1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Домашни миленичиња

    ^^ Само да додадам - бараат голема хигиена.
    Имам во комшии еден сибирски самојед, ама тие газдите негови го бањаат еднаш годишно, не го чешлаат и жалосно е кога ќе видам како изгледа. Таквите кучиња имаат многу убаво влакно, само треба да се одржува. Паметни се и може да се воспитуваат, а мој совет е да го дресирате додека е мало зошто после потешко стекнува навики.
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Домашни миленичиња

    Jaс чувам веќе година ипол.
    Го земав на месец ипол.
    Го чувам јас надвор зашто сепак он ужива надвор, го чував првите 3 месеци дома а тоа одвај чекаше надвор да оди. Дома на плочки во купатило спиеше и сакаше на тараса. Топло му беше дома. Има проблем само значи во јуни се митари пред да дојдат горештините е тогаш ти не знаеш можеш 10 џемпери да сплетеш :D Така да тој период добро е надвор да го чуваш и мнооогу чешлање.
    Секој ден треба да го чешлаш, на почесток 5 пати да се храни потоа 3 пати, а по 1 година и еднаш во текот на денот. Моето јаде се од готова храна до сарми манџи ма све. Е само салами и свинско не јаде и никако пилешки коски кои се забранети за сите кучиња.
    Иначе е мноооооогу енергично куче, треба по 2-3 километри во ден да се шета. Сака да се игра, цело како играчка е, сите ги сака, со сите сака да се игра, да се гушка, да се мази, да се гали.
    Најголем нивни проблем е тврдоглавоста. Аууууу нема потврдоглави кучиња од самојади и хаски. Како сака така прави, како мало тврдоглаво дете е.
    Иначе лесно се учи за физиолошки потреби. Бањањето е на 2-3 месеци.
    Вакцини се тоа ветеринар ќе ти објасни.
    Не е ич опасно. Со сите се игра, ама и ич не е чувар. Баш имаше на википедија објаснување дека ако дојде крадец самоједот ќе му скокне да се игра :D
    Разгледај се на википедија за самоједите, има супер информации.
    А неколку страни поназад во темава го има и мој Рики :)
     
  3. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    547
    Допаѓања:
    218
    Домашни миленичиња

    треба да јадат често пилешко и риба за влакната да им бидат сјајни треба голема хигиена, чешлање ...ако ги зимате со педигре треба редовно да оди на натпревари и откако ќе добие оцена ќе може да се пари ..исто со педигрето добиваш пасош и здравствена книшка :) ако треба уште некоја информација ќе ја прашам братучетка ми има вакво куче...срцка е :D
     
  4. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Домашни миленичиња

    Зошто пилешки коски не? :^) Моево кутре баш ги обожава, прв пат слушам дека не смеат да јадат. :?:
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Домашни миленичиња

    Пилешките коски се празни внатре за разлика од другите коски кои се полни.
    Може да го изеде целото и потоа од острината да му се исечат цревата и да почине од крварење.
    Ние никогаш не му даваме коски пилешки.
    На сестра ми другарка чуваше малтешка пудла и таа многу сакала коски пилешки и после сите наши кажувања да не и даваат тие не престанаа.
    Почина пред 3 недели.
    Од пилешки коски и исечени црева и внатрешни крварења.
    Ако не веруваш консултирај се со ветеринар.

    Иначе со педигре не добиваш пасош и книшка. Пасош се вади со друга постапка која е прилично комплицирана со испитувања на крв ова она. А книшка се вади и во ветеринарна станица. Ако е веќе вакцинирано ќе ти го дадат со книшка, ако не е си земеш со првото вакцинирање.

    И да треба риба да јадат и стекчиња. :)
     
    На Agata Diamond и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.199
    Допаѓања:
    56.761
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    Росоњерка зошто кучињата не смеат да јадат пилешки коски? Мислам дека дечко ми и’ дава на неговата... Можеш ли подетално да ми објасниш што би можело да се случи?
    Едит - си ме претркала, прочитав над мене - фала многу.
     
