Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Да да и млеко,и ориз и варени моркови негде прочитав и може од тие нели шо се кесичките со говедско и пилешко месо од Вискс или кит кет или пак паштети ...! :D
     
  2. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Составот на храната не е ист. Имаш во Пет шоповите храна за млади кучиња, ситни топлиња се. Таа е подобра и со повеќе витамини. Побарај Еукануба или Педигри Џуниор, едната е 180 другата 200 денари.
    Едит: педигри џуниор имаш и во големите маркети.
     
  3. EyesWideShut

    EyesWideShut Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2

    Би сакала да прашам за неговите карактеристики, каков е со сопствениците а каков со другите луѓе, дали се агресивни, и нешто повеќе за нивната исхрана.

    Благодарам многу
     
  4. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Еуканубата е добра, али Педигрито е најголемо срање што постои.
    Попрво би го хранела кучето со сув леб отколку со Педигри.

    Се' што те интересира за Доберманите слободно прашај ме мене :)

    Ти одговорив на приватната порака :)
    Само општо да кажам за агресивноста ...
    Секое куче може да го направиш да биде маче и ѕвер :!:
    Се' зависи од сопственикот како ќе го воспита кучето.
    Не постојат агресивни раси на кучиња, туку постојат глупави сопственици кои што намерно ги прават кучињата агресивни.
     
  5. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    И Fun Dog е добра храна, ама подобра е Eukanuba :)
     
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Зошто?
     
  7. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Според тоа што го имам видено за доберманов наш ,не е ни малку сличен како по телелвизија шо го опишуваат агресивен.Секако дека се селекционирани за кучиња пазачи,но зависи како си го воспиташ.Пример нашиов кон непознати луѓе се држи претпазливо,стои на дистанца и не дава да му се доближат и не им обраќа внимание,а за доаѓањето на поштарот или слично не дај боже да е надвор ќе го раскаса или пак на џубрарите од комуналното не го дава ниту ѓубрето да го земат.Со деца е многу благ и сака да си игра,верен пријател е но проблемот е шо не трпи мачки и не сака ривалство.Може да нападне човек само кога ти си во опасност или самото тоа макар и да не е тренирано да напаѓа тоа си доаѓа од самото внатре.Многу горд е и поносен се мисли дека носи титула голема како гроф се држи,доста амбициозни кучиња и доста паметни се наоѓаат во топ 10 најпаметни на планетата мислам дека се 8 или 9 веднаш после ротвајлер или ирски крт.Да не се двоумиш чувај доберманец,ја би ти препорачал Браун боја така по убави ми се и подобро дај нека му ги изострат ушите многу подобро изгледа онака по КУУЛ.мислам дека доберманот се раѓа со кратка опашка али сепак не сум сигурен.Живее до 15 години, еве моите роднини веќе 18 години чуваат добермани до сега смениле 3,првото умре на 6 години го згазија,второто на 10 години волци го изедоа на планината или пак овчарски кучиња и сега имаат трето кафеаво 2 годишно многу добро и на карактер мило и се ...само чудно е што го мрази многу татко ми изгледа што фане на око фатено е.Е тоа с емоите искуства со доберманите.Поздрав
     
  8. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Ниту Fun Dog не е добра храна.
    Прочитај го составот на храната и ќе видиш дека е катастрофа Fun Dog.

    Затоа што кучињата се месојади, а храната Педигри според составот е практично наменета за вегераријанци.
    Во составот има само 9% месо ... што е катастрофално.
    Педигри е премногу искомерцијализирана, и бидејќи луѓето не се разбираат многу околу кучиња и кучешки храни си мислат дека храната е екстра бидејќи често ја рекламираат.
    Али кога ќе го прочиташ составот на храната ќе сватиш дека му даваш ѓубре на кучето.
    Има премногу слаб состав, има катастрофално ниски 9% месо во составот, низок процент на масти и протеини.
    Плус тоа користат вештачки бои и мириси, ако му даваш Педигри на кучето сигурно си приметила дека храната е цела шарена, сувата храна (гранулите) се фарбани во жолто, црвено, зелено, портокалово ...

    Подобро е кучето да јаде варен ориз со пилешко месо отколку Педигри, барем ќе јаде чисто пилешко месо, а во Педигри практично не ни има месо во храната.
     
