Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    кучето вчера ми имаше пролив. денес цел ден само лежи, нити вода пие, нити јаде, ништо. а вчера беше поприлично весел. што би можело да му е? :worried:
    го чуваме во двор. 3 месеци стар златен ретривер, машко.
     
  2. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Не сакам да те плашам, ама тоа што не јаде и не пие вода, не е добар знак.
    Мој совет - однеси го веднаш на ветеринар!
     
    На Kasha му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tofi-tedy.sweet19

    tofi-tedy.sweet19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    ќе можи ли некој да ми кажи нештп повеќе за чубање рибчиња? Немам предходно искуство.. Зедов 2 "златни" рибчиња и не знам како правилно да се грижам за нив.. ги чувам во стаклена кугла :) фала :)
     
  4. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Каша да не е настинато?
    Допри му го носето, ако му е суво тогаш е настинка, ако не нешто друго му е.
    Иако мене вака ко на настинка ми делува со оглед на сибирскиве температури, а настинката нели често намалува апетит.
    Како и да е, однеси го веднаш на ветеринар, и ќе му дијагностицираат нешто. Доколку е настинато ќе ти кажат кои антибиотици и колку да му дава, тоа според тежина оди затоа најдобро што побрзо однеси го на ветеринар, и ако можеш внеси го внатре, макар и во ходник само преку ноќ. Надвор е многу ладно а кученцето е сеуште младо, прва зима му е, па му требаат по захтевни услови.
    Ако неможеш да го внесеш полни му пластични шишиња со топла вода, силно затвори ги и ставај му ги под покривката во куќичката, менувај ги неколку пати во текот на денот, особено штом почне да се стемнува. Вари му супа, немораш скапа може од оние од 15-20 денари и млака давај му ја приквечер, да се згрее малку. А шишињава како термофор ќе му служат, колку толку потопло ќе му биде.
     
    На Kasha му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Го однесовме вчера. Не му било ништо сериозно. Изгледа гризел нешто тврдо што нашол по двор и ги скршил предните 2 запчиња, и затоа бил таков никаков, нерасположен. Суво му беше носето, му дадоа пола парацетамол и еве го денес нема гајле ко кукурек е. :)
    Инаку преку ден е пуштен во двор, а навечер спие во тоа како летна тераса што ни е, таму не е воопшто ладно.
    Фала ви на советите.
     
    На Lola-M и najubava2010 им се допаѓа ова.
  6. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Нема посебна филозофија ;)
    Ќе им менуваш отстоена вода и секој ден ќе им ставаш јадење :D
     
  7. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Златното правило гласи...На една рипка 2 литри вода минимум за комотно да плива 5 дена! така да пресметај сега значи тие големите топки стаклени што се собираат комотно 3 флаши вода од по литар ипол а може и 5 да соберат но нели мора простор одозгоре да остане и јас ги чувам во такво стаклено,каменчиња одоздола им имам ставено.Водата пред да ја ставиш треба да ја оставиш во шишиња отворени да отстои една вечер на собна температура и тоа хлоро да испари па после тоа да им ја менуваш водата.Е сега јас имам една посебна сина течност која на 10 литри се става 5 мл од неа што ги уништува бактериите хлорот миккроорганизмите и прави рибата да се чувствува како да е во природна средина каде што и припаѓа и многу убаво им влијаее таа течност но многу скапа е.Инаку пред 2 ипол години си купив 2 златни рипки едната ми умре пред 3 месеци едната уште живее но нели златните живеат по 3 години па секој момент ја очекувам недај боже гледам започна да губи рамнотежа во пливањето...а што е до исхраната ако ти е од таа зрнестата храна 5 зрнца за една риба наутро и 5 навечер исто и од таа на листовите.поздрав
     
    На tofi-tedy.sweet19 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Тањирчето со вода ставајте го внатре во куќичката, така ќе го спречите замрзнувањето на водата.

    Серазбира дека храната немора да ја купуваш од кај ветеринарот, ако храната се продава и во пет шопови, тогаш можеш да си ја купуваш и од пет шоп.
    Кажи ми за која храна станува збор ? , за да ти кажам дали е добра таа храна.
    И многу јасно дека ветеринарот ќе ти каже да му купуваш од кај него, тој си гледа да си направи што поголем профит.
    И не е точно тоа дека кучињата се разболуваат од други храни што се продаваат по маркети, најбитно е дали храната е квалитетна и дали има добар состав, а дали ќе ја купиш од ветеринарна станица или маркет, тоа е сосем небитно.
    Значи битен е квалитетот и составот на храната, а не местото од каде што ја купуваш.

    И што раса на куче чуваш ?
    Таа количина што му ја даваш е премногу за два ипол месечно кученце, штом 1 кило го јаде за 3 дена тоа ќе му дојде дневно по околу 350 грама, тоа е премногу за два ипол месечно кученце
     
  9. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    Домашни миленичиња

    Ајде и јас да си прашам нешто...Мојот самојед има 6 години и има течна столица одсекогаш,ми е жал а и ми е срам секогаш е валкан :lol: .Го хранам со храна од тие во конзерва помешана со леб а крекери многу малку сака.Во храната е проблемот? Јас мислам не е до храната имам пробано секако.
     
  10. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Домашни миленичиња

    Девојче без навреда, али ти твојот Самојед го храниш со ѓубре.
    Конзервите се катастрофа, воопшто не се хранливи, составот им е ужасен.
    Конзервите можат да се даваат по 2 - 3 пати во месецот како десерт, али основна храна на кучето да му биде конзервирана, тоа нечини.
    И да, дијареата му е од исхраната.
    Немој да го храниш кучето со ваква неквалитетна храна.
    Би ти препорачала под итно да ја смениш исхраната.
    Можеш да го храниш со квалитетна сува кучешка храна, или со домашно приготвена храна.
    Од домашно приготвена храна смееш да му даваш: Варен ориз со варено пилешко месо или риба, палента, тестенини (макарони, шпагети) сардина или туна од конзерва, павлака, кисело млеко, јогурт, зеленчук, овошје (јаболкото е одлично).
     
