Џабе се пробав, масирав и нозе раце теглам не бива ништо како мртво лежи не мрда помислувам дека е мртво ако не вдишува одвреме навреме. Се гледа дека му е тешко, па знаци на живот не дава мрда на 10минутки и тоа само тешко вдишува и некој тивок крик испушта. Не знам што се случува и каде да го однесам или што да направам, веќе ако треба да умре да не се мачи гуглам цело време барам ај да кажеш да е старо ама оно неколку месеци има..
Тогаш џабе е,парализа е му пукнало срцето.пазете нареден пат како затворате врати колку силно зборувате и слично...затоа велат подобро во аквариум да се чува оти стаклото на некој начин ги изолира..!ајде ништо ќе си купиш ново 200 денари се... јас имам едно еве 2 години и 2 месеца е раѓа во 2 месеци еднаш и ми се укочувало така и го масирам масирам но откако набавив врталешка нема проблем.позз не не мислам кога попорасне со коски пример пилешките се меки коски..а и додека е мало може но за игра бидејќи имам читано дека така ќе си ги трла жлебинките т.е непцата но поголема коска оти ако е мала ќе ја голтне...
Погрешно! Никогаш не му давај пилешки коски. Ако сакаш дај му телешка и малецка и голема сеедно, но не пилешка. Пилешките не се меки коски, туку се кршливи, за разлика од другите видови на коски, па може да се случи да му ги распара цревцата, посебно на мало кученце. Многу се остри овие коски. За разлика од другите кои ги глоѓа, ги јаде, ги грицка но си остануваат цели како коски не се кршат. Јас во еден дамнешен пост кажав дека предупредив пријателка ду даваше пилешки коски на пудличето нејзино и ми се изнасмеа кога и кажав да не дава пилешки ми рече дека претходното куче 10тина години живеело и си јадело пилешки. Ама ете пудличето почина од распарани цревца од пилешка коска, имаше неколку месеци само.
дали може на кученцето да му давам топла вода да пие затоашто во двор го чуваме и сега додека е ладно да се стопли со водата.. некои ми викаат дека од топла вода се повраќа ама веќе 2 недели му давам мн топла вода и не повратило..
е баш ти благодарам незнаев....валда истото важи и за коските од риба нели?? а спонуваат некоја храна специјална Ројал канин каква е таа каде можам од скопје да ја снабдам и дали има за мали кучиња специјално,јас искрено не сакам педигре на моево да му земам велат било само реклама а внатре се полни со гом*а!
не сум знајала за тоа,ама мојта е околу 15 см и многу сака да јаде и како да не ја нахранам кога си бара
Абе како топла вода, па дури многу топла? Немој никако, ај ти стој надвор и пиј топла вода, да видиш како е. Никако топла, можеш да му дадеш млака, ама баш млака супа за да се стопли, а вода не ладна скроз, туку на некоја собна температура. За да го стоплиш можеш да му облечеш некој постар џемпер навечер, ама внимавај гениталиите да му се слободни, за да може да обавува нужда. Можеш и во куќарката да му ставиш и некое старо ќебенце или јакна. Доколку живееш на село, можеш на подот на куќарката да му постелеш слама и врз неа прекривка (старо ќебе, јорган, јакна, џемпер... Што имаш тоа). Сламата многу топли, но ако немаш тогаш стави му повеќе прекривки, за да може во куќичката да си се згрее. Исто и попладне или приквечер, проверувај го кученцето дали е суво, ако не е земи со некој пешкир или друг партал пребриши го, и подзасуши го. Исто проверувај ја и куќичката, дали прекривките се суви, ако не се исуши ги наутро а вечерта намести му ги повторно. Деловите кај што се движи исчисти ги од снегот, за да не се мокри, зошто ако му е мокро крзното многуполадно ќе му биде. Мислам дека доколку сите овие работи ги средиш и ги одржаваш нема да му биде толку ладно. И секако деновиве давај му повеќе храна, му треба повеќе енергија за да го понесе студот. Така ќе го стоплиш, а не со топла вода. Може и пролив од топлата вода да добие или стомачето да го боли.