    На WhiteAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    ^^ А пошто мислам дека имаш Пудла, може да те прашам со што ја храниш??
     
  10. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Со Ројал Канин.
    Останати ми се уште 5 - 6 кила во вреќата од Ројал Канинот, па кога ќе ми заврши Ројал Канинот ќе ја купам храната Earthborn Holistic - Primitive Natural.
     
  11. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    А во Скопје можам да најдам негде храна 10 кг во вреќичка?? и колку би кошталаа?? мислам воопшто дали постои такви знаете во големина на вреќичка сол 10 килски...
     
  12. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Постојат разни големини на вреќи, имаш од 5, 10, 15, 20 килограмски вреќи.
    А за цената ... па види тоа ти е како онаа поговорката колку пари толку музика.
    Конкретно имаш храни кои што коштаат 600 денари за вреќа од 10 кила и храни кои што коштаат 3.000 / 4.000 денари за вреќа од 10 кила.
    Па сега ти одлучи дали ќе го храниш кучето со ѓубрето од 600 денари или со вистински квалитетна храна од 3.000 / 4.000 денари.
     
  13. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Да да подобро со домашна ќе го хранам со месо моркови ориз коски и млеко додека е младо одошто со толку многу скапа сепак јас сум средно моите рекоа дека само ќе дадат за да го купам а за храната ако сакам со вештачка јас да си му купувам сепак од џепарлакот да одбивам не ќе можам ...онака по 1 филџан дневно колку за витамини мислам дека е доста...поздрав!
     
  14. PinkButtrefly

    PinkButtrefly Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Луѓе имам сатководна желка и незнам колку пелети на ден да и давам да јаде!
     
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    :D Дечко, мислам дека не ја сфати Доберман. Сакаше да ти каже дека храната од 3000 е подобра отколку таа од 600 денари за 10кг. Што е логично, нели?! ;)
    Инаку, ако сакаш поздраво куче кое и убаво ќе изгледа, со квалитетно крзно најдобро ти е да си купиш квалитетна храна. Земаш пекинезер кој не јаде многу, па така ако купуваш храна од 200 денари килограм ќе имаш трошок од 400 денари месечно што воопшто не е многу.
    И уште едно прашање: спомна дека си немал избор на храна т.е. имало само една за кучиња и една за мачки. Па кое е тоа место кај што живееш ти, па да нема избор на храна за кучиња? :^)
     
  16. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    И јас имам слатководно желче и и давам сушени ракчиња од пет шопот ги зедов.2 наутро и 2 навечер некогаш и преку ден и давам по едно...а како мислип пелети?
     
  17. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
    две наутро и две навечер :o јас на мојата желка и давам околу 10 ракчиња,двапати во ден
     
  18. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Имам од неодамна хрчаци два во аквариум ги чувам веќе неколку месеци, немаше досега никаков проблем ама денес едното легнало и како да умира не мрда само лежи како безживотно не знам што му е и како да му помогнам да не ми умре :( Ако некој чувал и има искуство слично да м каже од што би можело да биде и дали можам да направам нешто :?
     
  19. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Ејј додека е со време земи и масирај го раце нозе тегни му ги јас имам искуство со такви случаеви цел живот чувам хрчаци...значи од стрес е тоа сигурно со тропнал силно со врата или си се провикнал силно од петарда од такви работи а може и од досада тие да се парализираат така да масирај го шо побргу.А можда ти се укочило и од тоа што не се физички кативни,ако немааат со што да се занимаваат земи им подобро една врталешка или една топка во која се ставаат и се пуштаат низ куќата и вртат ли вртат.На мене сите досега скоро ми се укочувале така и ги масирав и подобро им беше...
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    уаууу така ќе ти порасне побрку и нема каде да ја ставиш ќе мора да ја фрлиш....јас прашав и ми рекоа што помалку храна побавно ќе расте и повеќе време ќе ја имаш во домашни услови..зашто после 10 тата година реалност е дека ќе мора во езеро да ја пушитиш или негде на др место..ете пример јас имам 2 пуштено во езеро и живи се а една имам давано на другар во двор има плитко базентче и таму си живее...
    инаку пожелно е и со инсекти какви и да фатиш да ја храниш пример летно време ја муви коа фаќам и давам...позз