Здраво. Вчера земавме пинч машко кутре старо 45 дена. Ми требаат искуства се околу чување на вакво куче, колку време е потребно за да го научам на хигиенски навики и да почне преспива сам. Какви кучиња се за чување во стан?
Пред 2 недели си земав маче од улица, сега го гледам како да ми е дете и само му се тресам да не му се случи нешто. Примаше апче за паразити и ампула за болви и денес цел ден се чеша во ушите и ја тресе главата и ми мјаука жално, го однесов на ветеринар го проверија и ми кажаа дека имало малку вода само инаку се било во ред. Дојдовме дома и пак иста приказна со тресењето на главата и чешање, се буди од спиење со тресење на главата, сте имале слично искуство?
Моето кутре имаше 2-3 пати, обично даваат терапија силимарин и вибрамицин 30 дена и не смееш да му даваш млечни производи додека ја прима терапијата. Исто и анемично беше и моето ми дадоа капсули за зајакнување на крвта и витамин ц. Тука мислам дека многу влијае и староста на кучето, моето е 12год. па тешко се опоравуваше, од симптоми немаше апетит и енергија, рани по кожата и му течеше многу крв од носот, дворот ни беше како бојно поле. Морате постојано да внимавате да му ставате ампули или каишка против крлежи.
Да не не му одговара хем. состав на ампулата? Во близина на ушињата или околу нив да не ја стави па го чешка местото на накапување? Има едни амп. против алергии за ојачување нешто за имунитет на вет. ги имаат. Прашај ги подетално за ова.
Не знам ни каква беше ампулата, ветеринарот му ја стави на вратот одозгора, тоа беше пред недела дена се исчистија болвите. Баш ќе проверам фала ти, секако ако вака е и утре пак ќе одиме.
Потсети го вет. за ова, дека се сомневаш на алергиска реакција на ампулата. Ќе се сети каква е ставена и ако има потреба ќе даде таква за алергии. Само спомни му. Да помине се во ред и со лесно со маченцето.
Пишала се исчистиле болвите. Ако останале тогаш ај шо ампулата не е функционална него му создала алергиска реакција
И мене на тоа прво ми отиде мислата ама вели му ставил вет. ампула и затоа веројатно е и алергија во игра. Иако изгледа станува збор за лоша ампула, недоисчистени болви, плус алергија. За лечење дупло...за наплата ѓавол и пол. Не се оди кај секакви непрофесионални вет.
Јас мислев ear mites има пошто од улица го земав, а болвите веќе се исчистија. За среќа изгледа беше проблемот што имаше вчера водичка во ушите, денеска ниту ја тресе главата ниту се чеша фала богу, ме исплаши оти рекоа дека нема паразити чисто е, а кога се вративме упорно ја тресеше главата и се чешаше, валјда уште имало непријатност. Лесно поминавме добро е. Другарки ми викаат многу го разгалувам, ама јас не можам така да го гледам бе како се мачи, душичка ми е Како и да е ќе имам на ум и дека алергии може да се појават следен пат ако случајно нешто има.
Ма маче е да го изручкаш од убавини... Гушни го и од мене. Одлично што се поминало во најдобар ред. Да и водичка во уши знае да е проблематична, добро е што испарила.