Јас да ви кажам се што имам дома(да не се чудите искрено..)ајде да започнам со куче... -пекинезерче мало -мачор(стар 12 години) -папагали( една ара црвено бела со црно,2 нимфи и една розела) -хрчак(женско моментално во хибернација) -желче(5 годишно) -аквариум со голден фиш чистачи и ајкули(мини) -морско прасе(попај ќерамидесто црна со бела боја како на АЈ ФЕАЛ гоод тоа шо е) -Чинчила(кај баба ми долу е таа не ја ни гледам...) -игуана(зелена ја викам Лепа Брена оти коа сум со неа од среќа пее...) - и тедии зајаче Знам дека ви е чудно како сите такви животни на едно место но сите тие ми живеат во хармонија по некое чудо,мачката не ми ги пика ни рибите ни хрчакот ни ништо,некои ми се во детската како папагалите и игуаната..кај баба ми се зајачето чинчилата хрчакот и мачорот а останатите се горе во дневна...битн осите се во иста куќа. Но да се задржам на папагалите... Црвената ара ми се вика Каја,ја добив од чичко ми во Германија за 10 роденден а сега сум 18.Нимфите се викаат шеки и велма ги имам одкоа сум роден веќе стари се многу и скоро секоја година имаат малечки и розелата е мојата омилена.Нимфите си стојат во кафез голем така летно време се цело време надвор на балконот на зидо заковани и си црцорат.Арата лично јас мислев дека ќе ми биде задоволство да ја чувам но ко кокошка дома да сум внесол.Љубомора у пичку материну не ми дава ни да спијам понекогаш но си јаде ќотек.Розелата ми е омилена,најдисциплинирана но е без една нога арата и ја скина од љубомора шо ја галам... но сега тие двете сега за сега живеат хармонично на таква дрвена даска спијат и цело време се пуштени...прозорот е отворен и тераса и све знае арата да се прошета до надвор онака да полета околу куќа а и се дешавало и да ме следи некад коа одам негде а розелата никогаш не излетала но виси на прозорец и не и се бега... што се однесува до изметот,знаат дека мачкина фаца ги чека ако кишнат на тепих или мебел било каде! Си знаат точно да серат само под даската каде имам поставено заструг со весници...аа и тоа арата и зборува,имитира.Сеа дури и германски зборува слусшам ваљда чула од некој филм и нонстоп повторува ИЧ ЛИБЕ ДИЧ најверојатно сака да каже но криво слушнала и вели АРЧИ ВИБА ЛИЧ! од сите животни омилени ми се розелата игуаната и пекинезерот. сега бидејќи домашните веќе реагираат а и 18 год сум на план сме да ги порасчистиме сите тие(оти на факс уште малце) ќе ги дадам нимфите,морското прасе,чинчилата,желчето и зајачето на другари или на продажба...но пекинезерот игуаната и розелата за жива глава не би ги дал.поздрав
Ветеринарот ми врти некои приказни како морало да се купува специјална храна за кутриња од кај него (мене ме чуди што ја препорачува единствено таа каде што е тој застапник ) бидејќи од другите храни се разболувале кучињата (зборувам за храниве што ги има по маркети). Факт е дека грижата е супер од негова страна, тоа не го занемарувам, меѓутоа некако ова ми нема логика, еден куп кучиња ги хранат со други храни. Дали „држи вода“ муабетов или е целата финта да купуваме од таа храна? Лошото е што е 200 денари кило и истата ја јаде за три дена. Се работи за мало куче од два ипол месеци.
Тоа ти е чист маркетинг...пример и ти да си застапник на тие орифлејм или авон вашите фирми шо ги знам секако ќе гледаш од тебе да купуваат а не од трета фирма зашо имаш процент.Е овде и тој има процент...а 200 денари килограм е многу... имаш во ројал канин специјална храна за мали кучиња(рамстор долу подрум), педигрее за мали кучиња мислам дека 140 е 1 кг...а и слушај сега не му давај специјална храна само....еднаш дневно дај му но гледај сеа додека е мало повеќе на млечна база на попари на ориз гледај и моркови давај му па и пилешко месо нешто што е високо протеинско..а што раса е кученцето та килограм за 3 дена јаде?? да не е шарпланинец...искрено да ти кажам ајде кажете зашто домашните кучиња ни се разболуваат и умираат а се вакциниран инегувани и све,а уличните живеат дури и подолго...мислам не храни го со готова нонстоп давај му чисто онака колку за витамини и за длаката оставај го д апроба и други храни оти така и во трошок ќе бидеш. Имавме случај куче од старост ни умрело порано јас сум бил 6 години живеело 11 години малтезер нон стоп вештачка храна (а нели малтезерот живее до 15)а сега шарпланинците знаеме дека живеат до 12 години ете едното е 13 години нема сеуште пробано вештачка храна само месо јаде па и млеко коски се храни ориз се јаде...
