400-600 ден., и ти го препорачувам др. Марин В. на адреса: Јосиф Јосифовски Свештарот 37 во Скопје (позади социјално), еве и тел. 3-113 101
Може совееттт ?:?? Имам куче малтешка пудла т.е малтезер . Има 3 ипол месеци дали е паметно да одам сега и да ја шетам . Сепак е февруари има снег , незнам дали ќе и биде ладно , да не настине . Ја чуваме во стан . Може да ми помогнете , многу ми треба . ФАЛА однапред .
На било кое куче му е неопходно свеж воздух, така да смееш да ја прошеташ надвор бар 15 мин., имаш можност да и обезбедиш облека за надвор да не и студи многу многу, можеш и сама да направиш од некој стар џемпер, лесно е
Девојки смејте се колку сакате, ама јас си барам зет. Е сега зетов за мојава лепотица мора да исполнува неколку услови: 1.Да биде булмастиф. 2.Да има педигре. 3.Да биде расен т.е. голем физички зошто мојава е огромна 4.Да не е од леглото на Мина од Тетово. Е сега многу барам знам, ама морам да имам зет на ниво за мојава совршена кучкетина. Доколку некој чува, знае, познава или видел некој што шета ваков мажјак нека ме исконтактира. Зошто многу се ретки кучињата од оваа раса а јас сакам потомство од кучкава.
Моето пак не сака млеко воопшто само јогурт, женско е има 10 месеци и мислам дека е бремена и немам искуство до сега, прва мачка е што ја чуваме дома (летото ја зедов) ама многу ни е забавно дома и давам сува храна за мачиња и само си крцка 2-3 пати во денот и кога ќе излези надвор е поголема дури и од кучето од комшиите а да не зборувам за мачките што живеат надвор.
Женски ми треба што е можен побрз одговор. Купив зајче и тоа шо е за пиење вода ми капе незнам зошто или па незнам ја како треба да се намести. Дали може некој да ми објасни. Го полнам со вода и капе. За овој сад зборувам
Сакам да прашам дали куче може да префати настинка од човек?? Тато настина, јас од него префатив, само Цезар е здрав. А јас го бакнувам, го лигавам, па ми е страв дали може да се префати и тој најмногу зашто овде нема ниеден асален ветеринар.
Хаха неее! Смртоностно може да биде и заразно ако тоа е болно па ти пренесе бактерии на тебе.Бактериите од нас во кучето неможат да навлезат,но од кучето во нас можат.барем така имам слушнато!
Здраво,се зачленив на форумот,можда сум единствено машко но само овде се коментира за миленици а јас сум љубител на миленици огромен.Вака:Имав куче пекинејзер,го добив за мојот прв роденден,а умре точно 2 дена пред мојот 18 роденден.Многу ми е мака.Сакам сеа нова куче,сакам пит бул или хаска но домашниве некако не се согласни....најдов од скопје едно пекинезерче за 3000 денари оти само такво ми дозволуваат( е сеа знам дека јас сум маж кај со мало кутре,мене ми е битно да имам другар до мене еднсотавно неможам да живеам без кучиња).Имам и 2 шарпланинци но на планина се тие во 1 недела 1 ги гледам,а летно време скоро секој ден.Но,утре требаше да одам по кученцето од скопје,но ете било настинато.Сега наредниот викенд дури ќе одам.....дали ако оздрави може да се разболи пак зашто сепак до автобус додека да стигнам па после на станици застанување....тоа има неполни 2 месеци.Јас сум на план да го пикнам во волнен чорап...!Сега ќе ми биде дома докај додека температурите не се покачат со +15 па може да биде и надвор и внатре.Незнаете какво е грозно чувството,кога морате да смените навиката дека ви го нема животниот сопатник...па несакам таа навика да ми ја снема.Се наполнив со негативна енергија целиот одкако умре,брат ми качи температура 4 дена неможеше да ја симне.Татко ми се коравеше но мајка ми кажа дека плачел скришно а и јас се коравев.....Јас имам и златни рипки,и папагал, и хрчак и мачор имам но куче си фали куче.Веднаш штом го донесам утрешниот ден на вакцина ќе го однесам таква за имунитет па да ми биде сигурно.Многу сум возбуден! што мислите вие...треба да се биде претпазлив со кучињата посебно со таква сорта како пекинезите! аа и тоа...на роденден друштвото мое ми донесоа доберман,на еден другар братучед му му го дал ефтино за 50 евра.Изгледа оти било мало,како до донесувале па и надвор сигурно го чувале до мојот роденден и само што дојде утредента умре...па затоа ми е страв. Што мислите вие??
За што што мислиме? Дали ќе ти умре новиот пекинезер? Дали воопшто да го земаш? Јас од целиов пост сфатив дека стариот ти умрел, имаш еден куп други животни дома и дека сакаш куче. Земи го, бе дечко. И не е срамота ако си „толкав“ маж со мало куче. Самиот кажа дека сакаш другар. Не знам што да ти кажам, зашто не можам да сфатам што совет бараш. Ете, земи го другиот викенд кучето. Вакцинирај го и чувај го дома, внатре.
Да да тоа сум и на план.Но многу ми е страв оти се премногу нежни немој случајно да не јаде,нонстоп да квичи такви работи па ако ми умре по втор пат ќе се распукнам...!
Грижи се за него, сакај го и пружај му внимание и се ќе биде во ред, нема зашто да ти умре, не дај боже...
а дали би можел да му давам храна за мачки бидејќи тоа е мало,не ќе може да јаде од кучешката храна што е многу се големи топчињата, а и воде немам специјално храна за мали кученца туку само универзална...мислам дека иста е храната и за мачки и кучиња зашто и двете животинки се хранат со иста храна!
Имам кученце старо 5 месеци. Последнава недела во очите е крваво. Прво му ги миев со камилица, па му ставав маст на капаците, ама не му помогна, па почнав да му ставам капки од денес. Од што може да му се такви очите, дали е оваа појава сериозна и може да придонесе за слепило и дали има некој производ кој е со специјална намена за oчите на кучињата и може да му помогне? Благодарам однапред.
Може, ама не му смета и кучешката храна, а во спротивно можеш да му даваш, додека е мало, и попара леб со јогурт, пошто јогуртот е многу здрав за нив, или кисело млеко.
Братучед ми чува,кажи што те интересира све знам за карактерот на таа сорта 18 години го има братучед ми живееме во слепени куќи така да исто како и да е мое !