Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. sreknadevojka

    sreknadevojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    ооооо ми олесна ...флаа многу...ако има некој др да додае пишете ...фала
     
  2. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Ептен сакам животни и сакам да чувам хаски ама моите дома ми кажаа дека на нив им треба многу грижа, за која јас сама не сум способна, со училишните и вонучилишните обврски. Сакав да ве прашам: може ли кучето да издржи одреден временски период додека мене ме нема? Се би дала да чувам хаски, али живеам во стан и не сум способна постојано да бидам со него или пак да му обезбедам огромен простор дома. Би го шетала за викендите и кога ќе сум слободна, но тато ми вика дека тоа не е доволно. Стварно е така или ме лажат за да не ги замарам? :^)
     
  3. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Сега го купив кучето, пред 2 саати го донесовме дома, но бев информирана од сопственикот дека 1 недела не смее да се капи. Последната вакцина ја примило на 07.02. Дали можам да го истријам со обична бебшка пудра, додека да набавам сув шампон или евентуално да го искапам?
     
  4. HappilyLoved

    HappilyLoved Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    17
    Не не, никако бањање. Почекај 1 недела, не се брзај, после некое време ќе ти се смачи од капење :D Иначе за со бебешка пудра можеш да му ставиш иако би ти препорачала да си почекаш, а да го намокриш никако. Недела дена нема ништо да ти смени :D и купи шампон за кучиња и да не мириса, одбегнувај обични шампони ко за нас :)
    Куче ко куче, дали е хаски, пикинезер или вучјак, ќе си најде занимација дур те нема тебе :) нема везе тоа, единствено за нив треба да знаеш дека несмеат да се остават сами со мали деца, бидејки напаѓаат се што е помало од нив.
    Хаха и мојана правеше така, мало кога беше ај слатко е, ај греота е, бутни виршлата у уста и се навикна само на месо, не сакаше готова храна да види. Остави и во чинијата и остави ја, ќе видиш ќе ја изеде. А не е никаква болест, само знае што сака :)

    Да не чува некој игуана ? Јас имам, сакам да ја однесам на ветеринар ама кога се јавував да прашам дали вршат прегледи, одговорот им беше: „Па... Да, вршиме, зашто да не...“. Не им верувам многу на медицинарите општо и ми треба препорака од некој ветеринар што навистина се разбира.
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    ^ напаѓањето е поврзано со воспитувањето, може да е огромен булдог ил доберман ил мастиф ил дога ако е одлично дресирано напротив нема да нападне туку ќе биде внимателен. Но сепак куче си е куче 100% не треба да се има доверба, но сепак не напаѓаат помали од нив, чисти дезинформации.

    А што се однесува до бањање на малото кученце, ќе кажам нема потреба, нека попорасне 2-3 месеци па да се бања. Кучињата се бањаат на 2-3 месеци, сега зависи и какво е кучето во какви услови се чува но не се бањаат редовно како луѓето. Така да посебно кога прима вакцини тој период е нагласено да се избегнува бањањето. Пудрите се добри но малецко е кученцето оставете го тоа ни мириса ни е нечисто, до 3 месеци не го чепкајте па и 4 нека се и онака тогаш ќе затопли таман. За тоа време ќе му ги чистиш ножињата кога ќе го внесуваш дома и чешлање, пудри има за суви бањања но кажувам мало е кучето не е потребно.

    А куче ко куче си е голема обврска, ма не голема него огромна. Така да не кога ти имаш слободно време да го шеташ туку секојдневно по 2 пати најмалку. Кучето сака да кака да мочка треба да се изнесува, треба да се храни, треба да се игра со него. Огромна обврска е, јас пред да чувам куче не ни замислував дека е толкава обврска. Но е и уште поголемо задоволство ;)
     
    На Lola-M му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Фала многу. :)
     
  7. ana.ubavkata

    ana.ubavkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    59
    Јас имам мачка,поточно мачор,машко е ;) И си го сакам премногууу.А,за бњање НЕ.никогаш не сум го бањала,затоа што мачките всушност сами се бањаат со лижењето,а сум слушнала и дека ако мачките се бањаат,можат да добијат воспаление на белите дробови или така нешто :!: Како и да,е,си го сакам најмногуууу и секогаш кога ќе ми треба разговор,а немам со кој да зборам,си го земам во скут и му зборам(не ми се смејте ве молам :$ ) :lol:
     
  8. HappilyLoved

    HappilyLoved Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    17
    И тоа е точно, ама секое куче си има свое однесување. Неможеш да споредуваш лабрадор и пекинезер. За тоа дека напаѓаат имам слушнато од повеќе луѓе што чуваат хаски, а и кај мене има една жена ми го потврди тоа.
     