    На anuskaNESTLE и no.name6 им се допаѓа ова.
  11. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Нешто ми ја снема опцијата за Редактирање на мислењата, па затоа модераторот нека ми ги спои овие мислења со горниве 2 :)

    Несмееш да го храниш кучето со манџите што ги јадете вие за ручек.
    Сепак човекот и кучето имаат различен организам, и ако на нас луѓето е добра некоја храна, не значи дека и за кучето ќе биде добра.
    Еве конкретно храната што ние луѓето ја јадеме за ручек, за кучешкиот организам ваквата храна воопшто не е погодна бидејќи содржи голема количина на сол и зачини, серазбира за нас луѓето таа количина на сол и зачини е ОК, али за кучешкиот организам тоа е штетно бидејќи куќињата несмеат да внесуваат големи количини на сол и зачини, штетно е за нив.

    Ако веќе му даваш домашна храна, тогаш тоа нека не биде вашата храна што ја јадете за ручек, туку подготвувај му специјално за него во посебен сад со помалку сол.
    И серазбира ако не планираш секој ден да му готвиш, секогаш имаш опција да си земеш квалитетна сува кучешка храна.

    За женско после 1,5 година, за машко може и од 1 година.
     
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Doberman хаска чувам, ама е стока од 9 кила. :D Не е дебело, туку е доста големо и височко. :D
    Храната е или

    Farmina
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
    ^ Ваљда ова последново не е за мачиња, не ми се смејте - не знам, затоа и прашувам. :D

    или

    Earthborn

    [​IMG]

    [​IMG]

    бидејќи од овие 2 типа храни има на книшката, меѓутоа не можам да видам потточно бидејќи е на мерење. Јас мислам дека е од тие на Earthborn бидејќи прашуваше какво да расте (големо и слабо, помало и подебелко и сл. :) ).
     
  13. anastasceto

    anastasceto Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    6
    jas imam ma4ence i sekogas se grizam za nego go kapam cesto mu davam sekogas hrana mnogu sakam milencinja :)
    [mod-kirilica:1os39nrr][/mod-kirilica:1os39nrr]
     
  14. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    Незнам дали одговара ова тука али помагајте.. незнам што да правам.. пред зграда две кучиња газе со газе се залепени неможат да се одлепат , постојано цвилат .. жал ми е да ги гледам
    кажете нешто да превземам.. од што дошло до ова незнам.. дали претходен однос имале .. ама па како би се залепиле задник со задник незнам :/
     
  15. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    ^ леле кутри, се пареле изгледа. Се случува често да се залепат така, ако имаш бројче од некој ветеринар контактирај го, види што ќе ти каже.. :)
     
  16. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    немам за жал..
     
  17. DiPi

    DiPi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    29
    Домашни миленичиња

    дали ако постојано му давам на кученцето од истата храна за кучиња во ред е , или треба да ја менувам, да земам други врсти :) ?
     
  18. DiPi

    DiPi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    29
    мора ли кучињата да се бањаат со специјален шампон за кучиња и дали мора ноктите да им се кратат( пошо во џамбо забележав дека има грицкалки па помислив да не треба да купам хх ) :D ?
     
  19. sreknadevojka

    sreknadevojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    Драги феминки.....ве молам за хелп имам преубаво куче 6 месеца старо, тара значи се јаде .... е сеа има некои ситници шо не ги јаде ама не е ништо страчно...веке 4 дена, пошто ми снема од кучешката храна, и давам шо ке најдам, т.е. шо ке ми остане од ручекот....пробувам да и дадам супа со леб шо и порано јадеше од неа, сеа веке ке проба малце и одбива да јаде....долго време јадеше паштета со леб , дали сеа оти ја сменив врстата на паштета како да сеќава, и од ова не јаде....ке и напрам млекце со лепче јаде ама малце....знаши се шо сум и давала и претходно додека имаше кучешка храна сеа др врсти на храна одбива..... а ако и дадам некоа шунка или виршла за секунда го лапа....
    е сеа моето прашање е ..... дали е инат оти толку време ја хранев се со месо а ретко мешана домашна храна плус кучешка храна па си се навикнала на ваква исхграна, или станува збор за некоја болест не дај боже ? ве молам кој и да има некој совет да ми пише....инаку жива си е по крактер ,, коа се враќам од работа одма скака и се радува....мнг сака да си игра иако слабо јаде оти и мене ме фати инат, недела вака ја оставам да јаде шо ке и дадам, знам дека не е убаво само на месо да биде навикната и на кучешка храна.....а да, еве за на крај еден пример...порано коа ке и дадев шпагети ги јадешше....сабајлево пред да тргам на работа, и стаив полна чинија шпагети ги мирисна, проба да јаде и ги остаи???? незнам шо да кажам за ситуацијава помалце ме плаши....плсссс пишете
     
  20. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    ^ и моето кутре така ми праваше, на ветеринар ми кажаа да и ставам храна во чинивчето и да ја оставам така, можеле 4-5 дена да издржат без храна.
    Три дена не ја погледнуваше храната ама кога виде дека нема друго почна да јаде. Што значи нема простор за паника, стави и храна и оставија ја така. Ете, викаш дека е весела, си игра, скока :)
    Ќе пројаде кога ќе разбере дека на празно пребира и нема да добие ништо друго..