  7. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Домашни миленичиња

    ^^ :o :o Леле ме испоплаши! Јас чувам пекинејзерче, веќе три ипол години. Му купуваме и храна за кучиња во конзерва, ама сака и пилешко. Кај нас на пазарче има едни пилешки батаци што луѓе ги јадат, ама ние на неа и ги купуваме. Ги вариме па после сецканото пилешко месо и го даваме. Многу го сака! Откако ќе го изеде месото, и ги даваме коските, ама ете не сум знаела дека може да ги расече цревата. Од сега само месото ќе и го давам, коски никако!
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Домашни миленичиња

    И ние само пилешко месо му даваме му купуваме стекче.
    Него нас ни кажаа за коски пилешки двајца ветеринари.
    Ама од пред 3 недели ова што се случи со пудлава и на ветеринар ја однесоа не можеа да го сопрат крварењето и рекоа од пилешки коски дека е така да никако такви коски.
    Свинските се мрсни а не треба премногу мрсно да јадат, ама пак може некад да им се дава.
    А јагнешки и јарешки најдобри де. Ќе ги сака и тие уште повеќе. Moeто кога јаде таква коска не не рецка нас ги обожава :)
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.199
    Допаѓања:
    56.761
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    А дали ова со пилешките коски важи и за мачките? Или штом немаат гајле од риби, можат да се справат и со нив?
     
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    За мачките не се проблем ниту пилешките ниту рибните коски ;)


    Туку , јас да ве прашам одн.замолам, ако налетате на некој оглас, или познавате некој , кој продава или подарува персиски мачиња, да ми пишете пораче :wasntme:
    Излудена сум од што сакам. Би ме спасиле стварно....
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Домашни миленичиња

    Starfish баш вчера налетав на линков http://www.facebook.com/pages/PREKRASNI ... 6237604056
    Го разгледував иако не сум многу по мачките, ама има убави мачиња. Персиски не знам дали има, ама разгледај :)
     
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.
  12. rozalija

    rozalija Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    Домашни миленичиња

    Ви благодарам на одговорот, имаме предигре, пасош, здравствена книшка, сега треба уште чип да ставиме и слободно можеме да шетаме надвор од Мк :)
     
  13. rozalija

    rozalija Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    Домашни миленичиња

    Blagodaram na odgovorot :)
    Kutreto od vcera e del od naseto semejstvo(uste edno detence) so pedigre,pasos zdravstvena kniska :D
    Kutreto ima 52 dena(bebusko) epten e drustveno saka da si igra,da se gali,sakavme da spie vo hodnikot no nemase sansi postojano cimolese sakase vo soba,taka da padnavme na negovata milost i sega si zivee vo dnevnata soba :) Samo neznam do koga ke se naviknuvame za mestata okolu fizioloskite potrebi,koga na plockite doma koga nadvor no poleka uci,vednas po jadenjeto odime nadvor :)
    Go hranime so suva kuceska hrana,a za banjanje mi rekoa deka se uste e malo,i pocnavme so cetkanje.
    Ne znam koga da pocnam so davanje na pilesko i riba mislam deka se uste e malo
    Sega ni ostana uste da mu stavime cip i mozeme da setame :rofl:
    [mod-kirilica:107dledi][/mod-kirilica:107dledi]
     
  14. simonamirceska

    simonamirceska Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Домашни миленичиња

    Многу ја сакам оваа раса (МАЛТЕЗЕР). па ке ве молам да ми помогнете да си најдам мало прекрасно меченцеееее ве молам пишете доколку имате за продавање. Денес пропуштив голема шанса да добијам на подарок такво кученце и ми е навистина многу криво во Прилеп се подаруваа 4 но не успеав да се јавм побрзоооо :( не е фер стварно. САКАМ МАЛТЕЗЕРЧЕ ДО КРАЈОВ НА НЕДЕЛАВА МОЖАМ ДО СИТЕ ГРАДОВИ ДА ДОЈДАМ И ДА ГО ЗЕМАМ ТОА Е НАЈМАЛ ПРОБЛЕМ. ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ :) :)
     
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Домашни миленичиња

    Сигурно има пасош? Да не е само педигре и книшка?
    Зашто прашувавме од љубопитност за процедурата и знам дека е долга и комплицирана.
    Ме чуди што толку малецко да има пасош. Зар има анализа на крвта која е испратена во странство?