  9. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    што не е во ред со игуаната? јас имам игуана.а ветеринарите секако дека не би се занимавале со игуани и такви работи како што не се занимаваат со хрчаци,морски прасиња итн...поздрав!
     
  10. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Папагалчето мое веројатно има некоја инфекција на окцето (левото) и од чешкање нон стоп и испопаѓаа сите перддуви тамо, премногу болно изгледа местото и цело време цивка. Не сакам да ја изнесам на ветеринар да ја носам по ладново, дали знаете од прилика што витамини да и купам, против митарење или какви? ве молам, ве молам, ве молам, пишете ми или тука или во лп. ако нечив родител е ветеринар добро би ми дошол совет. да се потстопли малку и ке ја носам на ветеринар, но што до тогаш?? :worried: :worried: :worried: :worried: :worried:
     
  11. HappilyLoved

    HappilyLoved Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    17
    Уфф... Ние на канаринецот кога ни беше болен 1/4 антибиотик му дробевме и му стававме во водата, ама за инфекцијава... Стави го во кутија и кутијата замотај ја со кебенце и на ветеринар однеси го што побрзо...

    Иначе за игуаната, абе подбрадокот на едно место почна да и потемнува и и се направи како полуелипса и и беше меко како да има нешто внатре и црно. После некое време и се стврдна и дали од чешање или што и падна и сега има дупка таму. Исто и едното нокте на ногата и падна, опашот 3 пати и се искрши, ко у војна да била ми е... А ја чуваме у голем терариум и у последно време нешто здивена е дали од светлото дека има рефлексија на стаклото и се чука цело време го напаѓа...
     
    На Peperutka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    ми се пораѓа хрчакот лелелеееееееее
     
    На LittleFairy и Alanna им се допаѓа ова.
  13. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    алал нека е....колку мали?? да направиш мекици! поздрав
     
  14. dalika1

    dalika1 Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    7
    Може ли некој да ми каже на која воздраст е првото парење кај мачките и колку верме "се бремени"? :D
     
  15. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Првото парење е од 8-10 месеци,а бремени се од 60 до 65 денови! поздрав
     
  16. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Ќе може ли некој да ми казе кога прв пат добиваат кучињата?
    Моето има 5 ипол месеци и чудносе однесува :D
     
  17. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    не е можно,после 8 месеци па и 9 може да добие,на 5 ипол НИ ПОД РАЗНИ ПРИЧИНИ не би добило.А и кога добие,ќе има крв на вагината па така ќе познаеш а тоа неможе да остане незабалежано.поздрав!
     
  18. DiPi

    DiPi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    29

    аууу а какво крварење ке има, малку или мн ? јас за ова прв пат слушам за тоа сум малку збунета :D
     
  19. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Погрешно. Кучињата може најрано да „добијат“ на 6 месеци, така да може да е тоа чим твоето има веќе 5 ипол, но и не мора да значи. Еден од показателите е и тоа променето однесување, ама поверодостојни ти се знаците на телото. На пример види дали и е малце зголемна вагината т.е. вулвата (надворешниот дел), градите исто така може да се зголемат, зголемен апетит. Во секој случај и да добие е многу мала за парење, почекајте барем најмалце до година ако планирате да ја парите, а ако планирате да ја стерилизирате пожелно е баш сега пред првиот циклус.
    П.С. заборавив може исто така и почесто да мочка :)

    Крварењето во секој случај е видливо и кучката остава траги, затоа и има гаќички за кучиња или па некои помали гаќички на сопственикот :D за да не исфлека насекаде. И крварат околу 3 недели најмногу, над тоа веќе нешто не е во ред.
     
  20. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Фала ти за исцрпниот одговор, значи има зголемен апетит и често мокрење, промена во однесувањето, но видливи ,,траги,, нема.