации и звук што испушта ама нема фајде. Пола цвеќиња се уништени, саксии од каки лом, стварно не можам на комшиите мачките да им ги чувам, само немојте со тие совети. Јас кога имав маче дома си го чував, плус алергична сум на мачиња затоа и не смеам да чувам. Пред 2 дена напрскав со омекнувач ама нема некое фајде, мм со оцет прскаше, што намислат тераат. Ај да е барем едно, ова не се трпи миризбата и нечистотијата. И ставав и земја посебно за тоа, за да не прават лом по бетонот, плочките и цели саксии ама нема фајде Да е едно може ќе има фајде, вака за цело маало мачиња стварно не можам да трпам
Здраво. Ми треба голема помош од вас. Синчето доби куче за роденден Бишонче ама мн ми моча и кака по дома проблемот е што за мочање знае да моча на пелена и пак ми моча на секаде. Е сега деновиве почна да ми кака на кревет страшно го карам некогаш и ке го удрам и џабе. Дома сум со мало бебе плус нема уште 2 месеци ми е страв да не фати некоја зараза кажете некој совет како да се научиме да не какаме и мочаме на кревет.
@Венерче❤ и ова е доказ зошто за поклон изненадно не треба да се подаруваат животни без страната која прима миленикот да го сака то и да е спремна на то. Колку е старо кучето? Нормално дека е период кога кака и мочка наоколу и не е чоек и тој тип на свесно битие за да знај дека пелената уствари е за измет. Со удирање ти гарантирам дека нема да разбери зошто е ... (бебе) куче. Е сега за навиките. Нормално треба да имаш пелена и често да го носиш на таа пелена кучето. И кога ќе напрај измет таму да му дајш награда. Најлесно ќе ти е да го носиш на пелена да прај измет кога ќе стани, после јадење и пиење и после зумис/ подинамично играње. И правењето измет на точно место го наградуваш. Овој тип на воспитување е најдобар и за било кое однесување на кучето. Го носиш или креираш ситуација да има посакувано однесување и го наградуваш тоа посакувано однесување. Воедно, креираш ситуации за да наградиш во граници на можноста. Кога ќе го учиш команди ќе можиш поќе пати да повториш од патите шо ќе му се мочка за да го научиш да мочка на пелена. Додатно, можиш да му ограничиш просторот дур не смеј да шета надвор.