    "За да се патува со куче во некоја од земјите на Европската унија, мора да се поминат бројни пропишани стандарди и процедури. Притоа, од 120 до 150 евра чини анализата на крвта на животното што треба да го потврди стекнатиот имунитет против беснило. Оваа анализа треба да се направи во некоја од лабораториите во Љубљана, Нови Сад или во Атина, бидејќи Македонија нема таква лабораторија. Групното испраќање на крвта чини помалку, додека поединечно сите трошоци паѓаат на товар на еден сопственик. Кога патува некаде, кучето мора да има чип со сите лични податоци за него, а сопствениците мора да издвојат 1.000 денари за тоа. Задолжителен е и формулар што чини 600 денари, додека 500 денари чини вакцинирањето против беснило. Многу поскапо чини сертификатот за влегувањето во некоја од земјите на ЕУ, кои инсистираат на тоа особено ако станува збор за етизиолошки несигурни земји. "

    E сега оно е мало за вакцина против беснило ама се проверуваат другите вакцини.

    А и еден совет немој да му ставаш вакцина за беснило, почекај може и до година ипол.
    Си видела ниски малецки самојади? Причината е вакцината за беснило, со неа престанува растот на кучето. А многу ја ставаат на 6 месеци. Така да и онака нема беснило во Македонија немој да ја ставаш НИКАКО пред 1 година, а потоа секако дека треба да се става на 1 година за превенција. Остави го самојатчето да порасне да се оформи, па потоа вакцината а дотогаш нека си ги прими останатите вакцини има 2-3 така нешто ;)
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Домашни миленичиња

    Росоњерка мене ми имаат кажано дека само GPRS уред треба да му се стави на миленичето и можеш да го носиш во странство, секако со потребната документација, ама првпат слушам за ова со крвните анализи :sweat: од каде ти е оваа инфромација? Заинтересирана сум :)
     
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Домашни миленичиња

    Па GPRS му ставаат откако ќе се направат анализите без нив нема чип.
    Иначе текстот е копиран од интернет.
    Али и ветеринарот ни кажа треба анализа на крв да се направи.
    Иако претпоставувам и дека пасошот не е вечен, зашто кучето треба да има редовна вакцинација сигурно се повторува постапката на неколку години, за тоа не сум запознаена aли моја логика. :D
    Иначе распрашај се во ветеринарна станица, сигурно знаат.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Домашни миленичиња

    Вака јас пред две години си го носев кучето на море со мене. Вадењето пасош ме чинеше околу 50е(ама не се сеќавам точно бидејќи моите платија). Анализа на крвта не ми ни спомна ветеринарот, туку му стави чип, нормално документ дека ги има сите вакцини и толку. Многу брзо го извадив јас пасошот и никакви анализи на крв немаше. На ниту една граница не ми побараа документи за кучето :) така да џабе беше пасошот, а и ветеринарот ми кажа дека не бараат ама јас за секој случај му извадив. Ако сакате да ви дадам број од ветеринарот па тој да ви каже каква е процедурата сега и колку чини.

    Поправка сеа ми кажа татко ми чинело 1500-2000денари
     
  19. rozalija

    rozalija Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    Навистина ме збуни со ова околу проверување крв, никој не ми спомна такво нешто, знам дека може да се носи надвор од државата доколку има чип.
    Се јавив прашав во ветеринарна ординација ми рекоа дека може да се стаи чип и чини 1.000 денари.
    Сепак ти благодарам за одговорот и доколку имаш уште некоја информација пиши.
    Ова ми е прв пат да се занимавам со вакви работи, книшки, пасоши животни (но секогаш има прв пат) затоа сите информации ми се добредојдени.


    Сигурно има пасош? Да не е само педигре и книшка?(?!)
    Ајдеее еден куп правила.
    Како и да е според нашите планови за летен одмор кутрето ќе има едвај 6 месеци така да според твојата претпоствака се уште ќе ја нема примено вакцината против беснило и кутрето ќе си остане дома ( ќе морам да барам некој да го чува)
    Ќе морама да поразговарам со ветеринар за детално да ми објасни се
    А на ветеринарното здравствена книшка пишува на англиски PET PASSPORT FOR DОGS AND CATS - ова не е пасош ?
     
  20. Dora25Mora

    Dora25Mora Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Домашни миленичиња

    чекајте јас да ве прашам нешто,има ли нешто да се вградува во телото на миленикот и во случај да се изгуби со тоа да мозе да се лоцира? чипот за тоа ли е или???