диареја кај мачки За да го запреш проливот кај мачето, треба да го ставиш малце на диета.. Дали само млекце пие кажи ми?
диареја кај мачки Млекото на некое време ќе го исклучиш од исхраната на мачето. Ќе му вариш јунешко месо или евентуално пилешко и сето ова испасирај му го.. Пробај некако направи додај нешто, за да не му биде многу суво, сепак е премногу мало.. Можеш да му даваш и јогурче ако сака, ама млеко благо никако. Ако со ова не се смири проливот, консултирај се со ветеринар. Нека му даде некои витаминчиња. А ако му престане проливот, а дај боже да му престане, некое време по сменувањето на изметот, уште некое време внимавај на исхраната да се врати во нормала. Иначе проливов може да му е од многу причини... Од вирусче некое, не му одговара може храната, итн итн.
диареја кај мачки лелее а јас пак секој ден му го давав лекот со млеко :/ Во секој случај фала многу на советите се надевам ке му помогнат
Моето маче не јаде ништо ако не му мириса на месо.Го чувам само во соба и не можам да го одвикнам да оди на какање во една китка.Иначе е нејслаткото маченце <3
песок специјален му чуваш секогаш достапен?или само китката му е достапна ??? ете тоа се мочка таму каде што му мириса на неговата мочка ако барем еднаш ти се помоча на кревет и таму после пак ке ти се моча постојано ! значи треба китката надвор да ја однесиш ако сакаш да ја спасиш ! : е уште ако е машко сеповеке и повеке ке пробува да ти се моча насекаде за да ја бележи територијата „! ако така се мочка одма чисти го местото и на тоа место испрскај со многу силен парфем ! за да не иде пак на исто место и малце чотече ! да до караш ! мака ке си мачиуш ! Јас се скинав од перење сега фала богу не се моча освен во легенот со песок ! специјална од Кам маркет ја купувам !
Пред некое време си купив Хаска која ја чувам дома. Многу е мила и паметна. Стара е речиси два месеци (без неколку дена). Првиот ден беше лудница, насекаде низ дневна мочкаше и какаше, а јас цело време шетав со лопатчето. Сега веќе се учиме и знае дека треба да ги прави тие работи на весник на тераса (бидејќи сеуште не е вакцинирана и не смее да оди во двор). Јаде посебна храна за кутриња купена од продавница за миленичиња. Така ни препорача ветеринарот бидејќи другите храни по маркетите не биле воопшто здрави и миленичињата имале разни проблеми потоа. Пред некој ден се прејаде и беше многу смешно. Мешето му беше огромно и едвај цапкаше со задните ноџиња. Не сакаше да си игра, па само чмаеше и се галеше. Пие капки со витамини и апчиња за калциум за да има цврсти ноџиња. Најсмешна ми е кога ќе почне да штуцка. До сега и` се има случено два пати и многу ми е смешна. Исто така добро е и тоа што не плачеше и цивкаше по мајка и` воопшто. Многу ми е мила кога прета со шепите дур спие и се тресе. На почетокот се уплашив бидејќ и не знаев што прави, но сега ми е многу интересна како се врти. Бидејќи и` растат запчиња - грицка се` што ќе стигне. И купивме и коска за запчиња, меѓутоа многу малку си игра со коската, повеќе сака да ги грицка рачките од фиоките, ногарките на столчињата, краевите на тепихот, чорапчиња (најмногу и` се допаѓаат шарени во линии ), папучи и т.н. Меѓутоа, тука веќе имам мал проблем. Се плашам кога ќе порасне да не напаѓа и луѓе, можеби со тоа што гриза нозе (има некој осет до некаде, ама сепак, страв ми е) ќе каса. Често се случува и кога си играм со неа и пружам рака да ја чешкам над мешето да тргне да ме касне. Брат ми ми вика дека само си игра, но има остри запчиња. Често се случува и да си играм со неа и нејзиното перниче. Ја залажувам лево-десно, а таа трча и кога ќе го фати држи цврсто и не пушта. Кога ќе и викам, повторно се сили и лае (не е баш вистинско лаење, бидејќи хаските инстиктивно не умеат да лаат). Треба ли да и покажам кој е газда или пак се буни поради тоа што перничето е нејзино? Имам ли причина за грижа?