Јас опред 2 мес. си зедов хаска мала е и и купуваме храна за кучиња и ја јаде.Како грицки и се фаќаат, и толку ужива во тоа. Јаде нормално и леб, штосме имале за ручек па ако остане.Ја хранам 3 пати дневно не ии давам слатко но кога и да ме види побеснува...ми скока лиже како со години да не ме видела...па сакам да прашам дали е тоа НОРМАЛНО???? Не ја шетам сеуште, само и давам да се истрчи низ дворот ...еднаш во денот ...некогаш заборавам и многу ми студи да излезам. Него што да правам. Таква сум. МРЗА!
Секако дека е нормално. Те сака, ти си и се и така искажува љубов и радост бидејки те гледа. Додека Цезар беше помал кога ќе се вратев од некаде, тој од радост се мочаше при моето влегување.
Супер е тоа што ја храниш и со други работи освем ос вештачка храна зашо од моја страна а и од страната на многу ветеринари тоа погрешно мислам реален ветеринар тоа не би го рекол а комерцијалист би рекол... само не треба зачинета,лута и блага храна да јаде другото све може.. инаку нормално е тоа за хаска тие се премногу темпераментни кучиња и уште сега научија дека ти си Шефот оти после ќе те надвладеат...инатливи се но се приврзуваат многу спрема сопственикот но не ги слушаат сите негови наредби па ако не ти одговара да те лиже слободно тргни ја т.е донеси и до знаење дека тоа не е пожелно.А ако тебе ти е студено таа ужива во студот верувај така се селекционирани и ако е безопасно во дворот те молам пуштај ја обавезно 3 пати на ден по 1 час да се истрча зашо не се баш за внатрешни кучиња...
^ Хаска е. 350-400 грама дневно треба да јаде, толку излегува. Истото го мислам и јас. Имам другарка која што чува пекинезер кој јаде обична храна од маркет, па супер е кучево. Инаку јаде и сув леб, палента и по малку оривче. Моркови не му давам бидејќи ми е страв да не го смени пигментот. Фала на одговорот. Имам проблем што моево куче гризе многу. Рака ќе ми откине еден ден, а тоа дека се инаети имам приметено, колку и да прави беља, колку и да викам - си тера по негово. Не знам стварно како да се одвикне. Околу мочањето и какањето делумно е средено, само ептен кога не може да додржи мочка пред врата за излегување и тоа ме нервира што не знае да залае и да ми даде знак.
Вајлд морковите се варат заедно со оризот, ги сечкаш на ситни парченца и не се секирај нема да смени пигмент. Може и варена риба со ова да му даваш. Тоа е здраво за него, и нема гајле.
девојки да прашам овде , после колку време е првото парење за кучињата,ме интересира за да си најдам дечко за мојата златна ретриверка,има 8 месеци и морам да знам кога точно почнуваат да се парат?
после 15 месеци најдобро... но ако ти се разгонила сега во 8 месец ќе треба да се пари зашо ако не ја париш сега за 1 месец таа пак ќе овулира барем така ми се има на мене случено!За твоето куче не е ризик оти е златен ретривер сигурно со повеќе од 2-3 ќе забремени,туку проблем е за малите како чувава пекинезер оти првиот пат може да забременат со едно и да неможат да го родат и тогаш ооп беља....! искрено пигментот нема да се смени,но длаката ќе му ја направи по блескава онака по мека и по цврста...а тоа со рибата е на место посебно се препорачува така по мрснечка риба а и друго за длаката да е супер намажи си на дланките маслиново масло и втриј му ја во длаката....! поздрав Твоето куче е пубертетлија сеа...инаку со тоа какањето мочањето тоа за хаските,пекинезерите и некои тврдииии инаетливи породи е тешко да се навикне.....кога го видиш како моча пред врата едноставно ВИкни посилно и тоа ќе ја пресече мочката и веднаш отвори врата и со прстото речи само НАДВОР...ако после тоа пак небива пред врата исчисти добро со некој растворувач како доместос многу ислисти за да мириса и ли со парфем намирисај да не му мирисаа на мочка и ќе сака да излезе...позз