Дури и да ти се разгони на 6 месечна возраст што многу ретко се случува,не би требало да ја париш.Таа на 6 месеци сеуште расте а недај боже да остане трудна мислам толкава може да си остане растот да и стагнира.А и крвта нема што да те плаши,крвари само првите 2-3 дена и после тие денови веќе може да се пари,а за време на нив не би се парела.Сепак јас предлагам после 8 месеци најрано да се пари.Поздрав!
малите при првото броење беа 11 на второто 12 едно врз друго се многу се може и повеќе од 12 да се кога ке знам конечно не ви кажам многу сум среќна и многу ги сакам цело време сум над нив само ја ранам мајка му, а на машкото на секој 5 мин ејј мајстор си бе
хаха супер,е сега би требало да фрлиш неколку знам дека звучи грубо или дај ги на мачката зашто 12 се и ќе почнат да ти умираат кое од кое послабо и секако ќе зоастанат во растот.истото се случува и со зајаците,јас никогаш не им дозволувам да имаат повеќе од 7 малечки,,,така да ако се 12 подобро би било 4 да отстраниш за другите да има повеќе млеко па и мајката нема да се мачи,заши една хрчачица има 8 дојки.поздрав
Не не , никако не ја парам сега, знам дека е мала, а и кога ќе и дојде време за парење ќе треба да одам накај Италија за да ја спарам, пошто во Македонија е само мајка и, а Србија и Хрватска и се роднини. Така да знам ддека треба да ја пазам намногу на цел свет
а шо раса ти е кучката?? лелеее дури до италија,е ова стварно е педигре! ...јок јок 3 недели не крварат туку 3 дена крварат и после тоа дозволуваат на мажјакот да ги спари!
Значи помош итно ми треба! Кученцето мое мило има година ипол и е збеснато за парење. Машко, златен ретривер, квичи завива лае, недела дена... Неможам да најдам кучка да го спарам, ако знаете некој што има женка ретривер и сакаат да ја спарат, пишете ми ЛП, ве молам!
Lagotto Romagnolo многу ретка раса, да со педигре е, и во него ги пишува нејзините претци и од мајчина и од таткова страна, наназад со 6 генерации. Мајка татко, мајка и татко на мајката, мајка и татко на таткото ......и така шест генерации
Домашни миленичиња Во ред е, да, Eukanuba ти е најубава и најдобра храна. Но можеш да му даваш и овошје и зеленчук за + природни витамини
Домашни миленичиња Можеш да ја најдеш во речиси сите продавници за миленичиња или ветеринарни амбуланти. Само внимавај, тебе ти треба Eukanuba Junior, претпоставувам...Тоа е храна приспособена за кучиња во развој.Како и да е, кажи за колкаво куче се работи, тие ќе те упатат. Колку што се сеќавам има Eukanuba Junior со пилешко и со риба...Па, можеш да му менуваш.
Домашни миленичиња Девојки моето кученце нешто не е во ред, до пред саат време беше весело и трчкаше, седнав јас да јадам и му дадов малку вршла но му имам давано и порано, само што сега одеднаш почна да се чеша и квичка го зедов да видам што му е и окцето му беше потечено и црвено, еве сега го држам и спие ама се тресе целото.Што може да му е или што да му дадам, сама сум дома и стварно поима немам што да му правам, татко ми рече ќе го побарал ветеринарот да го праша ама уште го нема.Инаку старо е 2 месеци и уште не е вакцинирано, пошто нели требало да наполни 3 месеци за да го вакцинираме, инаку го чувам дома и прееска брат ми само малку го изнел надвор да го прошета.Да не се разболело нешто или да не му стана нешто од јадењето?
Пред 1 час сестра ми без мое присуство го искапи кучево, Златен ретривер, ама со шампон за луѓе. Мириса неубаво, а во моментов се е затворено и не сум во можност да купам шампон за кучиња. Го прелив со пудра, за кучиња што е, но пак не мириса баш убаво. Природно е ли е ова? Една недела има од кога го купив кучево, ова му е прво капење.
Куче како куче не може да мириса на цвеќе нели Си го имаат тие оној кучешки мирис, ама навистина не и требало на сестра ти да го бања и тоа со шампон за луѓе Сега ништо, ќе го бањаш еднаш месечно, после ситуацијата, али не се секирај нема да му биде ништо лошо од тој шампон...
Ако се бања со шампон за луѓе,тогаш најдобро со косили,али не е пожелно.Инаку не мирисаат туку смрдат кога се избањаат,полоша миризба здравје!
Се надевам дека нема да имаш The.Complicated проблеми заради шампонот иако може да се појави опаѓање на крзното. Може и многу полошо да се исфрли кожата. Зависи колку е јак шампонот и како ќе го прифати кожата. Може ништо да не се случи, а може сешто. Види како ќе му биде влакното на кучето, ако приметиш опаѓање, црвенило, бубулички одма на ветеринар. Познаничка моја со парфем ја имаше шприцнато пудлата па до толку се искомплицира да третмани, инекции, целосно стрижење на влакната, секојдневно мачкање и нега. Животните нималку не се исти со луѓето, затоа не треба никако шампони, сапуни, парфеми ништо од луѓето да се употребува. А бањањето не е како кај луѓето. Јас прв пат на 4 месеци го избањав кучето. Нема ни потреба еднаш месечно. Може и на 2-3 месеци, зависи како и каде се чува миленикот. Инаку по бањање мирисаат гадничко, нивната кожа испушта ни ја не знам точно што но мирисаат грдо ден два. Освен ако ги однесете на фризерај, е тогаш стварно не знам што козметика користат но ем убаво мирисаат, ем мекани абре мерак. Ама за 1000 денари па и мора да се совршени.
Си земав кученце има 3 месеци ,не е расно Го земав вчера и го ставив да спие во подрумот му оставив вода петходно го наранив ама незнам што му стана сабајле во 4 саатот почна да квиче а вчера цел ден си игравме ништо не му беше и денес цел ден квичело и сега ми спие во рациии и кога ке го оставам само пак ке почне да квиче .... ако може некој да ми каже со што да го хранам и како да го навикнам да не квиче кога ке биде само
Мора да квиче,и кога квиче не оди да го тешиш! тоа ќе се случува секако 3-4 ноќи додека да се навикне.Ако сакаш да ти биде здраво и повеќе да живее храни го со специјална хрнаа за кучиња и плус ориз компир месо такви работи...и јас имав во дворот такво куче мешавина беше чисто онака дворско и го хранев со осатоци од ручек вечера зашо не го чував внатре и не ми се трошеа пари за кучешка храна.А секако дека ако би било расно со педигре мора со кучешка.поздрав!