душа мала. Хаските не ги напаѓаат луѓето, сеуште е мал и сака да се игра. Ама од сега се учи на некои навики и работи за да подоцна немаш проблеми. Покажи малку строгост кон него за да свати кој е газдата. Се приврзуваат само кон еден газда. Немаш причина за грижа. Да си прашам јас нешто, дали може некаква болест, бактерија или сл. да се пренесе од хрчак на дете. Пред месец дена зедовме хрчак и малиот се многу игра со него - фо филм на Џери е, мисли дека е Џери Читав све и свашта ама не најдов нешто за преносливи болести и сл. Го чуваме во терариум и тераме се по рецепт ама сепак онака некој нешто да не слушнал или знае.
И мојов мачор, ако може мачор да се нарече со 4 месеци, има пролив. Му престана, одеше нормално по нужда, еве сега пак, од сабајле. Не му даваме млеко 3 дена веќе, не се жали, не е чуден, јаде нормално(неговото нормално е малку повеќе), ама кога ќе се искака ми смрди цел тоалет Му давам од таа сувата храна, да не треба да сменам нешто, не знам?
Јас на моете мало мачорче кога имаше пролив ,, НА СВОЈА РАКА МУ ДАДОВ СТРЕПТОСУЛФАЗОЛ ( streptomycin + salfofurazole [ 100 + 400] ЗНАЧИ ЕДНО АПЧЕ ГО ПОДЕЛИВ НА 4 ДЕЛА И ПО 1/4 МУ СТАВАВ ВО МНОГУ МАЛКУ МЛЕКО И ТОА САМО ЕДНАШ НА ДЕН И МУ ПОМИНА ПРОЛИВОТ ! П.С. ЗНАЧИ НЕЗНАМ ДАЛИ ИМАТ НЕГАТИВНИ ПОСЛЕДИЦИ ТОА СЕ ТАБЛЕТИ ЗА ЛУГЕ КОГА ИМААТ ИСТИ ПРОБЛЕМИ СО ПРОЛИВИ !!! АКО САКАТЕ ДА ПРОБАТЕ ПРАШАЈТЕ СИ ВЕТЕРИНАР ! ЈАС ЗА МОЕТО ЗНАМ ДЕЛА ОЗДРАВЕ АМА ЗА ВАШИТЕ ВИЕ ТРЕБА ДА СИ ОДЛУЧИТЕ !
Ај да не цитирам еден куп мислења од претходната страна во врска со млекото, само накусо ќе пишам. Млеко нетреба да се дава на кучиња и мачки бидејќи нивниот организам е многу осетлив на Лактоза (млечен шеќер) и од Лактозата добиваат пролив и повраќаат.
bi sakala edno prasanje...dali smee na parsiska macka da i se dava apcinja protiv glisti dodeka e trudna?
девојки моето куче два дена нема апетит,цело време се занесува кога оди и го подвива грбот.Иначе е нешто како тибетски териер,старо околу 2 години.Може ли некој совет?
^ Да не те плашам, ама мораш да отидеш на ветеринар. Не можеш да знаеш што точно му е. Можеби е од несоодветна исхрана, а можеби е и од нешто друго. Инаку да ве прашам, калциумот кој го пијат мора да биде посебен за кучиња или може и како за луѓе?
Јас на моето кучуле му давам калциум, го купив во пет шоп некаде околу 600-700 денари. Вработената ми го предложи , но не можам да кажам дали може да се дава од оној кој е за нас.... Најдобро прашај го ветеринарот
Здраво Сакам да прашам нешто во врска со моето мачорче,ноџето го боли многу,во долниот дел од шепата,неможе воопшто да гази,а ако ја допре ногата на подот веднаш мјаука....едвај успеав да му ја видам дали има нешто,но немаше ништо не му е ни потечена...што може да биде и ако некој знае нешто лек нека каже одма....
Можеби живеам во заблуда целово време, ама нели додека се мали само млекце им се дава? На мачињата поготово? Јас кога го однесов на ветеринар не ми спомна ништо за давањето млеко, а дури потенцирав дека му правам попара на мачето често, плус пие млекце од време на време. Веројатно како што растат стануваат осетливи, друга логика ми нема. Оу, вака не можеме да знаеме што е работата. Провери да не му е ноктето скршено, или да не му има влезено нешто помеѓу ноктите. Легни го и притисни ја шапата, ќе се рашири убаво и ќе провериш. Ако не, почекај до утре и на ветеринар.
Да додека се малецки може да пијат млеко, но таму после 2 месечна возраст како што растат се помалку и помалку организмот ја поднесува лактозата.